Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
7 јуни 2012
Мислења
214
Поени од реакции
6
Чекај сега! Мудрувањето на телото било непријателство против бога?! А кој го создал телото?
Каков е тој бог, за кој тврдите дека е совршен, ако создал битија со особини кој ќе бидат непријателство против него?! Во христијанската теологија се тврди дека бог е сезнаен, дека ги знае сите можни исходи, зошто создавал особини кај својата креација кој ќе бидат непотребни и грешни?

Упс...заборавив, вие размислувањето го сметате за грев. :confused:
Непотребното служи за да се Знае и Цени значењето на Потребното.
--- надополнето: 16 јули 2012 во 22:45 ---
Така е.Во Битие нема Сонце,но има две светила,од кои поголемото ќе владее со денот(се подразбира Сонце).
Се разбира; 1 Сончев систем, 1 Сонце, 1 Земја, 1 Месец, и 1 Јупитер.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Непотребното служи за да се Знае и Цени значењето на Потребното.
Точно. Тогаш која е целта на судниот ден? На казните и наградите?
Ако "непотребното" сепак е потребно, т.е. има цел за која е создадено, зошто да се казнува?
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
214
Поени од реакции
6
Врз основа на што е направена поделбата на денови,споменати во Битието од Стариот Завет,кога Сонцето било создадено дури 3.ден?Човековата претстава за 1 ден е времето кое е потребно Земјината топка да ја помине својата патека околу Сонцето.Според што се ориентирал Бог?
--- надополнето: 16 јули 2012 во 17:32 ---
Битие 1:29:
И Бог рече: „Еве, ви ги давам сите треви, што се осеменуваат, по целата земја, и секое плодоносно дрво, што го носи своето семе во себе: нека ви биде за храна!
Од ова произлегува дека еден верник комотно и со верба во Бога може да ужива во насладите на марихуаната и опиумот.Зошто се тогаш забранети од страна на црквата?
--- надополнето: 16 јули 2012 во 17:37 ---
Битие 2:3:
И Бог го благослови седмиот ден, и го освети, зашто во него се одмори од сите Свои дела, кои ги создаде Бог и ги направи.
Како ги објаснувате овие стихови?Зарем едно семоќно битие кое има моќ да создаде се што постои во нашиот Универзум има потреба од одмор?
Замисли ја радоста на роднините, пријателите, итн. на бившиот наркоман. Црквата, односно Св. Павле, вели дека се ни е допуштено, но не ни е се од (позитивна) полза.

Не се тоа стихови Диктатор, туку човековата способност на друг човек да му ја приближи Божјата активност. Не можеш во потполност да зборуваш за Господ, бидејќи сето е во Него; гледаш дека е невозможно човековиот ум да му се приближи на Божјата есенција, така да кажам.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614

Каква е твојата способност да ни ја приближиш Божјата активност? Можеш ли, за да рабереме и ние?
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
214
Поени од реакции
6
Точно. Тогаш која е целта на судниот ден? На казните и наградите?
Ако "непотребното" сепак е потребно, т.е. има цел за која е создадено, зошто да се казнува?
Господ го создал човекот за Себе, за да постои Љубов помеѓу Господ и човекот и Господ; го создал да има живот во потполност, во когниција, во совест, во Вера во Вечен Живот (овој поим не може да се објасни, туку само да се доживее преку искуството во Верата), Господ толку го љубел човекот - затоа му дал слободна воља; човек не е „Божји роб“.
Не знаеме како, кого, зошто итн. Господ казнува, „За Господ се е можно“.
Горното е Христијанската димензија на човековите норми, односно Западниот свет сета своја таканаречена неверност кон Господ, на Господ и ја должи.
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
214
Поени од реакции
6
Каква е твојата способност да ни ја приближиш Божјата активност? Можеш ли, за да рабереме и ние?
Поверувај, и Св. Дух ќе те однесе чекори поблиску до приближувањето на „Божјата активност“. Всушност, Божјата активност не е активност, туку едно посебно значење (зборот „значење“ е човеков пристап кон „Провидноиста“) коешто се вика „Провидност“.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Поверувај, и Св. Дух ќе те однесе чекори поблиску до приближувањето на „Божјата активност“. Всушност, Божјата активност не е активност, туку едно посебно значење (зборот „значење“ е човеков пристап кон „Провидноиста“) коешто се вика „Провидност“.

Што да правам јас со провидноста, во овој материјален свет?
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не знаеме како, кого, зошто итн. Господ казнува, „За Господ се е можно“.
Тогаш како може да прифаќаш како вистинито нешто за кое велиш дека незнаеш зошто е така? Самиот кажа и јас се согласив со тебе дека нема "непотребни" особини, и дека се служи на некоја цел - "непотребните" се потребни за да се Знае и Цени значењето на Потребното, нели? Ова се твои зборови.
На кој начин христијанството ги усогласува овие два ставови? Дека се има цел - и дека на крај ќе има судење, казнување и наградување? Тоа се комплетно контрадикторни ставови.
Ако христијанството му дава на Бог сезнајни и семоќни особини, тогаш во тоа сценарио едноставно не се вклопува судењето, казнувањето и наградувањето...освен само во еден случај - Садизам.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Што да правиш? Предај му се на Господ, на себеси во Господ, и на сите други околу тебе, пак, во Господ.
Абе, зашто да му се предадам нему?

Поубао е да се предадеш на еден куп жени.

Пак те прашувам, што имам ќар од тоа предавање.
 
Член од
7 јуни 2012
Мислења
214
Поени од реакции
6
Тогаш како може да прифаќаш како вистинито нешто кое не го разбираш? Самиот кажа и јас се согласив со тебе дека нема "непотребни" особини, и дека се служи на некоја цел - "непотребните" се потребни за да се Знае и Цени значењето на Потребното, нели? Ова се твои зборови.
На кој начин христијанството ги усогласува овие два ставови? Дека се има цел и дека на крај ќе има судење, казнување и наградување? Тоа се комплетно контрадикторни ставови.
Ако христијанството му дава на Бог сезнајни и семоќни особини, тогаш во тоа сценарио едноставно не се вклопува судењето, казнувањето и наградувањето...освен само во еден случај - Садизам.
Ако подлабоко се погледне во твојов пост, ќе се види дека е тенденциозен (се на светов, без да се земе Верата во Господ предвид би било тенденциозно).
Едноставно: Господ ти дава слободна волја и се труди околу тебе (околу верникот и неверникот) за да љубиш во Господа; ти со, т.е. во совесната молитва си во непрекиден однос со Седржителот Остави го казнувањето понастрана, тоа ниту е битно ако живееш во Господа, тоа ниту не те тангира. Во јајцето нема да бараш влакно. Затоа Господ со толкава едноставност се објави во Новиот Завет. Бивствената оддалеченост на Бог и човекот е несогледлива, плитко да се изразам.
--- надополнето: 16 јули 2012 во 23:28 ---
Абе, зашто да му се предадам нему?

Поубао е да се предадеш на еден куп жени.

Пак те прашувам, што имам ќар од тоа предавање.
Мислиме дека сето тоа што го велиме му е од важност на Провидноста? А, можеби и му е. Релативност со цел, бесконечен низ на успони и падови, очајности и воодушевувања: тоа е човековиот Пат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom