Уште еден бисер на градоначалникот на Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата Рудници и
  • Време на започнување Време на започнување

Ефектот од реализацијата :

  • Зголемување на бројот на туристи за 40%

    Гласови: 2 7,7%
  • Чекор поблиску до елитен туризам и гости од Катар

    Гласови: 3 11,5%
  • Поголем број на кружни текови во форма на круг

    Гласови: 6 23,1%
  • Помал број на пешачки премини и семафори

    Гласови: 2 7,7%
  • Добра основа за фонтани во кружните текови

    Гласови: 4 15,4%
  • Повисока категоризација на хотелското и приватно сместување

    Гласови: 0 0,0%
  • Повеќе пари 'во општината'

    Гласови: 2 7,7%
  • Можност за финансирање нови лекови за генијалците во Општина Охрид

    Гласови: 7 26,9%

  • Вкупно гласачи
    26
Ти да видиш чудна работа, така е во цела Македонија, ги гледаш метларите како чистат улици и пак не е чисто, а во Европа никаде не можеш да видеш метлар а се е чисто.
Исто и со Ацо, он си мисле сред сезона ќе гледаат туристи како се прави кружен тек, демек се инвестирало, ама откако ќе го направат пак ќе биде гужва гарантирано.

Ги гледам циганите по улицава моја само ја туркаат корпата и си прават муабет, едиствено она возилцено малецко со четки што чисти од сабалје тро од тро (другото си го собираме/метиме ние до кај шо си е наше), ако си бил некогаш надвор од Македонија во Европа (не вклучувај ги екскурзии тоа не се важит;)) значит не рачунај го 90% Балкански Полуостров тогаш ке ти е јасно зошто не си видел метлари и се е чисто. Како и да е ова е проста раја така да ништо чудно да му поверуваат дека демек се инвестирало и да се согласувам и да ги има пак ке се гужваат тука кај нас во државичево не постои сообракања култура.
 
кружен тек наместо раскрсници со семафори се идеално решение не само за во охрид туку за секоја улица во македонијава каде што фрекфентноста на сообраќајот е голема! пример - зашто не би се направел кружен тек на битпазар кај уставниот суд т.е кај мавровка? идеално решение - подобро здравје.. да не забегувам.. - сепак за кружниот тек добра идеа ама изградба СЕГА ? У ЛЕТО ? кога ке почнат туристи да доаѓаат па наместо да се растерети сообраќајот ке настане уште толкав хаос!

Абе види, не е само да ги наредиш и готово.Кај Охридска Банка, на пример немат доволно место за КТ, сите објекти се премногу блиску до улицата.Охридска Банка од двете страни, уште една зграда и трговски објекти (Промес или бивши Импулс).На нецели 200 метри од него уште еден кружен тек :facepalm:, исто со премногу залепени објекти.
Охридска.png

Види сега наводно постоел проект за изградба на автобуска станица, но на местоно каде што е лоцирана моментално автобускана земјиштено беше под и уште е под државна капа, шо значит дека Сектор за урбанизам при Општина Охрид треба да достави документација/програма/итн итн... до Министерство за Транспорт и Врски па тие да му го отстапат или да му го вратат на Општина Охрид, шо значит ако го вратат во сопственост на Општина Охрид овие ке распишат тендер па ке бараат инвеститор курци палци .... Така да мое мислење автобускана ке си останит онака ко шо е на поголем период.


Епа стандард работа кај нас, место прво скокни па речи оп, тие обратно.Се испофалија станица со трговски огромен во неа, ова, она, новата уште не ја изградија, а старата веќе згради после 6 месеци имаше.Али зградите се битни, не дали патници ко ќе дојдат за прв пат мислат дека стигнале во Ougadugu, Burkina Faso.Светски туризам (y)
Прво требаа да си средат со земјиштето па тек после да префрлат, ама џабе муабет.
 
Абе види, не е само да ги наредиш и готово.Кај Охридска Банка, на пример немат доволно место за КТ, сите објекти се премногу блиску до улицата.Охридска Банка од двете страни, уште една зграда и трговски објекти (Промес или бивши Импулс).На нецели 200 метри од него уште еден кружен тек :facepalm:, исто со премногу залепени објекти.
Прегледај го приврзокот 43309

Епа стандард работа кај нас, место прво скокни па речи оп, тие обратно.Се испофалија станица со трговски огромен во неа, ова, она, новата уште не ја изградија, а старата веќе згради после 6 месеци имаше.Али зградите се битни, не дали патници ко ќе дојдат за прв пат мислат дека стигнале во Ougadugu, Burkina Faso.Светски туризам (y)
Прво требаа да си средат со земјиштето па тек после да префрлат, ама џабе муабет.
(1) КТ : ТУРИСТИЧКА/ АБАС ЕМИН
abas_emin_vs_turisticka.png
1. Новиот објект (ГП Ремис)
1645.jpg
1439-1.jpg
2.Куќата спроти новиот објект (Римес)
1432.jpg
3.
Хотел Монтенегрин
1120.jpg
4.Просторот спроти Монтенегрин
0941.jpg
Не гледам баш место за кружен тек :facepalm:

(2) КТ : ТУРИСТИЧКА / МАКЕДОНСКИ ПРОСВЕТИТЕЛИ

ob2.jpg
Просторот кај Охридска
kruz.JPG
kruz%20%282%29.JPG

Спроти
kruz%20%281%29.JPG

И овде не гледам простор за КТ.


Од друга страна имаме многу поголем проблем
Фото: Летото уште не почнато, паркингот проблем
icon_at_textsize.gif
Навика или проблем? Се почесто може да се забележат паркирани автомобили на тротоари или други јавни површини, каде тоа е забрането. Возачите се правдаат дека нема кај да паркираат поради што се приморани да се снаоѓаат.

parking-2.jpg
parking1.jpg
Во Охрид има околу 30000 возила, а во шпицот на туристичката сезона се проценува дека влегуваат уште толку, па борбата за паркинг е уште пожестока. Проблемот се ублажува со воведување летен режим на сообраќај, а изградбата на најавените катни гаражи се уште е заглавена во бирократски процедури.
OhridNews
20.05.2012 09:00
Прочитана е : 742 пати

© 2012 Ohridnews.com
 
Од друга страна имаме многу поголем проблем
Фото: Летото уште не почнато, паркингот проблем
icon_at_textsize.gif
Навика или проблем? Се почесто може да се забележат паркирани автомобили на тротоари или други јавни површини, каде тоа е забрането. Возачите се правдаат дека нема кај да паркираат поради што се приморани да се снаоѓаат.

parking-2.jpg
parking1.jpg
Во Охрид има околу 30000 возила, а во шпицот на туристичката сезона се проценува дека влегуваат уште толку, па борбата за паркинг е уште пожестока. Проблемот се ублажува со воведување летен режим на сообраќај, а изградбата на најавените катни гаражи се уште е заглавена во бирократски процедури.
OhridNews
20.05.2012 09:00
Прочитана е : 742 пати

© 2012 Ohridnews.com
Па добро,не му фалат на Охрид едно 5-6 катни гаражи. :icon_lol:
 
Ти да видиш чудна работа, така е во цела Македонија, ги гледаш метларите како чистат улици и пак не е чисто, а во Европа никаде не можеш да видеш метлар а се е чисто.
Исто и со Ацо, он си мисле сред сезона ќе гледаат туристи како се прави кружен тек, демек се инвестирало, ама откако ќе го направат пак ќе биде гужва гарантирано.

Not sure if sarcasm or....
Јас бев помала ко се проширвеше патон за накај плажине, на сред лето беше памтам, и памтам во какви колони чекавме и за на одење и за на враќање. Не вервам дека некој кој дошол на одмор, значи дошол да се релаксират, е расположен да си ги трошит нервите на Аце и неговата брилијантна идеја секој поголем градежен зафат да се почвит налето.
Пример, пред две години бевме Албанија на одмор. Се гледаше дека е уште несредено, се градеше, прашини гужви....на крај ко завршивме со одморот заклучокот ни беше дека ако некогаш пак се одлучиме да одиме на одмор таму, ќе биде за 5-10 години, кога целиот тој процес на градење ќе е готов и ќе мојме да го користиме одморот actually лежејќи на плажа, а не чекајќи во колони по еден или два сати.
 
Вчера почнаа со градба на Туристичка/АСНОМ, кај стара Охридија.Шикалов е на ТВМ, мислам дека и самиот не е свесен шо зборвит.Најаввит застои на сообраќајот по Туристичка за летово и пренасочвење :eek:
P6060098.jpg
P6060085.jpg
P6060093.jpg

Сите шо имале возачки имале доволно сообраќајни познавања, самата возачка била гаранција за сообраќајна култура :pos:
 
Сите шо имале возачки имале доволно сообраќајни познавања, самата возачка била гаранција за сообраќајна култура :pos:
Во право е самата возачка дозвола е гаранција за сообраќајна култура, само не се доискажал дали е ниска или висока
 
План:
Вчера почнаа со градба на Туристичка/АСНОМ, кај стара Охридија.Шикалов е на ТВМ, мислам дека и самиот не е свесен шо зборвит.Најаввит застои на сообраќајот по Туристичка за летово и пренасочвење :eek:
P6060098.jpg

РЕАЛНОСТ:

Со кој ум овие стеснувања еееееј!?!?Аце коњу еден ретардиран да напрајш сообраќајка на кружниов заедно со пријателон од сообраќај!
KATASTROFA.png


Кружните на другите места се различни од кружен тек на Туристичка.Не мојш да споредвиш Момчило Јорданоски со Туристичка, особено не во летен период.
Друго, кај се видело два кружни тека на 100 метри раздалеченост (Охридска Банка - Туристичка и Македонски Просветители и Абас Емин/Туристичка?!).
Мислам дека е тотална утка (се надевам во иднина ако воопшто ги изградат, во тогашен момент спрема оваа изјава ќе сум грешка, ама тешко).

Нели кај Автобуска е побитно кружен тек кај Макпетрол бензинскана?Изгледа многу среќни се луѓево досега шо не се десило поголема фрка.
Од друга страна, ко ќе видиш и дека никој не поштоват предност, можам да замислам како би било со кружен тек на Туристичка.Знам какви камикази одат кај Випс или кај Видобишта.Особено на лето, луѓе од други места, тие истите шо возат обратно по Партизанска и Димитар Влахов.
Истото важит и за излезон од Далјан по старион пат за Струга.Поглупа раскрсница - амин.Не можеа тука кружен тек?Или кај Крст Џамија кружен тек?
ohrid-kruzhen-tek.jpg
:facepalm::facepalm::facepalm:Ич не ми е мило шо погодив (не беше нешто баш тешко) за ваква утка, ама ај уште еднаш нека се произнесат поддржувачите на ова ‘сообраќајно решение‘...
 
http://www.ohridon.com/m-naslovna/8758-2012-07-10-23-57-07.html

Ниту еден позитивен коментар за оваа сообракајна глупост
...Аце повторно cе ќе ни вети, а нели и општинската каса е преполна (за поединци), a тие пари треба да се трошат со помош на експертите од градоначалникот....
kruzentek490.jpg
kt-jpg.46499
Кружниот тек на Аце и експертите се сопна уште во текот на првиот викенд кога Охрид се исполни со гости.Се покажа дека критиките упатени за овој проект беа на место бидеќи наместо да овозможи подобар проток на возилата, ова соообраќајно решение покажа многу слабости.
Неспорно е дека возилата во претпладневните и попладневните часови непречено се движеа по булеварот "Туристичка" (како и во минатото) но кога се работи за возилата и пешаците кои се движеа по улицата која се вкрстува со булеварот беше невозможно да се приклучат или да го преминат. Оттука и прашањето зошто се фрлаат стотици илјади евра за проект кој нема да функционира, освен надвор од туристичката сезона.
Кому ли му текна да измислува топла вода. Можеби наместо да се постават семафори за вон сезона и сообраќајно лице во шпицот на сезоната, кои се далеку подобро решение особено кога се работи за пешаците, сега тие ке се најзагрозената врста на Ацевиот кружен тек. Не знаеме што им е на сообракајните експерти во локалната или можеби не чуле за зелен бран или премногу користеле "зелен бран".
Оттука и прашањето, зошто се фрлаат стотици илјади евра за проект кој нема да функционира, освен надвор од туристичката сезона. Со инвестиција од 100.000 евра колку што се потрошија за кружниот тек од кој кога е најпотребно СЕ НЕМА ФАЈДЕ , најдобро ќе беше да се изградат ЈАВНИ ТОАЛЕТИ од кои СЕ ИМА ГОЛЕМО ФАЈДЕ и тоа преку целата година, особено во шпицот на сезоната. А со остатокот од средствата можеа да се закрпат и некои улици.
Нејсе, ова и не е толку трагично, но доколку Аце и експертите го продолжат овој проект, како што најавија и на расксниците кај гимназијата и кај "Охридска Банка" е тогаш навистина во текот на летните месеци ке биде дополнителен хаос. Ако се знае дека од 15 јули до 20-ти август од 18 до 20 часот како река надоагаат автомобили од источното крајбрежје, тешко на тие што ке сакаат да се приклучат од улиците кои се вкрстуваат со булеварот. Но кај нас најлошо ке поминуваат велосипедистите и пешаците за кои ке нема пристап до пешачките патеки, знаејки ја сообракајната култура на нашите возачи. А, и да ја имаат кој може во таков хаос да се снајде. Можеби локалциве пак нешто ке смислат и ке не изненадат. Можно е да изградат подземни пешачки премини или ке изградат премини над улиците.А јавноста, повторно ќе ‘‘се забавува" на скапите промашени инвестиции.Па ако е панаѓур, нека биде панаѓур на вода.
Затоа покрај другите традиционални тезги со се и сешто, забавни реквизити итн. предлагаме на кејот да се направат неколку куглани, за да имаме барем корист од топките што ги поставија. :cuc:
tetkata%20so%20topkata%203.jpg
topki_kej.jpg

Така можеби исмејувањата на гостите за поставените БЕТОНСКИ ТОПКИ ке бидат помали, зошто досега немаше ниту еден позитивен коментар за оваа сообраќајна глупост.

ohridON
11-07-2012
 
^Ивичњацине плави ги фарбал, звер! :pos:
 
хОХОХО :)

Со возило преку кружниот тек
icon_at_textsize.gif

Нецел месец откако беше ставен во функција кружниот тек во близина на спортскиот центар „Билјанини Извори„ и откако Ј.П.„Охридски Комуналец„ хортикултурно го уреди просторот, деновиве истиот е делумно оштетен од страна на непознати сторители.

sl%202_1.jpg


sl%201_1.jpg

- Најверојатно со џип поминале низ тревната површина, при што е уништено сезонско цвеќе и неколку украсни дрвца, а исто така се искршени и неколку украсни ќупови. Нашите екипи веднаш ги санираа штетите и засадени се нови садници, но се прашуваме каков впечаток ќе остави овој немил настан кај многубројните туристи, велат од јавното претпријатие.

sl%203.jpg

Оттаму апелираат надлежните да преземат мерки за пронаоѓање на сторителите.

OhridNews​



8

05.08.2012 14:10

Прочитана е : 3031 пат



© 2012 Ohridnews.com. Сите права се задржани.​
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom