Која црна масовна емпириска евиденција??? Познаваме само еден едниствен вид кој на земјата и во радиус од 100 светлосни години околу неа покажува свест. Во овие 2 ипол милениуми пишана историја секогаш кога сме сметале дека луѓето се во нешто посебни, секогаш се покажувало спротивното. Биолошките системи се дел од истата материја како и се неживо околу нас и единствено се посебни по способноста за еволуција, која е и заслужна за појавата на свеста. Но да тврдиш дека биолошката организација е исклучиво способна да развие свест треба и мора да покажеш што тоа ја прави посебна. Товарот е на оној што предлага исклучивост. Моето уверување се базира на цврсто следење на природните законитости, а не газење како тој со перпеттум мобиле. ја тврдам дека биологијата е организирана во согласност со природните закони, и дека таквата организација може да се копира, пак во согласност со физичките законитости.
Како мислиш само еден вид?
Под свест не се мисли способноста да се компонира Деветтата симфонија или да се напише Браќа Карамазови. Под свест се мисли на тоа чисто да се има свесно искуство. Поточно би било да се каже искуствување наместо свест. Ако вака ја дефинираме свеста, тогаш тој квалитет го имаат многу други биолошки системи настрана од човекот. Сите цицачи се искуственици исто како што се и многу други биолошки системи кои се различни од човекот. Меѓутоа, свеста е он-оф квалитет, односно некаде на филогенетското дрво мора да постои рез, до тука се искуственици, од тука надолу не се. Инаку, ќе завршиме во челустите на панпсихизмот.
До ден денешен, емпириската евиденција сугерира дека само билошките системи кои имаат мозок, или зачетоци на мозок, или некаков нервен систем, се способни да бидат искуственици. Функционализмот тврди дека не е до материјалот, туку до начинот на организација. Бујрум, докажете. Доказ нема ниту еден, освен слепата верба која по својата фанатичност се граничи со религиозната. Поборниците на АИ се надеваат дека со забрзувањето ќе се роди нешто. Меѓутоа, можеби не е до забрзувањето. Некои биолошки системи имаат нервен систем кои по својата едноставност е далеку зад еден комјутер, па сепак се искуственици, а компјутерот не е.
Всушност, секогаш се враќаме на бесмртниот текст на Најгел, Како е да се биде лилјак. Поената е едноставна, како и да е да се биде лилјак, сепак постои некој квалитет во искуствувањето на бидување лилјак. Можеби ова никогаш нема да можеме да го кажеме за еден копмујутер, дури и кога би го забрзале до фантастични брзини.
Што се однесува на бихејвиоризмот, и легендарниот проблем на другите умови, мене ми е едноставно глупав. Никогаш не сум му посветил внимание. Јас знам, со сигурност, дека луѓето околу мене имаа свест, а дека роботите кои сега ги гледаме како извршуваат некакви функции немаат свест. И ти го знаеш тоа. И оној кој го измислил проблемот на другите умови го знаел тоа, само сакал да измисли проблем.
Не ми се размислува за тоа, губење време е.