Патник, кога ќе преминеш од готова на готвена храна (ако мислиш да преминеш) како генерално правило земи си да оброкот биде составен од 50% месо, 25% житарици и 25% зеленчук а што се однесува за количината, рачунај си спрема количината на месо - доволно ти е 10-15 грама месо за секој килограм телесна тежина на кучето. При готвењето не додавај никакви зачини освен малку сол и лажица-две растително масло. Таквото подготвување на оброците ти е најлесно за да не утнеш при балансирањето на состојките на оброкот. Количината можеш да ја дадеш наеднаш или да ја поделиш на двапати, како повеќе одговара за кучето - не го претапанувај и избегнувај да западнеш во заблудата ,,повеќе е подобро,, така само го дебелееш кучето а ако се работи особено за младо куче, можеш да му го пореметиш правилниот развој.Хранењето на миленикот не е егзактна наука

, немораш да броиш и мериш се на грамови и милиграми, само треба разумно да се избалансира оброкот. Храната треба да се дава млака или на собна температура, не директно од фрижидер, а можеш да си подготвиш однапред оброци за неколку дена кои ќе ги чуваш во фрижидер. Кај готвената храна генерално правило е да биде храната по можност свежо приготвена и разновидна. Штом првпат чуваш куче, јас ке ти препорачам барем во првата година да го храниш кутрето со сува храна која е правилно избалансирана и збогатена со витамини и минерали кои му требаат за раст и развој, а после тоа постепено преминувај на готвена храна ако така ти е подобро. Инаку можеш да додаваш и готвени ,,додатоци,, на сувата храна како посластици уште од сега но тоа нека биде во разумни количини. Поздрав и со среќа со кученцето !