Илинденски собир во егејскиот дел на Македонија 2012

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Македонците во Овчарени:



.
ЈАКА ПЕСНА(y)
--- надополнето: 21 јули 2012 во 21:10 ---
.
.
.
Нека им е честит Илинден на нашите во Егејска Македонија

--- надополнето: 21 јули 2012 во 21:21 ---
.
.
.
.
Дечки ,може ли мала подршка на нашиве? не ве кошта ништо - само некоја минута -ништо повеќе :cuc:
http://www.facebook.com/events/451282878222880/
 
Ечи под грчко знаме,и под грчко слово,и под грчки имиња и презимиња..
гејска политика братче :mad:

фестивал во Солун
--- надополнето: 21 јули 2012 во 22:55 ---

 
Ечи под грчко знаме,и под грчко слово,и под грчки имиња и презимиња..

До пред некоја година, а и се уште е верувам така, шепотеа на македонски јазик по дома, јавен собир со македонски беше незамисливо да се случи. Чекор по чекор оди признавањето и борењето за изјаснување и признавање на македонското малцинство во Грција.

За жал, и ние играме под "грчко" знаме, под "грчко" име...
А и кога гледаме малце поинаку, и кога ние сакаме другите националности во нашата земја да играат под наше знаме, а не под нивното, не е малце иронично во оваа ситуација...

Со таа разлика што ние ПРИЗНАВАМЕ националности и етницитети различни од македонскиот, толку повеќе што и има и национални празници кои се неработни за нив, слободни се да зборуваат на својот јазик и да учат на својот мајчин јазик, така што споредбава уопште не ти е на место. Самиот си свесен колку е различна ситуацијата, не знам како уопште направи ваква споредба. Не знам како излеговме ние лоши во муабетов... Република Македонија можеби има одредени сегменти во општеството кои треба и мора да ги поправи, ама што се однесува на признавање малцинства и етницитети, не може да се даде никаква критика кон Македонија. Ние не репресираме, ниту асимилираме... Секоја држава има едно знаме, тоа нема врска со правата на етницитетите во Република Македонија. Поентата на Грција е да го признаат македонското малцинство кое живее во Грција, апропо на тоа и под грчкото знаме.
 
Со таа разлика што ние ПРИЗНАВАМЕ националности и етницитети различни од македонскиот, толку повеќе што и има и национални празници кои се неработни за нив, слободни се да зборуваат на својот јазик и да учат на својот мајчин јазик, така што споредбава уопште не ти е на место. Самиот си свесен колку е различна ситуацијата, не знам како уопште направи ваква споредба. Не знам како излеговме ние лоши во муабетов... Репуб....

Wow wow, easy now, slow down. Не ми беше тоа поентата. Само сакав да укажам на фаци кои постојат кај нас кои викаат дека не треба другите националости да вадат знамиња свои на свечености, на свадби најмногу, т.е. државните знамиња на етницитетот кој го имаат туку државното знаме на државата во која се, зашто треба да си ја сакаат земјата во која живеат. А баш такви фаци се најгласни за тоа дека нашите во Егејот, треба да вадат знамиња на Македонија а не Грчките и слично.Малцински права и слично, сите знаеме дека во Грција не постојат и сме слушнале за тоа, повеќе пати, отколку што Алачки рекла "пиперчиња" во емисија.

П.С. Знам дека ситуацијата со Егеј е наш, Букурешт, ова, она, основно знаење е тоа али ситуацијата е поинаква, сега е тоа дел од Грција и затоа го зборам како во која било држава да се дешава, само во прилог на објаснување на ситуацијата на определените фаци кои сакав да ги опишам.
 
Одлично за собириве. По однос на симболите...за жал пред се заради случувањата во Република Македонија идентификувањето со симболите на нашите во Грција можеби е комплицирано. Новото знаме не знам колку е поврзано со нив, знамето од Кутлеш претпоставувам дека нема шанси да го постават затоа можеби најдобро е да го постават нашиот земски грб - Лавот. А иначе може и да напишат и на кирилично писмо тоа им е минус од мене :-)
 
Dark King: фашизмот се уште е присутен кај јужниот сосед и сега засилено бараат закачка за да го пренасочат народното незадоволство. Мирка Велиновска пишпуваше за оваа стратегија. Ќе се сетиш дека јужнуте ги реанимираа министерствата за Македонија и Тракија (со то аискажаа отворени територијални претензии), зборуваа за уништување на Царкњас и неговата црква, почнаа да лепат налепници на Македонските таблички, итн.

Да ечи Македонска песна -- во која, патем, се пее за Александар -- под самиот нос на овие серковци е најдобриот одговор на целокупната нивна активност.

Еве го нивниот очаен одговор на фактот дека ние постоиме, фашистите од Златна Зора:



.
 
Новото знаме не знам колку е поврзано со нив, знамето од Кутлеш претпоставувам дека нема шанси да го постават затоа можеби најдобро е да го постават нашиот земски грб - Лавот.
Баш сонцето го имаат ставено. Додуша малку е модифицирана/нејасна позадината ама тука негде е ...

 
Се ми се чини дека Грците таму се свесни еден ден дека ке мора да се повлечат ,па се обидуваат да создадат нова нација Македонци или како што ги нарекуваат Македонес (Divide et imperum)...затоа им дозволуваат музика,им забрануваат јазик,им даваат модифицирано знаме (сонцето на сина позадина),модифицирани химна и модифицирана историја...впрочем и многу пати во блиско минато имам сретнато луѓе од таму како ми говорат дека се Македонци,но немаат врска со нас ни со Грците...би требало да стравуваме од евентуален ваков исход...​
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom