Квалификации за ЛШ: ВАРДАР Скопје - БАТЕ Борисов

Кој ќе помине во 3то коло ?


  • Вкупно гласачи
    227
Статус
Затворена за нови мислења.

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
А да, и заборавив да пишам, Градски/Филип II последниве години три пати се наполни и тоа:

Работнички - Лацио
Работнички - Ливерпул
Вардар - Бате Борисов

У првите два натпревари, очигледно е зошто беше полн стадионот, но во третиов сигурно народот не дојде да го гледа Бате нели !? :)
 
Член од
7 јули 2011
Мислења
133
Поени од реакции
31
Атмосферата беше на врвно ниво вардар мислам дека со самата статистика со 2шута кон голот нема што да бараат ама кога ке видиме дека нашиот национален тим губи од андора неможе да очекуваме вардар да го прегази бате сансата се изгуби во белорусија ама со јаки засилуванја и со добра ждребка лига шампиони плаче за на ваков прејак стадион :)
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
1.104
Поени од реакции
359
Eve kako se slusase na juzna :) (y) Neznam dali nekoj spomna ali koga i da svirnese sudijata tesko deka nekoj go slusnal :) Ednostavno grmese (y)
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.336
Поени од реакции
5.338
Заслужено Бате Борисов оди понатаму, на виделина излезе квалитетот и на играчки план и во лигата...
Беше јасно како ден дека Бате нема да оди со бело знаме на овај меч а исто и Вардар се отвори...
Очекував тврд меч и на сите другари му ја кажав 0:0 точен резултат и не си ја изиграв јас точен рез. незнам по кој пат вака ми бегаат пари :facepalm:
Не покажа некоја си игра Вардар, се чекаше само на Георгиев да тргни (убива дечкото) и Стојановиќ другите слабо...
Бате имаше повеќе шанси, стативата плус и Захов ги спаси на 2-3 пати каде еднаш на ќоро ја фати топката на почетокот од 2 полувреме тој се крија и со темето ја фати :pos:
Заслужи да оди Бате, пак ќе речам чудно ми беше 2та гола во гости Вардар шо ги даде...

Стадионот солидно исполнет над 28 000, после подолго време освен на репрезентација не бил исполнет. Феноменално изгледа стадионот сега со атлетската патека и ги исполнува сите норми. Дефинитивно е најубав стадион на балканот !!! :cuc:

Навивањето на Комити беше добро, но далеку од одлично :D
Само ко ќе одеше повторувањето од трибините беше гласно, иначе песните не се слушаја баш сјајно на ТВ (во живо незнам како било) неколку свирежи од север/југ скоро ништо не се слушаше од запад. Плус и доста новајлии се појавуваат на вакви европски утакмици па некој ни песните не ги знат, ни ритам ни ништо барем тоа ми е познато ;)
И тешко оди контролирањето на песните ко ќе има повеќе публика некој од назад касни со пеењето и ред други работи...
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
А да, и заборавив да пишам, Градски/Филип II последниве години три пати се наполни и тоа:

Работнички - Лацио
Работнички - Ливерпул
Вардар - Бате Борисов

У првите два натпревари, очигледно е зошто беше полн стадионот, но во третиов сигурно народот не дојде да го гледа Бате нели !? :)
Е па ако не дошле Бате да го гледаат а дошле за Вардар тогаш ништо не видоа 25 илјади луѓе. :)
 
Член од
6 март 2009
Мислења
979
Поени од реакции
853
Мислам дека никогаш не сум бил посреќен во животот ... кога стана цел стадион и кога се пееше Зига Зага Напред Вардар !
СКОПЈЕ ГО САКА ВАРДАР
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
Не ме разбирајте погрешно дечково е топ и има голем потенцијал во него а и денес одигра паааа да речеме солидно едно нешто што ми остана во глава беше потегот (ако може така да се нарече) на почеток на 2 полувреме кога сигурно едно 10 секунди стоеше у место со топката и у CR7 стил сакаше некој дриблинг да напраи. Јуревич тргна на него овој само си даде мал фор а овој го загради ко Берлински ѕид. Толку непрофесионално и детски делуваше во тој момент искрено не му личи на таков играч како Георгиев да прави такви потези :).
vardar-bate-borisov-niz-fotografii_73263.jpg
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Е па ако не дошле Бате да го гледаат а дошле за Вардар тогаш ништо не видоа 25 илјади луѓе. :)
А демек Бате играше ко Барселона !? :pos:
Не, и тие беа катастрофа, затоа оваа елиминција е болна за Вардар, оти имаа огромна шанса да елиминираат противник со висок коефициент, а кој играше ко македонски прволигаш.

И не ги минусирајте бројкиве, имаше 30.000 сигурно ( и јас пред натпреварот мислев дека нема да има повеќе од 10.000 ама ме демантираа)! Празно беше единствено у два блока кај што беа од Бате навивачите и под Комити тој дел. А плус и кај Комити беше мравјалник, пуно беше по скалите и ги имаше по 2 реда луѓе у еден ред на трибината.

Луѓето не видоа фудбал, ама помладите видоа како е кога има добра атмосфера на стадион а постарите се потсетија на „нивното“ време кога се полнел Градски. Тоа што речиси секојпат кога Запад ќе побараше, остатокот од стадионот му даваше поддршка доволно говори. ;)
 
Член од
2 јуни 2012
Мислења
119
Поени од реакции
19
Kатастрофа и мизерија ни е фудбалов....И вечерва докажавме,по незнам веќе кој пат...
 

Незапирливи 1903/87

Изгорен за Вардар
Член од
20 јули 2011
Мислења
3.531
Поени од реакции
10.235
Додека излегував од стадион, случајно слушнав двајца повозрасни луѓе како рзговараат за денешнава утакмица... едниот рече : Фала му на Вардар и фала им на Комити, што ме вратија во младоста, што ме потсетија на сите тие натпревари што ми останале во срцето.
Па сега кој како ќе го свати ;)

Можеби некого разочаравме, но дали навистина разочарувањето беше дека ние бевме ,,солидни и ништо поесбно`` или дека сме научна фантастика за сите вештачки клубови и маалски групи :)

Вардар повторно живее и сите не обединува, се носеше со тим како Бате Борисов, Вардар беше тој што направи Бате Борисов и да не изгледа за таков опасен тим...Вардар им ги затна устите на тие што дркаа дека Вардар ќе биде наполнет со 10:0 вкупен резултат... Вардар ги крена Скопје и Македонија повторно на нозе...Вардар никогаш нема да разочара !!!Вардар е тим кој е ,,миленик'' на фанови и надвор од Скопје !!! Вардар е секогаш повеќе од клуб !!! Поздрав Вардарци низ цела Македонија !!! Македонија обединета за Вардар !!!
 
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.502
Поени од реакции
2.805
А демек Бате играше ко Барселона !? :pos:
Не, и тие беа катастрофа, затоа оваа елиминција е болна за Вардар, оти имаа огромна шанса да елиминираат противник со висок коефициент, а кој играше ко македонски прволигаш.

И не ги минусирајте бројкиве, имаше 30.000 сигурно ( и јас пред натпреварот мислев дека нема да има повеќе од 10.000 ама ме демантираа)! Празно беше единствено у два блока кај што беа од Бате навивачите и под Комити тој дел. А плус и кај Комити беше мравјалник, пуно беше по скалите и ги имаше по 2 реда луѓе у еден ред на трибината.

Луѓето не видоа фудбал, ама помладите видоа како е кога има добра атмосфера на стадион а постарите се потсетија на „нивното“ време кога се полнел Градски. Тоа што речиси секојпат кога Запад ќе побараше, остатокот од стадионот му даваше поддршка доволно говори. ;)
Не коментирам за атмосферата пошто од Мтв пренос ништо не се слушаше а богами и ништо не се виде. Кога не сум бил таму неможам да кажам каква била атмосферата дали лоша или добра а сигурно со толку народ неможе да биде лоша. Муабетот не ми беше за атмосферата туку за играта и натпреварот конкретно... нејсе ....
-Бате изигра колку што им беше потребно... смирено, топка по земја, прва-втора пас игра, сигурно, со мозок и цел што сакаат да постигнат во одреден напад. Она Бате што го промаши пионери не го промашуваат...
-Го проучиле добро менталитетот наш и знаеја како да играат ... Свесно играта им беше таква зошто знаеа дека можат да добијат крила Вардар и да си направат сами на себе тешко.
-Гончаренко 4 пат го утепа Илчо во тактика
-4 пати Илчо незнаеше да му парира на Гончаренко во тактиката
-Истата игра ко пре 2 години МЃП со Бате.... фудбалско убиство 2 дел во Скопје. Да не ти дадат да играш и да сврзеш акција... е затоа секоја година играа по групи а тука некој упорно сака да замижи и да се прави фудбалски марсовец а уствари ен ја гледа реалноста дека со тие играчи и вложувања толку е .

Хорхе Хименез дечкото нека истрча недела дена по кеј.... засилувањето е на место. Ептен око ми фати иако играше само 1 полувреме бидејчи претпоставувам не е подготвен.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Koмити си грмеа цела утакмица,не можам да кажам дека грмеше цел стадион но Комити си грмеа нон стоп,браво.
Догодина очекувам многу повеке од Вардар сепак ова беше прва година откако градот го зема.
Плаче за вакви натпревари новиот стадион :)
Штета што не заврши 2-2 кај нив сега ке играа со контри ке се зафркнаа ке примеа гол,јбг догодина подобро.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не знам, не бев на стадион, ама не ми се верува Комити да не ги бивало, затоа што кога пројдоа кај мене под зграда, едноставно мислам дека коските ми ги пробија од што се наежив и тоа само од поминување.
Вардар си е Вардар, колку и да има падови, што не е само кај него, знаеме сите во каква состојба ни е фудбалот на генерално ниво. Вујко ми денес отиде на стадион, а има 65+ години, можете да замислите колку време навива и го сака Вардар. Тоа е таа љубов кон клубот која трае со децении...
Вардар ќе биде секогаш симбол и гордост на Македонија, тоа што фудбалот во државава ни е срање и тоа што сам себе го убијал си направивме првата утакмица, тоа е веќе друг муабет.
Да се живи и здрави, да се надеваме на подобри игри во иднина и тоа е тоа.
Се надевам само дека барем уште три-четири клубови во најмала рака ќе се оправат (зборувам за вистинско оправување), па ако ништо друго првенството малце да се подсреди, и да гледаме повеќе клубови на интернационални мечеви и да ги полниме стадионите низ Македонија.
Кога сум зборувала со луѓе од бивша Југославија, секогаш кога сме правеле муабет за спорт општо, како асоцијација за Македонија во однос на фудбал секогаш биле Вардар како тим и Панчев општо како играч. Така што не ја гледам потребата да се плука по Вардар. Ок е ривалство меѓу себе, ама не го сфаќам пукањето сеир затоа што не се пласирал Вардар.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.412
Поени од реакции
16.682
Леле, дај Вардар секоја сезона нека освојува првенство. Да ти е мерак што си дел од ваков спектакл, стадионов нема да се наполни за репрезентација наредни 3-4 години, Вардар успеа да го наполни у прво квалификациско коло.
Наежен бев цела утакмица, уште од 7 и 10 коа влагав на стадион, Комити навиваа и тоа го правеа без престан 90 минути. Речиси 3 саати активно навивање :cuc:

Вардар, изигра подпросечно. Не сакам да ја коментирам играта, но со Манески не се прави подвиг за влез у ЛШ.
Вардар го прокоцка пласманот уште у Белорусија, ете толку ги кошта тие голови у 90+мин.
Тоа е тоа, догодина повеќе!
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Момци зошто толку љубомора бе ? :tapp: Извинете вака ама да ги споменте оние бројки и да кажете дека денес на градски не грмеше и не се создаде атмосфера како никогаш до сега треба да сте слепи,глуви или па со сила да се правите будали...четврто нема.
п.с Мислев да пишам нешто за утакмицата и за разликата помеѓу Бате и Вардар која што за жал е на страна на првиве но кога ги прочитав коментариве ми се одмили пишувањето.:facepalm:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom