Серии од нашите телевизии :)

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Темата за Синбад ми евоцираше спомени и ме инспирираше да ја отворам оваа тема. Иако на bucio сосема друга му беше замислата за темата, сепак горе-доле сите зборуваат за старите добри епизоди и за “Авантурите на Синбад“.

Темава нека биде за сите тие стари серии, во времето кога немаше торенти, замунди, кога сериите ги гледавме на ТВ и не мрдавме од пред телевизор... Не дај Боже да пропуштиш епизода, тоа веќе беа тешки депресии...:icon_lol:

Ќе почнам јас со тоа што ќе ставам неколку серии на кои ќе ми текне прво, па потоа ќе ве оставам јас да оставите коментари и секако да ја дополните листата... :)

1. “Авантурите на Синбад“ (1996-1998)





Нема да зборувам многу за оваа серија, се изназборевте во другата тема на буцио...:pos:
На IMDb, интересни цитати и факти.

2. Семејни врски (1982-1989)





Има ли некој што не памети оваа серија? Мајкл Џ. Фокс, ѕверката! Интересна серија беше, на Сител ја даваа ако не грешам...


IMDb

3. Тропски горештини (1991-1993)

Иако секоја година “екслузивно“ ја даваат на МТВ, сепак ова беше серија со која верувам речиси секој од вас ги поминувал летата. Паметам во Маврово кога одев летно време, играв цел ден, ама кога беше време за “Тропски горештини“ се цртав пред телевизор.






IMDb

4. Дали се плашите од темнината? (1991-1996)

Има ли некој што не ја знае серијава? На IMDb се уште има рејтинг од 8.5.:love:






IMDb

5. Принцот од Бел Ер (1990-1996)

Оваа серија признавам не ми беше од омилените, но си ја гледав, не беше ни лоша. Исто ја даваа на Сител ако добро паметам.






IMDb.

6. Херкулес (1995-1999)

Еве уште една моја симпатија, многу го сакав. Легендарна серија, која иако ако не грешам пак ја даваат... сепак сите ја гледавме кога бевме помали.






IMDb

7. Супермен (1993-1997)

Ја ставам Супермен, затоа што секогаш одеа во пакет со Херкулес. Прво Херкулес ја даваа, па после Вести од 15 минути, па потоа Супермен, после тоа се излагаше надвор...:pos: Башка Тери Хачер на млади години... Легендарно...






IMDb

8. Квантен скок (1989 - 1993)

Мали се зборовите да опишам колку ја сакав оваа серија, секој ден нови авантури, нови преобразби, нов период од времето...






IMDb

9. Млади бунтовници (2002-2003)

Знам дека вака звучи смешно од оваа перспектива, ама кога излезе серијава беше тотален хит меѓу тинејџерите. Жените го сакаа Мануел и Пабло (мене додуша симпатија ми беше Томас), мажите ги сакаа Миа, Вико и Пилар... Сите ги знаеја песните како Bonita и другите, зарем некој ја заборавил легендарната реклама после наградната игра, легендарната реплика: Ај не си дете?






IMDb


10. Плажата на залезот (1997-1999)

Па има ли некој кој не ја памти оваа серија?
Мислам, легендарната Мег, Бен, траеше толку долго и на крај МТВ не ја откупија цела и си останавме да се прашуваме како заврши... и кој е убиецот нели?:pos:







IMDb

Е па толку од мене, не ми мисли више мозокот, ама слободно давајте коментари, ставајте клипчиња и давајте имиња од други серии, да се присетиме и да се изнасмееме како луѓе на старите добри денови и старите добри серии кои ни го одбележаа детството, тинејџерството и сл...
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.818
Поени од реакции
10.171
Се сеќавам сестра ми беше луда по Беверли Хилс 90210. Мислам дека беше доста популарна а и неколку познати глумци излегоа од серијава.



Oд сериите во воведниот пост на темава ги имам гледано скоро сите без Квантен скок (можеби и неа сум ја гледал само не можам да се сетам во моментов). После овие дојдоа на власт шпанските, мексичките и остали срања што и ден денес ги даваат на нашиве ТВ канали. Исто срање во различно пакување.

389020_335011879913771_1243674860_n.jpg
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Покрај овие јас и JAG си ја гледав.

David James Eliott ах!

Леле да, ете знаев дека ќе пропуштам некоја!(y)
Ако си обожавател на серијата и имаш Max TV, ја даваат на AXN каналот, ја даваа секој ден, секоја ја даваат за време на викенди, баш од прва сезона. Не знам може овој канал го има и на некој од другиве кабловски оператори.
Ѕвер серија!
Инаку после толку време, сега кога пак ја гледам на AXN, интересно ми е како за тоа време тие “ефекти“ изгледале како wow, а сега ти се онака дури и смешни. :)
Башка после ЈАГ излезе НЦИС, за што сум длабоко благодарна...:love:

Се сеќавам сестра ми беше луда по Беверли Хилс 90210. Мислам дека беше доста популарна а и неколку познати глумци излегоа од серијава.

Лелееее дааа... Колку ги сакав, да не кажам обожавав!!

Oд сериите во воведниот пост на темава ги имам гледано скоро сите без Квантен скок (можеби и неа сум ја гледал само не можам да се сетам во моментов). После овие дојдоа на власт шпанските, мексичките и остали срања што и ден денес ги даваат на нашиве ТВ канали. Исто срање во различно пакување.
Не верувам дека не си ја гледал, може си ја подзаборавил. Секое лето ја даваа на Сител, овој патуваше низ времето и “решаваше“ случаи...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.934
Поени од реакции
73.459
Oд сериите во воведниот пост на темава ги имам гледано скоро сите без Квантен скок (можеби и неа сум ја гледал само не можам да се сетам во моментов). После овие дојдоа на власт шпанските, мексичките и остали срања што и ден денес ги даваат на нашиве ТВ канали. Исто срање во различно пакување.
Не ми се верува дека не си ја гледал :D
Ако си го гледал Херкулес ондак нема шанси Квантен скок да си ја пропуштил.
Имаше на Сител една емисија sumertime, и цел ден даваа серии. Не ми текнува само по каков редослед одеа, мислам прво идеше Квантен скок, па Супермен, па Херкулес и некои други измеѓу...
Плус најака серија е од овие :D Патуваше типов низ времето, и постојано беше нов лик, и мораше да реши некои проблеми на типот кој го заменува. Помина се од безбол играч, рагби играч, инвалид, жена итн :D

Ај и оваа ако се рачуна :)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Аман Крејзи,се стави на темава.

Или можеби не?
Има уште многу серии, јас само ги напишав првите 10 на кои ми текна во моментот, плус треба да оставам нешто и за другите бе...:icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom