Ај и јас да искажам впечатоци. На журката си поминав супер, не беше нешто најдобро и "вау" ама според организацијата и групите таман испадна. Малку ја преценија оваа Соник, искрено очекував повеќе од неа, на сцена делуваше како траките да и беа пуштени плејбек, а таа као демек нешто миксаше. Освен трите хита кои и тие не ги направи како шо треба, останатиот дел од траките и беа под просечни. Имам пофалби до BAILDSA, грците направија многу добра атмосфера, САРС ги фатив на половина ама и они беа на висина на задачата. Исто и после тоа од антена 5 екипата направи убава журка со неколку од нивните препознатливи траки и добри миксови.
И друго нешто, дај престанете да серете вие на кои ви пречи прскањето со пиво или вода. Најпосле одите на журка а не во ресторан... Голема работа, некој ве испрскал 3 капки, тоа е секаде така и не сме ние ништо позаостанати од другите. Поарно тоа отколку концерт на кој публиката едвај мрда, те болат нозе и едвај чекаш да си одиш а се правиш како да е многу јако.