Хронологија на настаните:
- 21 април:
„Сериозно ве предупредуваме доколку постои било каква градба врз темелите на Бурмали Џамија, последиците од Вашиот нечовечки однос ќе ги сносите Вие кои донесувате таква одлука во време кое е мошне чуствително за меѓуетничките и меѓуконфесионалните односи. Се надеваме дека разумот ќе надвладе и ќе ја прекинете ова ѓаволска игра. Децидно и јасно сме истакнале дека не се согласуваме поточно, муслиманите на градот Скопје и на целата држава, не се согласуваат на локацијата на срушената Бурмали Џамија повторно да се изгради Офицерскиот Дом, кој претставува милитантен споменик за српскиот окупатор“, се вели во
соопштението од ИВЗ.
- 22 април:
Според првичните информации, крстовите на околу 30 гроба биле извадени, скршени и донесени во дворот на црквата Свети Никола, јави Канал 5.
Осквернавени се христијанските гробишта во струшкото село Лабуништа. Засега непознати сторители ги извадиле надгробните крстови од околу 30 гроба, ги искршиле и ги пренеле во дворот на црквата Свети Никола. Полицијата врши увид.
Ограбени три цркви во тетовско и кичевско
Мета на крадците биле две цркви во селото Непроштено, тетовско и една во селото Тајмиште во близина на Кичево. Освен што украле пари, разбојниците ги уништиле и влезните врати во храмовите, соопштува полицијата.
- 24 април:
Во тетовската полиција се пријавени тешки кражби извршени во црквата во с. Отуње и во две цркви во Џепчиште.
Непознат сторител насилно влегол преку влезната врата во црквата Св. Ѓорѓија во с. Отуње при што одзел 600 денари оставени во дрвена кутија за доброволен прилог.
Во вториот случај непознат сторител го погодел алат го откорнал дрвениот прозорец од олтарот на црквата Св. Атанасије и отаму влегол внатре и украл 200 денари.
Во Џепчиште крадец влегол и во црквата Св. Богородица и оттаму одзел незначителен износ на пари.
Тетовската полицијата трага по сторителите.
- 25 април:
Црквата „Свети Атанасиј“ во тетовското село Ратае и црквата „Света Богородица“ во тетовско Горно Маало ограбени се изминатото деноноќие.
Како што информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, вчера засега непознати сторители го скршиле катинарот од влезната врата на црквата „Свети Атанасиј“ во тетовското село Ратае, по што одзеле 1.000 денари од касата и иконите, и без да нанесат други оштетувања избегале во непознат правец.
Во текот на ноќта, исто така непознати сторители провалиле и во црквата „Света Богородица“ во тетовско Горно Маало, на патот за месноста Бањиче и одзеле околу 4.000 денари.
- Тие го оштетиле и лимениот покрив од помошниот објект, крстилницата веднаш до црквата, не не успеале да влезат во него, рече Јосифовски.
Полицијата извршила увид на двете места и работи на откривање на сторителите.
- 26 април:
Разбојници го ограбиле манастирот „Свети Илија“ во скопско и две цркви во Тетово и во Маврово, соопшти полицијата.
Манастирот „Свети Илија“ во скопското село Ракотинци бил ограбен во периодот од 10 до 26 април. Разбојникот украл неколку икони и избегал.
Црквата „Пресвета Богородица“ во селото Леуново, на брегот на Мавровското езеро, била ограбена во периодот од 18 јануари до 26 април.
Разбојникот зел копач, ја провалил вратата, влегол внатре и украл 6.000 денари.
Третата кражба се случила синоќа во црквата „Свети Димитрија“ во Тетово. Разбојникот со тврд предмет го отворил катанецот од влезната врата, ја пребарал црквата и украл 900 денари.
Полицијата трага по крадците