Очигледно Македонките се помалку вредни од Французинките на форумов, па некој ми ја избриша
темата за силуваната девојка во Радовиш и обид за силување во Охрид.Жално.
Следно...Ниту е Французинка, ниту па Македонка, туку Ромка и плус глувонема.И ова можда не е вредно за споменување....
16 годишна глувонема девојка исчезна во Шутка
Каде е 16-годишната Уснија Саит? Нејзините родители ја пребарале цела Шутка. Нема трага од глувонемата девојка. Сега само чекаат и се молат. Уснија од дома излегла синоќа околу 20.30 часот, да ја види свадбата во нејзиното маало. Но, повеќе не се вратила.
- Таа занимала синоќа на свадба и ја нема. Барав низ цела Шутка, кај сите другари. Ја нема нигде – вели таткото на Уснија, Шериф Саит.
Родителите уште ноќеска пријавиле дека Уснија ја нема. Полицијата им рекла да почекаат 24 часа, но тие велат дека никогаш не се случило таа да не преноќи дома. Не веруваат ни дека се омажила, бидејќи досега аберот ќе стигнел до нив. Мајката моли за помош.
- Еден апел до сите. Кој ќе ја види, да се јави на телефон или во телевизија или во полиција. Да ја донесат, да не му прават ништо. Таа е глува и не зборува – низ солзи апелира Асиба Саит – мајка на Уснија.
Другарката на Уснија со која биле заедно на свадбата, не може да си прости. Таа се вратила порано дома, а Уснија останала. Во домот на семејството Саит денеска беа собрани сите роднини. Се надеваат дека нема да им се повтори трагедијата од пред неколку години и Уснија да не ја најдат жива. Таа е прва братучетка на Трајан Беќиров, момчето кое се удави во Вардар, бегајќи од полициските алфи.
Ова е последната фотографија на Уснија, сликана во мај за полуматурското табло. Една фотографија е оставена и во МВР. Нејзините роднини се надеваат дека повторно ќе ја видат нивната ќерка. Сите оние кои имаат информации можат да се јават на телефонските броеви кои ги оставија родителите.(видете ги во видеото)
18.07.2012, 17:21