Сите се лажеме, комши. Тоа е една трагична консеквенца во ова време кога како личности сме станати параноични и исплашени дека интегритетот ни е на нишан, а не ни е.
Упорно бараме таргет група на истомисленици, бараме место под сонцето, се тешиме меѓу себе, а во моменти на очај, и со недостатоците на другите.
Мене секогаш ме нервирале вакви идиотски поделби. Прво и основно, нема точна дефиниција на поимот глупост, па да се земе како релевантна и да може да служи како темел за било каков аргумент на темава. Потоа, уште поретардирано е еден недефиниран поим да се препише како карактеристика која натежнува кај еден пол. Идиотарија.
Затоа, оваа, заедно со "Фала богу што сум машко/женско" темите се класичен ЧДА материјал. Делумно служат за да избивање фрустрации(реално, постојат луѓе кои се ложат на шовинистички/феминистичики муабети), а делумно се сеир. Тоа што ти мислиш дека емпириски ќе ми докажеш било што на вака имбецилна тема, ме плаши. Оти јас ништо не ти докажав. Немав ни намера. Жешко е, не се излегува, има време за да се оди на одмор, па ни останува да си муабетиме на форумов.
П.С. Види ги над мене, како муви се изналепија.