Ај малку и јас да се вклучам во оваа тема. За тие што прашуваат дали ќе бидат примени на градежен, најчесто барем до пред неколку години кога се запишвав и јас квотите не беа пополнети имаше и студенти со по 40-50 вкупно поени шо влегуваа во државна квота, последните две години имаме поголем број запишани студенти ама верувам дека со 80-85 поени сигурно ќе бидат примени. Ако има некој од матурантите нешто нејасно слободно нека праша знам дека овај период за нив е доста мачен.