Mjolnir
Духот на рамковниот договор
Одлична вест и целосна поддршка!
http://www.bezpardon.mk/vladata-za-...-rekonstruira-132-osnovni-i-sredni-uchilishta
Владата за три години ќе реконструира 132 основни и средни училишта

Сто триесет и две основни и средни училишта во 49 општини низ Македонија ќе бидат реконструирани или пак ќе се реновираат во зависност од состојбата на објектите. Предвидено е да се менуваат подови, прозорци, санитарни јазли, информира портпаролот на владата, Александар Ѓеорѓиев.
Училиштата кои се ставени на листата за реновирање, прво се избрани преку јавен повик, а потоа е скенирана состојбата на терен. Владата за овој проект одвои 45 милиони евра, а предвидено е да се одвива три години, каде скоја година ќе се издвојуваат по 15 милиони евра за оваа намена. Веќе е распишан тендер за компанијата која ќе ги изведува градежните работи, а постапката треба да заврши до крајот на овој месец.