Прашања за Христијанството II

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Не е контрадикторност, бидејќи не знаеме што впрочем „значи“ задгробниот живот: тој се објаснува како вечна одделеност на човековата есенција од Љубовта, т.е. од светот во којшто верниците и атеистите уживаат; велам за западната цивилизација која немаше да ја има да не беше Христијанството. Судот, спрема тоа за неверникот „би значел“ - вечна одвоеност од началата на коишто почиваат за него привлечните западноцивилизациски поими (хуманост, слобода, љубопитност, верба, радост итн.)
Матеј 12
36 И ви велам, дека за секој празен збор, што ќе го изговорат луѓето, ќе одговараат на судниот ден;
37 зашто по твоите зборови ќе бидеш оправдан, и по твоите зборови ќе бидеш осуден.

Никаде не се вели "одвоеност", туку осуда. Значи една работа е јас по моја волја да се одвојам од нешто, а сосема друго е да бидам суден.
 
Во светов не е битно дали на некој му треба материја или дух.
Хедонизам со резултат: „успех, било каков“ - тешко.
Верата е Убава - таа е естетика на Љубовта и позитивниот пристап кон се.

Никој не вели дека Верата не е убва.

Само зависи во што веруваш.
--- надополнето: 17 јули 2012 во 00:00 ---
Никаде не се вели "одвоеност", туку осуда.
1. Значи една работа е јас по моја волја да се одвојам од нешто,
2. а сосема друго е да бидам суден.


1. Слобода.

2. Ропство
 
Што има врска тоа со патот?

ЈАс се прашувам зошто си ти Христијанин?
бегаш од одговорот ?

пс. јас сум христијанин зошто хрстовото учење ми го покажува патот кон среќата, љубовта , успехот ...
 
Материја без Дух - нема. Квантната физика јасно го кажува тоа, кажува дека има Господ.
Материја (matter) потекнува најверојатно од санскрит Māyā и означува илузија.
А тој господ како ти го дефинираш?
Уште поважно е кој си ти?
 
бегаш од одговорот ?

пс. јас сум христијанин зошто хрстовото учење ми го покажува патот кон среќата, љубовта , успехот ...

И јас сум заради истото.

Што е тука спорно?
 
Матеј 12
36 И ви велам, дека за секој празен збор, што ќе го изговорат луѓето, ќе одговараат на судниот ден;
37 зашто по твоите зборови ќе бидеш оправдан, и по твоите зборови ќе бидеш осуден.

Никаде не се вели "одвоеност", туку осуда. Значи една работа е јас по моја волја да се одвојам од нешто, а сосема друго е да бидам суден.
Ти мислиш дека ќе поминеш пред "судот" неказнет?
Нема да си дозволиш таков луксуз.
 
Ти мислиш дека ќе поминеш пред "судот" неказнет?
Нема да си дозволиш таков луксуз.

Зашто да биде казнет, оти го користи Господовиот подарок - слободната волја?

ЈАс мислам дека оние што не ја користат ќе бидат казнети.
 
Зашто да биде казнет, оти го користи Господовиот подарок - слободната волја?

ЈАс мислам дека оние што не ја користат ќе бидат казнети.
Сам ќе се казни секој на крај, и така тоа во магичен круг се додека не се излезе од истиот.
 
Матеј 12
36 И ви велам, дека за секој празен збор, што ќе го изговорат луѓето, ќе одговараат на судниот ден;
37 зашто по твоите зборови ќе бидеш оправдан, и по твоите зборови ќе бидеш осуден.

Никаде не се вели "одвоеност", туку осуда. Значи една работа е јас по моја волја да се одвојам од нешто, а сосема друго е да бидам суден.

Ја осудуваш квантната физика, последниот збор на објаснувањето на физикалните процеси - немој:)
Одговорноста и Оправдувањето пред Господа не знам како сакаш да ги толкуваш. За Осудата веќе рековме дека човек - со својата Вера и добрите дела коишто резултираат од таа Вера - од Господа не би требало да биде осуден („не би требало“ велам, бидејќи Господовиот пат до Целта - не го знаеме).
 
Сам ќе се казни секој на крај, и така тоа во магичен круг се додека не се излезе од истиот.

Јок пријателе.

Колку сакаш дискутирај и философирај, јасно е како бел ден - Господ не создал тука на планетава и ни ја дал слободната волја, за да правиме што ни е драго и мило, и да уживаме во неговите подароци, животот и слободната волја да управуваме со истиот.

Се друго е лага. Обид за потчинување на Господовите чеда.
 
Никој не вели дека Верата не е убва.

Само зависи во што веруваш.
--- надополнето: 17 јули 2012 во 00:00 ---



1. Слобода.

2. Ропство

Ниту еден Христијанин не верува слепо (ако те интересира зошто, погледни ги моите претходни постови).
Слобода за она што е корисно (когниција).
Верата не е златен кафез, Господ ако сака секогаш „можеш да станеш“ атеист; со ова пак се навраќаме на Провидението...
 
Има, и тоа може повеќе од 1000 се....нека ме поправи некој ако знае....и што мора мувата нон стоп од капа да си ја бркаш?
Да бркам мува......? :) Игорче, кога некого цитираш тоа обично значи дека лично му се обраќаш.

Како го објаснувате актот на казнување од страна на совршено битие? Казнува оној што смета дека казнетиот му наштетил со неговите постапки - направил нешто против негова волја. Ако Бог е семоќен и сезнаен, како се случило да создаде креација која е против неговата волја?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom