Владата за три години ќе реконструира 132 основни и средни училишта

  • Креатор на темата Креатор на темата Mjolnir
  • Време на започнување Време на започнување
Не те познавам ама дај боже. Врз основа на досега оствареното по однос на градење и реконструкции не гледам причина зошто да не верувам на изјавата на владата дека годишно ќе одвојуваат 15 мил евра за реконструкција на школите. До сега се изградени еден куп објекти, инфраструктура и тн. За три години треба да се завршат сите предвидени (што не значи дека три години ќе ги прават сите, туку една година едни друга година други и така).
????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????

Нешто се зезаш ти со нас?
 
????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????????

Нешто се зезаш ти со нас?
реконструкција на патишта и тн. не се зезам со ВАС не ни знам кои сте вие? Кого претставуваш ти? Но да не ја носиме темата во друг правец...или да ја носиме?:-)
 
реконструкција на патишта и тн. не се зезам со ВАС не ни знам кои сте вие? Кого претставуваш ти? Но да не ја носиме темата во друг правец...или да ја носиме?:)
Под нас се подразбира сите ние што те читаме.

Изградба и реконструкција се два различни поима, особено битни кај инфраструктурата. За жал и двата поима се разочарувачки кога ќе ги земеш бројките и фактичката состојба.
 
Под нас се подразбира сите ние што те читаме.

Изградба и реконструкција се два различни поима, особено битни кај инфраструктурата. За жал и двата поима се разочарувачки кога ќе ги земеш бројките и фактичката состојба.
Ех сега сите, ти збори си за себе како што јас зборам за мене:-) Ако мислиш дека те зезам одговорот е не. А сега кога сме кај поимите надградба и проширување спаѓа во реконструкција или изградба?:-)
 
Ех сега сите, ти збори си за себе како што јас зборам за мене:) Ако мислиш дека те зезам одговорот е не. А сега кога сме кај поимите надградба и проширување спаѓа во реконструкција или изградба?:)
Знам дека нешто се надградуваше и прошируваше, само не ми текнува дека беше инфраструктура :P
 
Во Охрид дел основни училишта се веќе реконструирани целосно и неколку делумно

- Братство Единство централната зграда на 7-ми Ноември целосна реконструкција на објектот внатрешно, спортската сала и фасадата
t%201.JPG

skolarci-2007.jpg

- Братство Единство подрачното на ул.Стив Наумов обнова на зградата + осветлување на спортското игралиште за ноќно користење
Bratstvo_06.jpg
Brtastvo_04.jpg
bratsvo_02.jpg

- ОУ Кочо Рацин - нас. Р.Новичиќ, дограма, внатрешно средување, нов покрив, нов под и водоводна инсталација.ПЕ во с. Лакочереј е целосно обновено во 2006.
http://ohrid1.com/ochrid/zavrshuva-renoviraњeto-na-ou-kocho-ratsin
krinf.jpg

- ОУ Св. Наум Охридски, изградба на нова спортска сала, нова дограма и покрив (77.000 евра)
rekonstrukcijaskoli4901.jpg

- ОУ Свети Климент Охридски, целосна санација на зградата (2010 и 2011), спортската сала и игралиштето со обнова за ноќно користење
rekonstrukcijaskoli4902.jpg

plafoniOUKO.jpg

- ОУ Ванчо Николески, нова дограма, клупи, нова боја и под
rekonstrukcijaskoli4905.jpg

- ОУ Живко Чинго, нови клупи, боја и под во централната зграда и ПЕ во с. Косел
- ОУ Христо Узунов, нова водоводна и електрична инсталација, нови вц-а и под (50.000 евра)
rekonstrukcijaskoli4907.jpg

- Градинка Росица, реновирање + нов тротоар и нов асфалт на улицата и поситни активности во уште 4 градинки
sk%203.jpg

35.jpg


Сиве активности се од ланското лето (Јуни - крај на Август) како проект на Општина Охрид.Кога е нешто добро, добро е макар и од Аце Петрески.

Средни:

- Гимназијата Св.Климент Охридски е целосно реконструирана пред 4-5 години, еден од најубавите објекти во Македонија
319846_295031603899745_1388524644_n.jpg

а лани се обнови и спортската сала и се изградија нови соблекувални (155.000 евра)
rekonstrukcijaskoli4903.jpg

- исто и Економско година две пред неа
- ОЕМУЦ Св. Наум Охридски делумна внатрешна обнова (32.000 евра)
BISERA%202.JPG

- Угостителско лани со нов под и клупи, пред неколку години целосно реновиран дел од објектот (73.000 евра)
rekonstrukcijaskoli4908.jpg


Вкупно 690.000 евра (основни, средни школи и градинки).

ОХРИДСКИТЕ УЧИЛИШТА ЌЕ СЕ САНИРААТ - ИЗГРАДБА НА НОВИ НЕМА

НАПИШАНО ОД ВАЛЕНТИНА НЕЛОСКА НА 29 ДЕКЕМВРИ 2011. ОБЈАВЕНО ВО ОХРИД


За 2012 година, Локалната самоуправа од буџетот планира со 32 милиони денари да ги подобрува условите во основните и средните училишта.
Училишните згради се стари објекти кои постојано бараат санирање и подобрување на училишните простории за учениците да имаат квалитетен престој во нив, вели Серафим Наумоски од Локалната самоуправа. Во наредната година во најголем дел планирани се санација на подовите во училиштата, реконсрукцијата на санитарните јазли, замена на делови од кровните конструкции и дограмите. Во програмата за реконструкција на училиштата влегува и ОУ Христо Узунов кое во моментов има проблеми со застарената дограма.
„Локалната самоуправа ќе издвојува апри за санација и рекоснструкцијас според приоритетните потреби на училиштата“, информира Наумоски.

Изградба на нови училишни објекти за 2012 година не се планирани. И со влегување во втората фаза на децентрализација на Локалната самоуправа нема да има пари за градба на нови образовни објекти. Можност за поголеми инвестиции и понатака е оставена на Владата, нагласува Наумоски.
„На ресорното Министерство е оставена можноста оваа година да изгради три фискултурни училишни сали, во средните училишта „Ванчо Питошески“ и „Св. Наум Охридски“ и во основното „Кочо Рацин“.
Локалната самоуправа во годината што доаѓа, покрај училиштата во градот и селските населби, ќе интервенира и во подрачното училиште во населбата Даљан. Заклучокот на Комисијата која што изврши увид на овој објект е санација на внатрешноста на училишните простории и да обезбедување пристапен пат до учишната зграда.
За Далјан ситуацијата е вистински катастрофална.Оваа зграда била некогашна касарна во 2 Св. Војна и оттогаш не е реновирана.
akcija%202.jpeg
20092010621.jpg

https://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=83095&egId=13
Училиштето во охридски Далјан како сцена за хорор филм

Учениците во основното училиште „Свети Климент Охридски” во охридската населба Далјан учат во нехумани услови. Наставата се одвива во ходници и импровизирани училници, распаднати тоалети, дотраени прозори, врати, столови и маси.

getImageThumbnail.axd
Објектот е поранешната марина на војската, делови од него се распаѓаат. Од таваните висат греди кои и при најмал ветер може да паднат и да повредат дете. Загрижените родители бараат достојни услови за образование за нивните деца.
„Како прво нема пат, децата газат по кал, внатре дишат прашина. Дограмата е катастрофа од училница во училница. Немаат никакви услови за учење. Затоа го молиме јавно Министерството за образование да ни помогне да го решиме овој проблем“, вели една мајка.
„Сакаме да имаме школо не да учиме во вакво. Не можеме да учиме во ходник, а ние во ходник учиме не учиме во училница“, вели една ученичка.
Во руинираниот објект до училиштето се собираат нарко зависници, тука има шприцови и отпадоци. Родителите стравуваат и од зараза.
„Позади него има еден голем контејнер, порано било магацин, сега е контејнер. Тука се води љубов, тука се прави дрога, бизнис некој прави! Ова е голема катастрофа, децата учат исто како в пондила“, вели една загрижена баба.
Зградите се во сопственост на Министерството за транспорт и врски. Од општината велат дека ресорното министерство не им дозволувало да го реновираат училиштето.
„Проблем претставуваат тие рушевини каде постои опасност децата додека си играат некој да настрада. Јас јавно ги прашувам одговорните во министерството кој ќе одговара за тоа. Ние апелираме веќе една година да дојдат работни машини да го средат тој простор“, вели Илија Магденоски претседател на МЗ Далјан.
Градоначалникот кажа дека доколку министерството не им даде дозвола да го средат просторот, ќе мора да стават клуч на врата а, учениците да ги распределат во други школи. Но со ова не се согласуваат родителите тие бараат да се реновира старото училиште.
Соња Рилковска
18.11.2011, 19:26
 
ЌЕ реконструира ако ги гласаме, ама зависи што припаѓа под тоа "ќе реконструира".
Можда ЌЕ реконструира, значи, ЌЕ окречи, или ЌЕ измалтериса (кај што има дупки) 132 училишта, колку да замачка очи пред народ дека напраиле нешто.
Они нека прават, ама ние како народ мораме постојано да ги критикуваме за да се трудат уште повеќе да работат, да не ги фати мрза.
 
А школите сместени у бараките од партизанско време ќе ги руши, ќе гради нови? Ветија пред неколку години нова школа, никако да дојде на ред од Александровци и нивнине коњи.

Ова и со школи и болници и други објекти чак што више треба да е редовна работа, без да објавуваат за да паѓаме у несвест (као со најавата на министерот дека ќе набавувале пижами :notworthy: ), ко да сме 15-ти век па еве поклонете се, ви реновираме школо.
 
ЌЕ - идно време од глаголот лаже :sneaky:
2q09h85.jpg

Вака изгледаше до пред некое време училиштето во Стар Дојран, а вака изгледа сега:
34rjgph.jpg


На универзитетот ’Гоце Делчев’ во Штип скоро 60-70% од објкетите предвидени за универзитетот се целосно реконструирани и проширени.Другите објекти се во завршна фаза.Музичкото училиште во Штип коешто беше во катастрофална состојба е реконструирано до темел заедно со дворот.Од владата добија и комплет нови инструменти, компјутери, се е климатизирано.

Еве го училиштете каде што учител бил Гоце Делчев.Реконструирано е до темел.
282kdjr.jpg


Немојте само празни муабети да зборувате, па во Скопје пола училишта комплет се реновираа.Средни училишта добија нови сали.Неможеш ти за 6 години се во Македонија да средиш, па што сакаш биди.Толку сме уназадени од претходните влади што ни јапонска влада неможе да не извади на прав пат.
 
Нема ништо поглупаво од тоа помпезно да најавуваш проекти за којшто е најнормално да се градат,затоа што даноци се плаќаат токму за тоа. не за каубојци шмизли палми врби.
Прашање е дали воопшто ке постоиме за 3 години со оваа монетарна политика на актуелнава влада и човекот што не знае да изговори Р . Дали сме слепи или се правиме дека не гледаме ништо тоа е друга работа,државни злужбеници што седат дома а земаат плата, проекти за перење пари, унишување на стопанството,ако треба да нагаѓам или да предвидам тогаш сигурен сум дека во рок од 3 години извршителите од европските банки ке ни тропнат на врата и ке не нема како држава.
Само има еден битен момент во сето ова, 10000 фирми пропаднаа за време на владеењето на фалинкиве,се отвори една фирма на џонсон и се усраа со неа,но и тука важи фирерското правило појавувај се во јавност само кога имаш со што да се фалиш па макар тоа била и тоалетна хартија купена за во болниците ( за жал одамна и неа си ја купуваат пациентите ) покрај сите лекарства што мораад да си ги купат. Да живее вмло дплмне да живее македонија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom