Блам состанок!

F

Frankie Yale

Гостин
Излегов во кафич со девојка во која долго време бев зацепан и состанокот одеше супер. Правевме муабет за факултет, си кажувавме интересни случки, постојано пробував да ја насмеам и ми успеваше. Состанокот ветуваше многу, се додека не се појави фотографот од кадевечер.ком. Се доближи до нас и конверзацијата со неа одеше отприлика вака.

Тој: Може да ве сликам за кадевечер?
Таа: Молам?
Тој: Кадевечер!
Таа: Aaa, па овде...

И не знам што ми стана, почнав да и смеам во лице ко ненормален а и тој се насмеа, девојката како да потона од срам и плус ми се налути. Потоа ми беше ептен непријатно, нит се насмеа нит ја интересираше што зборувам. Додадете на тоа непријатна тишина која траеше по неколку минути и имате блам состанок. Пуштаа гласна музика, па глумев дека ми се допаѓаат песните кои искрено за прв пат ги слушав.

Не помина долго време, најде изговор и си отиде. Прилично беден и проѕирен изговор. Сигурно едно ебено извини што ти се изнаесмеав ќе ги вратеше работите во нормала, ама џабе, во моментот сметав дека нема потреба да се извинувам и дека неоправдано ми се лути. И си останав така со "к*рот во раце".
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
Втора година средно, шмекав една типка, ама таа таква малку повеќе арогантна, јас инат и секогаш кога излегувавме со друштво се караше со мене нешто.
А јас не и попуштав воопшто.
Супер беше се, ама тогаш беше време кога знаев да привлечам типка но бев аматер за да го превземам чекорот да се смувам.

Покрај неколку неуспешни излегувања (божем да не местат).
Една вечер бевме јас она и друг пар од наше друштво.
И седевме горе во ФМ (city gallery).
И двајцава не оставаат нас двајца со тоа што они си заминуваат да прошетаат божем нешто имале работа.

И немаше многу муабет некој досаден а имаше голема тензија и имав ГОЛЕМА ТРЕМА. Знаев дека треба да направам нешто.

И викам ај да станеме па ќе прошетаме.. стануваме и како што излегуваме од кафиќот.. јас собирам храброст, неколку секунди се убедувам.. СЕГА, СЕГА , СЕГА .. (морам да направам нешто, не биди пичка си викам.)

И одвај се решив ја фаќам за рака.. и викам "Чекај малку!"
(со намера она мирно да прифати и се идеално и јас да ја смувам).
И оваа таква арогантно ми ја тргна раката и застана на дистанца.. и ме гледа во очи и ми вика "Што !? ".

И јас тотално надвор од испланираното, укочен, ја гледам и моментално толку се здркав што не знаев што да кажам, не знаев веќе што правам, бев тотално избезумен.

(колку ми е смешно кога ќе ми дојде сликата од овој момент) И таков цитирам "EJJJJJJJ АБЕ" , "ЧЕККК" , "АУУУУУУ" и таков се лупам нешто по џебовите барајќи некој изговор да кажам за тоа што го направив (а срцето ќе ми излезе од гради од трема и срам). И одеднаш го вадам телефонот (ама убрзано сето тоа мислиш крајот на светот дошол) и божем гледам нешто и викам .. "EJJJJJ ПА КАСНО Е! АВТОБУСОТ ЌЕ МИ ИЗБЕГА ДА ПОБРЗАМЕ!" и оваа ме гледа така чудно.
И почнуваме да се симнуваме по скалите надоле.. како што се симнуваме и поминува времето во неподнослива тишина и мислата што воопшто се деси .. исто како да слегував во деветиот круг на пеколот.
Тогаш ако не сум сакал да ме проголта земјата не знам кога..

се сретнав после со другарчето и ми се уби од смеење за случкава.

Од сегашна перспектива тоа е ми е еден од најубавите и најсрцка моменти
 
¯

¯\_(ツ)_/¯

Гостин
Edno pishav kade shto ja bev "zhrtva", evo ushte edno i dosta.

So tipkava se vidovme na job fair za work and travel, pa od tamu samo telefonskite broevi si razmenvme, i prv dejt ispadna posle 1-2 nedeli, i sve toa okej odi, ama onaka smooth, jokes, seriozen muabet, pa porachav vtor redbul, pa ushte jokes, pa neshto a-u, pa tret redbul (lazham, samo 2 redbula imashe <3), i celo vreme si mislam parichnikot vo paltoto mi e, i edno vreme stanuvam demek so finta da i pram da misli odam da mocham a jas ke odev da platam, posho neli mi zueshe "auuu mrazam dechkoto da plati prv sostanok, mozhe koa ke mi e dechko bla bla" i pikam raka u eden dzep, parichnik nema, pikam u vtor, nema, onaka pochna toa losho chustvo vo stomakot shto te faka :D, i onaka najfraerski si zaminav. Mislam deka na fakultet se vidovme onaka od podaleku ushte 4-5 pati, ama toa e se, t.e. ne mislam, nego znam, posho begav od nea ko od gjavol cela godina.

I posle nekoi tuka od forum se chudat zoshto menuvam broevi tolku chesto <3, eve zoshto.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.910
Поени од реакции
23.316
Нај јако ми е беше на времето на прво излегување кога ке ја иссилам некоја со муабети од типот рамноправност меѓу половите, дека сите сме исти зошто само машките плаќаат бла бла бла, и на крај за да не испадни демек едно мисли друго збора трето прави, иди келнерот ја носи сметката и ми ја дава мене,а чупето му ја зема, вади пари и ја плаќа цела сметка.
За се постои мастеркард, ама погледот на келнерот кога оваа му ја зема сметката, и ја плаќа бесценето.
И можам да речам дека најголемот број од ваквите состаноци ама воопшто не завршиле лошо, баш напротив.
 
H

-HRO

Гостин
внимателно бирам со кого ќе излезам, така да не ми се имат десено вакви случки ( или јас не се сеќавам, пошто биле небитни ) како и да е, сеќавам се на оваа ..

пс: случката е вистинита :D

седеме у кафич, пиеме кафе, и договараме се на еден другар да му местеме девојка, или барем да се запознае со неа ..по некое време, доаѓа момичката ( таа шо требаше да се запознаат ) и седнува на нашта маса ..она цееело време ломоте, неможе да престане, а овај ништо, трае само .. после некое време, станува она да отиде у WC ..и ние такви одма на овај: абе шо ти е, оти не збореш, глеаш ли дека само она ти прае мобет ти не и враќаш, бла бла бла,коа ќе дојде да и праеш мобет.. он таков: Ок бе ..нема проблем ..

доаѓа момичката, седнува на масата, и овај таков: а с'ра а?

ахахахаха, ние паднавме буквално од столовите :D од тогај ниту са се виделе, ниту па помислуват еден на друг :X
Доста креативно прашање и поставил...
:pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos: :pos:

Инаку се договорив со едно девојче, уште кога бев 2ра година средно....да се видиме да се запознаеме подобро.
Многу беше убава, паметна и имаше прејак стил на облекување.
Беше софистицирана градска девојка во моите очи, се до првиот состанок.
Излеговме, отидовме на кафе. Почнавме некои лаф муабети како што доликуваат.
Ни одеше предобро муабетот. Се сложувавме на најразлични теми.
Потоа го забрзавме темпото на разговор на подинамично и позабавно и почнавме да се смееме.
Кога почна да се смее гласот и беше како на свиња пред колење. Толку почна да рика што сите наоколу се завртеа и ја гледаа како дегенерик. Јас пропаднав во земја и извадив некоја невина глупава фаца...
Незнаев како да се извадам да си отидам пошто само што седнавме.
Отидов до вц, како би можел да размислам подобро и да се извлечам од ситуацијата.
Си се враќам назад и гледам си брца во носот со прстите. Тоа беше нај-дизгастинг момент. Го проследив со одвратност.
Седнав и се правев како ништо да не се случило. Набргу си заминав, и од тогаш опинциве не ми ги виде.

Имаше и една друга во животов мој, излеговме и премногу ме напињаше. Беше невиден замарант и устата не ја затвараше. Неможам да се сетам, ама дојдовме до некој конфликт тежок еден период.
Неможев да издржам ме изнервира премногу пошто индиректно кењаше за особини кои ги поседувам јас со цел да ме напне, и и реков да се слика за насловна на свинска паштета. :D
Ептен бев кретен со тоа, ама она почна и морав да возвратам.
Не се каам ич до ден денес.
Таму сето тоа се заврши.
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Еднаш се успав на прв состанок, т.е. не се ни појавив :facepalm:.
После си признав, дури и успеав да се искупам некако. И да, имаше уште полно состаноци...:)
Ама, тоа што се случуваше следните неколку години, иако успивањето беше „заборавено“ и служеше само како интерна шега, ми беше вратка, и тоа од епски размери... whatever, глупо ми е и ден денес.

Друг блам во моја режија е еден состанок на невидено.
Бевме во театар, па на пијачка, ама муабетот тргна (и пијачките) и се беше нормално и интересно, се извинив на кратко (демек одам во ВЦ, а всушност да платам сметка, сакав да избегнам расправии околу тоа на лице место) и сфатив дека немам доволно кеш, а овие во барот немаа ПОС за да платам со картичка...

Осставив лична карта како гаранција и на испраќање успеав да ја уништам целата вечер со страшно формално поздравување, брзајќи да тркнам до банкомат и да си ја подмирам сметката пред да затвори барот... не добив втора шанса, се разбира....
 
Член од
23 јули 2012
Мислења
67
Поени од реакции
52
Јас излагам онака со женска на пивце, седиме се зафркаваме, глеам типкава дава некои знаци. И цело време и пуштав водичка по малку и кога оваа по едно извесно време ми вика... еј абе, да те прашам нешто ама да ми одговориш искрено,може? И јас онаков у глава 100работи ми се вртат сеа ќе ме праша вака онака врска ќе си иаме деца ќе си праиме а у и само кога го одлепи прашањето : Абе, за кој фудбалски тим ти навиваш?? FACEPALM посакав да се удавам у криглата пиво! Од тогаш не се дружиме. :D
 

Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
И јас имам неколку fail дејтови, ама еден ми е посебно драг и ќе го памтам секогаш затоа шо дури од после непријатно ми стана :ROFLMAO:.

Пред неколку годинки се договорив со едно момче од друг град... на гости демек Прилеп ќе идел па ајде на едно кафе/ пијачка, вачерта. И ајде то се вред муабети.. ова слушам она слушам. Училиште, книги.. бла бла се супер.. додуша малку повеќе се фалеше ама толерирам јас . И сега дојде време да си бегам и се запна ај да те испратам . Е ајде велам шом толку сакаш и иди итаман стасавме до уличката кај што живеам, се поздравувам му посакувам добра ноќ и ми ја фаќа ракава и ме повлече накај него демек да ме забацува и ја му се тргнав и си заминав. Наредните денови ѕвонеше ама не се јавив :D. И од тогаш ни си пишувавме на нет ништо а и мене нешто посебно грижа или срам не ме фати се до пред некој месец еден ден излезена во Скопје си се враќам во студентски и гледам забава нешто гитари ова она. И се поздравувам нормално со дојденците и ко гледам детево седнало на маса... Јас си пропаднав вземја и цела вечер ко мисирка дремев. :pos:

А дури пишував ми текна на уште еден ... не знам дали се број коако состанок ама ќе го пишам . Еден ден на студентска забава појдовме со едни пријателчина од цимерката .. и едниот демек пијачка да чести . И ајде отиде да земи ..ама беше малку повеќе запиен .. па на враќање дури ги носеше пијачките на една скала се подзасопна и се испруши пред мене .... Многу се смеев :) Уствари сите се смееа.. После малку се мрштеше ...ама му помина по неколку пијачки .
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.433
Поени од реакции
6.081
Ќе пробам некако да ја скратам дешавкава која онака мислам ќе ме прогонвит долго време :
Со другарите бевме на пивце во еден кафич и ете ја таа(долго време чатувавме) со брачеда е која му беше женска на еден од другариве ,и другари ко другари почнаа да си кенкаат со вообичаени коментари...и ко за инат ете ја само девојка му од другаров идат на кај нас и ни кажвит дека на дотичнава и било срам да седнит пошо не била облечена како за во кафич ,туку ко за на плажа(пошо без штикли била,уствари нишо не и фалеше). Ајде станавме сите(нормално пропатено со сеирџиски коментари на другариве) и се упативме на некое "понекултурно" место шо и одговарало на нејзината облека. И така дури одевме во едно паркче ете ти ја една со која шо се плеткав а воедно нејзина соученичка,и одма прашањето од кај се знајш со Марија ? Другариве куртони додавет одназад "заедно војска служеа" ,а јас со уште поглуп изговор али колку шо приметив не сфати. И ајде стигнавме во паркчето ,другариве приметија дека се вишок,се тргнаја,другиов се женскаму нешо се караше понастрана и останавме сами на клупата. И таман кога си реков дека помина лошото, дејчево незнам дали од срам или нешо друго на сите мои прашања(пробвења да воспоставам каков било контакт), одговараше со најкратките можни одговори пропатени со морбидна тишина.Се осеќав како професор шо испрашвит студент ,како инспектор со криминалец в станица а најмалце како на состанок. После неколку проби во исчекување барем на едно "А ти ? " станав и кажав дека нешо сум заборавил да направам ...и она "Aма да не се налути ? " -'' Не не имам работа стварно'' ,патот под нозе и дома...После година-две случајно се видов уште неколку пати со нејзе,си реков со возраста конечно стекнала некои манири на комуникација , али пак се излажав...

Пс: Додека флертувавме по социјалниве мрежи имаше еден шо и ставаше срциња на слики,на ѕидот,на статуси ,и јас да ја прашам уз муабет кој ти е братчево........тој да и бил некој брачед со кого била многу блиска али живееле во некоја од прекуокеанскиве држави :eek:. Мислам брачеда и да и ставаше срциња ,ќе сфатев...вака сеуште неможам да сфатам ...
 

imp

МyMoon
Член од
11 јуни 2012
Мислења
39
Поени од реакции
31
Ја еднаш ќе и се исповраќав на една у цицки. А многу јако беше девојчето гледам сега глава кршат по него. Петок вечер ја подмачкан, гужва страшна. На поминување еден лик случајно ми истресува пепел од цигара у вотката. Ама јас ги вадам поголемите парчиња а помалите си остануваат внатре.Допивам пијачката , го ''регрутирам'' девојчето и правац у ''резиденција''. Аааама после некое време почна сериозно да ми се слошува баш у сред акција. У еден моменат се дешава ерупција и мусаката шо претходно ја бев јадел си го најде својот пат надвор. И објаснив шо се деси ама се сомневам дека ми поверува... Needless to say, оттогаш сме само на здраво :facepalm:
Наравоучението го знаете..
 
Член од
2 март 2012
Мислења
93
Поени од реакции
56
Не беше дејт ама ај досадно беше, не ми се учеше, и онака си чатувам со една колешка на фб, и иако видов дека е глупа и дека воопшто не ја бива за муабет правење, сепак решив да ја викнам на кафе. Низ муабет ми кажа дека цимерката не и е тука и јас нормално испланирав нешто :P И оваа ми вика "Aбе знаeш многу сум досадна и се плашам дека нема воопшто да ти се допаднам и затоа подобро ми е вечер да гледам филм. Те молам не ми се лути" И видов не видов од тогаш и немам пишано. :)
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Се гледав со дечково некои две-три недели, ама искачавме поретко, онака опуштено беше.
На 5-тото или 6-тото искачање со него, нормално како и секој претходен пат, си минував убаво, па претпоставив дека овој пат можеби ќе се деси нешто повеќе.
Кога дојде моментот да размениме јазици, не поминаа ни 30 секунди тој почна да мхка (да не речам стенка), уз лапање.Тоа немаше да ми биде тотален трн оф ако не продолжеше во текот на целото дејствие.Но, продолжи, јас пукнав од смеа и не му се јавив од тогаш:icon_lol:
А да, истата вечер после мхкањето, прошетавме уште малку пред да си одиме дома, и тотално ме изненади кога идејќи еден покрај друг тој од петици го извади шлајмот и ркна. Иух:cautious:
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Ја еднаш ќе и се исповраќав на една у цицки.
Познавам некој кој отиде еден чекор напред и ја исповрати :sick::facepalm:

Моето не беше нешто посебно, ама ме уби нејзината ориентација во простор ме јадат такви работи ако географијата им е слаба страна на луѓево...Одвај се најдовме на некое место ептен познато, после доста препрашувања кај е...и од почеток влезе со жолт картон, па само барав причина за да се мафнам побрзо, не беше прв пат ова со ориентацијата :confused:
 
Член од
23 февруари 2012
Мислења
304
Поени од реакции
214
Мене искрено ми се нема десено таков блам состанок, ама јас лично за блам состанок го сметам кога цела вечер зборам јас и наметнувам теми, а таа само се смеј и ништо не вели како ништо во живото да му се нема десено !!!
И јас си мислам или на ова му е толку интересно да ме слуша и да не ме прекинва или пак толку му сум глуп па чека да завршам па да бегаме !!! хахаха

Знам една случка од порано во Битола, таа многу згодна, паметна и лична му се бендисвало некое дете тој ако не прв абдал во градо ама вторсигурно беше тогаш.Преку другари другарки ја врзва чупето работата да се состанат и се состануваат во е еден кафич. Пола сат само ќутат буквално никаков муабет, а тој само да А да речеше и тааќе се фатеше со него од толку шо му се бендисваше, другарите од каршија седнати и му мафкат демек ајде бе брат шо прајш ова она ..... И по пола сат тој неа и вика " АБЕ ДА НЕ ЗНАЈШ НЕКОЈ ДА ПРОДАВА ТОЧАК НА СТАРО "
hahahahahahahahahahahahahaha
А сепак на крајот се фатија и беа 7-8 месеци во врска !!! хахаха
 

Misery

30% off
Член од
3 април 2011
Мислења
1.598
Поени од реакции
2.394
Два блама

1.) Со типката отидовме на кафе. Знаев дека е фенсерица шо се влече по клубови и кафани, а она знаеше дека ја не сум.
Се тоа фино, пола саат нормален малоградски муабет за на кафе, и ми вика „Еј, убави ти се патиките“. Се насмеав и и реков „Фала,фала, знам “ на шала тоа знам, се насмеавме (идиотсконо од глупата селска фора) . И тука девојката дојде до некаков си заклучок дека ја сум факинг Монси и започна тема мода.
Тоа беа најдолгите 2 саата од мојот живот.
Првиот пола саат мислев дека ќе одјебе и само слушав и кимав со главата, после почнав play along да правам и и глумев како се да знам, за Лобутин за Масимо Дути итнитн и како кај нас нема ништо и свртев муабет, а оваа се залета мисли наишла на некаков си фешн фрик.
И на крај на состанок девојката ми вика „Леле ептен ми се свиѓа тоа што знаеш се за мода, баш би сакала повеќе да се дружиме и пак да збориме за фешн “...

Ја испратив до такси, и више никад не и пишав/вратив на порака.
Мислам дека изгубив бар еден дел од мојата машкост тоа искачање.

2.) Накај 8 навечер ми стига порука од типка која ја знам само преку фејсбук за до парк да сме отишле, сакала да ме запознае. Идам ја у 9 , ја гледам, се топ фина типка, фин муабет врти. По нејзина иницијатива земавме нешто алкохол за на трева, не и се седело у кафич и тргна муабет. Па за музика , филмови , астрологија итн. итн. се расприкажавме и си викам оваа е на место.
И ми вика околу 12 да идеме да јадеме, гладна сум. Ја и викам ај, кај ти се јаде. Ни два ни три, ми вика Вили.
Да не се разбереме погрешно, поштуем типки шо не ми глумат фини на салата дека се на состаноци, ама тоа што следеше даље беше катастрофа.
Идеме у Вили, ја земав стек без ништо, и лебот не го јадев само стекот, она зема пунето пилешко со СИТЕ сосови и салати.

Седнавме, почна да јаде.
Питбул као јаде мајонез од тегла? Е! Епа исто.
И ми вика у сред јадење со пуна уста и мајонез/сосови насекаде околу фаца „Абе ај земи пиво“.
Земав пиво, пустиот ја, и пие она и ждере како неартикулирана, ја си глеам у празното лепче за да не повратам. И искачаме и извади така шоферско ждригнуење што душата ми се еба.
Имаше и обид за да ме залапа коа ја испратив, „ненадејно“ се закашлав и само ја гушнав у сред кашлање и си мафнавме низ прозор од такси.

Од тогаш со неа сме на „Кај си бе брат“ база.
Фала богу.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom