Слобода или сигурност?

Слобода или сигурност?

  • Вкупно гласачи
    69
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Воошто не... (y)
Јас мислам дека е, и тоа поприлично нападно. Но секој со својот ум. Тука има и деца, а ти им подметнуваш текст во кој што пишува дека секој има право да убие друг ако го спречува во исполнување на неговата воља. Браво, машала.

Сигурен сум дека еден 18 годишник разбира што знаши воља во речникот на телемитите. (n)

Не го бива вака.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.147

Разбираат, не ги сакати децата со такви размисли дека не разбираат и дека веднаш тие ќе одат да убиваат... :) Пред да дојде до тоа, види колку текст има претходно во Liber Oz ;)
Знаат тие што е што (децата што читаат баш на оваа тема)... ако не знаат ќе научат...
Сигурно ќе се запраша детето што значи „да правиш што ти е волја“. Тоа не го прават постарите, но денештните деца... знаат да се прашуваат вистински прашања.
Не сите, нормално зависи родителите како ги едуцираат своите деца...:cautious:
 
Абе сигурно, сите разбираат. Liber Oz, мајко мила. На кој му е гајле за Liber Oz?? Понекогаш мислам дека живееш во паралелен универзум.

Текстови на неколку маргиналци и психопати ги пропагираш на форумот како врвни вистини.

Лудница...
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.147
Реков ако не разбираат и не знаат, нека научат!

За „врвни вистини“... рековме секој со својот ум. Што се нервираш ти за мојот ум? Ама си станал „на врв срце“ море Ставрогин...
Дојди убиј ме ако ти ја попречувам твојата волја со постови на кајгана... :pos:

Слобода велиме... нели (y)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Воошто не... (y)
Слободите и правата на човекот се гарантирани со членовите од член 8, до член 60 на Уставот. Тоа се општо прифатени, човекови слободи и права и гарантирани се уште со Европската декларација за основните слободи и права, со Универзалната декларација за правата на човекот и Пактот за човекови права.
Нема потреба од импровизации што се подразбира под поимот човекови слободи и права. Убивањето не може да биде право, туку се работи за злосторство!
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.147
Сомнително ми е тоа „гарантирани“. НО добро, тоа е веќе правна наука и политика...

ВО Р.М. нема потреба да се менува многу, но има огромна потреба ДА СЕ ПРИМЕНУВА правото на слобода на изразување на својата волја, кое што мислам дека е заборавено. Му облековме гаќи на Прометеј бидејќи „на некој“ му сметало тоа. Фалусот на Прометеј со кој го донесе огнот кај луѓето е што... Срам?
Делото на авторот е... што? Уништено? Слобода имаме според Устав? Во уметноста немаме слобода не пак во нешто друго! На хартија имаме премногу ние во Македонија, во пракса, НИШТО! Затоа... полека со „гарантираните права“.

За она последното од Liber Oz: Ако секој ја извршува својата волја и не смета на волјата на другите, без да има страст за резултат за она што го работи и не се заморува со другите кај се движат и што прават (нормално и тие другите го прифатиле ова), она последното нема никогаш да постои. Нема да постојат судири... Но, нели, далеку сме од сето тоа ние. Затоа и ни требаат мал милион закони...
Секако ова според мојот ум ;)

П.С.
Пример: Пробај да застанеш пред мојата волја и право за живот и ќе видиме дали по било кој закон ќе биде моето убиство злосторство или не.
Имаме варијации за тоа што е злостортство што не...
Правните закони служат за манипулации... зависи колку добро знаеш да го завртиш муабетот во твоја полза :) Се е тоа политика...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
@Хептаграм XI
Изразот, гарантирани означува дека човековите права не се дадени со Уставот, тоа се природни права, а со Уставот Државата само го гарантира нивното запазување.
А јас немам никава намера, било како да ти наштетам или да ги ограничам твоите права, бидејќи те чувствувам за пријател и брат
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.163
Поени од реакции
12.147
@Хептаграм XI
Изразот, гарантирани означува дека човековите права не се дадени со Уставот, тоа се природни права, а со Уставот Државата само го гарантира нивното запазување.
А јас немам никава намера, било како да ти наштетам или да ги ограничам твоите права, бидејќи те чувствувам за пријател и брат
Е па тоа и јас го зборувам... :love:

П.С. Инаку во претходните два линка што ги дадов (и заради која произлезе оваа расправа), го заборавив и текстот ЗА ДОЛЖНОСТА на секој поединец кон самиот себе, кон другите, кон човештвото...
Видете го и поврзете го со другите два текста. Мислам дека даваат добра целина за тоа што е слободата и како до неа и најбитно: ШТО СО СЛОБОДАТА!
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Слободите и правата на човекот се гарантирани со членовите од член 8, до член 60 на Уставот. Тоа се општо прифатени, човекови слободи и права и гарантирани се уште со Европската декларација за основните слободи и права, со Универзалната декларација за правата на човекот и Пактот за човекови права.
Нема потреба од импровизации што се подразбира под поимот човекови слободи и права. Убивањето не може да биде право, туку се работи за злосторство!

Ништо од тоа што гарантира уставот го немаме.

Право на приватен имот - НЕМАМЕ
Право на слободен говор - НЕМАМЕ
Владеење на законот - НЕМАМЕ
Право на самоодбрана - НЕМАМЕ

Ние во ни еден случај не сме слободни граѓани туку сме најобични поданици.И одма да се разбереме во Западна Европа ( со исклучоци ) не се ништо подобри од нас дури и се полоши.Можеби се добро чувани робови али пак се робови.

И за крај да се мочам на таа сигурност ако не сум слободен.И така еден ден ќе умрам од тоа не можам да бегам сакам барем ова време на оваа планета што го имаме да го живеам како што сакам секако додека со моите дејствија не им сметам на другите да живеат како што они сакаат.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ништо од тоа што гарантира уставот го немаме.

Право на приватен имот - НЕМАМЕ
Право на слободен говор - НЕМАМЕ
Владеење на законот - НЕМАМЕ
Право на самоодбрана - НЕМАМЕ

Ние во ни еден случај не сме слободни граѓани туку сме најобични поданици.И одма да се разбереме во Западна Европа ( со исклучоци ) не се ништо подобри од нас дури и се полоши.Можеби се добро чувани робови али пак се робови.
Поточно кажано, имаме од се по малку, колку да не може да се каже дека немаме.

Но слободата не би смеела да се мери со должината на ланецот...
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не мешајте уредувања на власт.. И денеска са исти начините на владеејне... Само технологијата оде напред и може да се живее горе доле како индивидуа заради одличните технологии за производство на храна... Ако очекуваш од државнио апарат слобода, наебал си ја здраво.
Истите начини биле велиш а? Значи денес може да одиш на кванташки и да си купиш два три робови да ти работат низ дома или на имотот?!
Да прочиташе малку за феудалниот систем, за правата на луѓето во тоа време пред неколку векови, за правата на жените, за должината на просечниот човечки живот, за достапноста до информации, за правото на слободно изразување и слично! Па после да дојдеш и да направиме една споредба во кој период од историјата, човечкиот живот имал најголем квалитет, може?
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.736
Поени од реакции
4.485
Ништо од тоа што гарантира уставот го немаме.

Право на приватен имот - НЕМАМЕ
Право на слободен говор - НЕМАМЕ
Владеење на законот - НЕМАМЕ
Право на самоодбрана - НЕМАМЕ
Ги имаме сите права на ... хартија.
За да ги имаме во реален живот треба борба.:)
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Истите начини биле велиш а? Значи денес може да одиш на кванташки и да си купиш два три робови да ти работат низ дома или на имотот?!
Да прочиташе малку за феудалниот систем, за правата на луѓето во тоа време пред неколку векови, за правата на жените, за должината на просечниот човечки живот, за достапноста до информации, за правото на слободно изразување и слично! Па после да дојдеш и да направиме една споредба во кој период од историјата, човечкиот живот имал најголем квалитет, може?
И? Кои се аргументите за „слобода“? На тогашниот роб, и на денешниот „модерен работник“ што зема 6 000 денари?

Достапност на ифнормации, просечен животен век... пријателе, прајме муабет за слобода!

Слобода? Што е денес слобода? Пари.
Ако мислиш поинаку, пробај, оди некаде беспари.
Е тука е врската (челична врска) меѓи робовите и работниците. Во илузорноста, дека нешто е поинаку. Робовите немале википедија и живееле некоја година подолго.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Ги имаме сите права на ... хартија.
За да ги имаме во реален живот треба борба.:)
Ги немаме ни на хартија

Со данокот на имот се поништува правото на приватен имот зошто автоматски стануваш киријаш на државата ако не платиш кирија ( данок ) ќе ти го земат имотот.

Правото на слободен говор исто го немаме заради тужбите за клевета со тужбите на клевета е комплетно ограничено правото на слободен говор.

За владеење на закони не ни мора да се дадат аргументи зошто нема.

Правото пак на самоодрбана е комплетно уништено со тоа што е ограничен пристапот до алати за одбрана ( оружје ).Сите криминалци можат да дојдат до оружје за 1 секунда додека обичните луѓе кои ги почитуваат законите не можат.

Не само што не се спроведува во пракса и комплетно на хартија сите човекови права се унаказени како што кажа Ставрогин "ставени на ланец"

Да не ни почнувам за данокот на приход кој се коси со секаква легалност.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom