МНР го стега и ременот и „јамката“ за дипломатите

Член од
27 јули 2011
Мислења
633
Поени од реакции
241
23.07.2012, 19:17
МНР го стега и ременот и „јамката“ за дипломатите

На амбасадорите им се скусува мандатот и им се заканува отповикување ако за една година не го научат јазикот на земјата каде што се, макар бил и арапски
Слободанка Јовановска
Македонските амбасадори и пониски дипломати ќе учат кинески, арапски, јапонски, норвешки, шведски, холандски...Ова е една од обврските предвидени со измените на Законот за надворешни работи, кои се во процедура и на одобрување пред Владата.

Отсега, не само што нема да може да се оди во дипломатија без знаење англиски или друг светски јазик и без да се документира тоа со меѓународно призната диплома место усна гаранција, туку нашите дипломати ќе мораат да го учат и јазикот на земјата во која што служат - и тоа не на државна, туку на своја сметка.

Ваквата измена е само една од најрадикалните што ги воведува Владата, па оние што нема да се вклопат во неа ќе треба да научат јазик за една година, колку што е поправниот рок, или ќе се вратат назад да бидат дипломати, ама во Македонија. Тоа значи дека наредните дванаесетина месеци нашите дипломати масовно ќе мораат да посетуваат училишта за странски јазици, а тие што по партиски клуч влегоа во МНР а немаат соодветни квалификации - или ќе го фатат чекорот со останатите, или ќе си седат во Скопје.

Измените на Законот, за кој требаше над една деценија да биде донесен а оттогаш постојано се менува, содржат и други изненадувања кои во темел ќе ја стресат македонската дипломатија. Владата, со претседателот на државата и МНР задолжително еднаш годишно ќе ја оценуваат работата на шефовите на нашите мисии во странство и генерални конзули, и за неа тие можат да добијат оценки од единица до четворка - од „задоволува“ до „не задоволува“, при што тие што ќе ја добијат првата оценка ќе добијат од 10 до 30 отсто награда зголемување на платата до три месеци, а другите или ќе ги казнуваат или ќе бидат отповикани од функцијата. Она што е најинтересно е дека врвен критериум за нивната работа ќе биде економската активност па дури потоа политичката и раководењето со претставништвото, нешто што ќе важи и за конзулите што е парадоксално, а ќе направи од дипломатијата „роад шоу“ , т.е. економски промотори.

МНР предлага исто така да се намали мандатот за амбасадорите на три години место постојните пет, иако светското искуство покажува дека најисплативо од аспект на трошоците, па и резултатите е тој да биде четири. Како последен удар на професионализацијата на МНР , во измените се бара државниот секретар да биде политичка а не стручна функција и тој да одговара прво пред Владата, па потоа пред министерот.

Иако непознавањето и неучењето јазици е слабата точка на македонските дипломати, а се користеше од заслужните партиски кадри да добијат фотелја во некоја од соседните земји каде може да се пројде со познавање на српскиот јазик, испаѓа дека сега и во Србија нашите дипломати ќе мораат да зборуваат англиски, што може да доведе до бран повлекувања наредните месеци. Наспроти тоа, и многу поголеми и подобри дипломатии од македонската имаат свои претставници во Македонија кои не зборуваат македонски, па освен американските и кинеските дипломати, кои се поревносни во однос на учењето на јазиците, другите не би се квалификувале за наши мисии.

МНР не им ја стега само јамката околу „вратот“ на амбасадорите туку им го стега и ременот, па отсега додека преземаат должност во странство и бараат стан можат да спијат само во хотел со три звездички, а за тоа каков стан ќе земат ќе решава комисија од три понуди. Досега на дипломатите двапати им беа намалени платите, а за ноември се шпекулира со ново намалување, но со оглед на трансфер списоците што циркулираат во Министерството, повеќето гледаат спас во одењето во странство. Имено, меѓу двеста дипломати што деновиве добиле понуда за трансфер во други институции има и такви што биле повикани од Центарот за управување со кризи, од Агенции за метеорологија или градобијност, па испаѓа дека многу екс амбасадори не се стручни за дипломатија, но се стручни за правење временски прогнози или да не' спасуваат од суши, поплави, нуклеарни несреќи или пожари.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=13098E1837B0F543936E32E3E3F24A4F
nesto pozitivno od prerodbata samo kolku ce se realizira vo stvarnost toa e drugo
Ima li Makedonija profesionalna diplomatija ???
i kolku taa se angazira za makedonskite gragani vo stranstvo.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
А бе ајде....
--- надополнето: 24 јули 2012 во 09:29 ---
Да и Кујтим Али што ќе намести за амбасадор по Свицерланд три јазици ќе учи наместо пијан да ја вози колата таму :icon_lol:
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Сите до еден да се вратат, што е ова 200 души во амбасада. Џабе фрлени пари. Потребна е една канцеларија и двајца луѓе во неа во секоја земја, да им се најдат на Македонците. Другите куферите и назад, ќе ги раниме и ќе ги шетаме безвезе, од мртва точка не мрднаа. Дипломатија од Македонија, да се прекинат луксузите на партиските неписмени послушници.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Дипломатија од Македонија, да се прекинат луксузите на партиските неписмени послушници.

Седи мори мирна комшијава конзул што е во Србија само скари прасиња чадено печено крка, и го шетаат таму здруженијата македонски. Љубиша Гоергивски амбасадорот не можел нешто да јаде мрсно, па тешката задача му паѓа него :icon_lol:.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Дипломат е човек кој "ќе те отера у пичку матер" , а ти со нетрпение ќе чекаш патувањето да започне.

старите велат "од секое дрво шупелка небива"....така да и од секој партиски војник и позната фаца дипломат не бива

дипломатијата е вештина на убедување, на манипулирање со фактите (ова е многу поразлично од лажење), вештина на комуникација, вештина на избегнување на незгодни прашања и давање неодредени одговори без да се навреди соговорникот

дипломатот во ниеден случај додека е на функција не смее да го изразува личното мислење....туку државната стратегија

За жал кај нас нема дипломати
 
acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Што дека имаме амбасади по државиве низ цел свет кога никој аир не видел од нив! Само се одлеваат буџетски средства, кои можат да се употребат за социјални случаи, образование, спорт, патишта и сл!

Убаво пишаа погоре, нас ни треба по една канцеларија и двајца службеници во неа!
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.134
Поени од реакции
23.637
Што дека имаме амбасади по државиве низ цел свет кога никој аир не видел од нив! Само се одлеваат буџетски средства, кои можат да се употребат за социјални случаи, образование, спорт, патишта и сл!

Убаво пишаа погоре, нас ни треба по една канцеларија и двајца службеници во неа!
Па никој аир не видел затоа што залутале таму, некои дури и повеќе работеле за туѓи интереси како да сме уште во СФРЈ.
Канцеларија за врски да некаде во некоја вукојебина каде немаме стратешки интерес, но во држави или организации кои и тоа како ни се битни мора да има дипломати кои си ја знаат работата. Многу работи можат да се сменат со активна и паметна дипломатија, со лобирање и што ти јас знам.
Сегашните повеќето се таму по заслуга или да го тргнат од тука, па си мислат дека се на одмор и тепаат време. Затоа и нижиме безброј успеси во меѓународната политика(y)
 
H

HITCH

Гостин
Државата води многу погрешна политика! Ниту една власт не направила државна стратегија, насока во која треба да се движи државата. Нашиве дечиња си мислат дека вработување во амбасада значи прошетка на државен трошок, што според сработеново досега испадна дека е така. МНР треба да си направи буџети за разни проекти од суштинска важност, на пример буџет за промоција на Македонија, буџет за одбрана од непријателските напади, буџет за промоција на македонските агенди за НАТО и ЕУ, буџет за Македонците кои живеат во дотичната држава, треба да се организираат и самите луѓе за да помогнат, има куп важни работи со кои МНР треба да се позанимава... Е, наместо ова ние планови ние имаме буџет за станови на амбасадорите, секој амбасадор купува стан во државата и после останува во негова сопственост и имаме буџет за швалерај, последниов е отворен и најискористуван.

МНР не треба непотребно да вработува луѓе во амбасадите и на тој начин да ги троши парите, туку треба да реализира проекти за промоција на Макеоднија и помош на Македонците во државата во која извршуваат дипломатски работи.

Ах, кога ќе ми текне на Перо и момичката му... :pos:
 
e za taa zena si ja ispostra karierata vo mnr i ne samo toa tuku i vo partijata go jade stapot
naravoucenie dobro analiziraj ja zenata so koja planiras da imas nesto
 
F

FARANG

Гостин
abe nema veze zenata na pero fakt e deka NISTO ne rabotese. takvi se golem del. mkd nema nacin kako da ja kontrolira diplomatijata a i nema strategija sto tie treba da pravat. baska sto za da imas uspesna diplomatija treba i stvarno da imas budzet i da gi platis lugeto sto rabotat tamu toa da go rabotat i da drzat nekoe nivo a ne da im vadat aferi kako u slobodno vreme rabotat po farmi ili u gradeznistvo za da se prehranat. nemozes ti na nekoj sto e u tirana ili london da im dades ista plata
 
ima kako nemala mu go nacuka
a baska toa sto ne rabotese pola od diplomatite si go tasat
 
Kajgana Shop

На врв Bottom