Војните на просторите на бивша СФРЈ беа секако од етнички и верски карактер, но првенствено беа поради територијални претензии(стари со векови) ............. Словенија и Македонија лесно пројдоа, во Словенија неколку дена хорор и крај, Македонија на мирен начин се одвои(за среќа) ......... но проблемите и војните во Хрватска и БиХ траеа до крајот на 1995 год. !
Србите кои биле 600 илјади во Хрватска и скоро 1,5 милиони во БиХ(37%) сакале да си се спојат со Србија т.е. да живеат во една држава Србија, а не во независна Хрватска, ниту пак во независна БиХ и тука почнало да тече маслото и да се пали огнот ............ Србите ја изгубиле Република Српска Краина во Хрватска и плус доживеале масовно иселување од Хрватска(денеска во Хрватска има 200 илјади Срби, а тогаш до пред операцијата Олуја во Август 1995 год. имало повеќе од пола милион Срби во Хрватска), во БиХ Србите на почетокот од војната држеле 70% од територијата на БиХ за да кон крајот на 1995 год. тој % се сведе на 49% од територијата на БиХ(Република Српска) ......... инаку во војната во Хрватска стапот го имаат изедено повеќе Србите, додека пак во БиХ најмногу пострадале Бошњаците(Муслиманите) т.е. 60% од жртвите во Босанската војна биле Бошњаци, 30% Срби и само 10% Хрвати ........... ова според извори од ООН ........ Бошњаците се на некој начин етнички очистени од источна Босна т.е. од регионот Подриње, а од друга страна па и доста Срби се етнички очистени од деловите на БиХ кои потпаднале под Бошњачка и Хрватска власт ........... така да според Дејтонскиот мировен договор БиХ е составена од два ентитета: Република Српска(со ~90% Српско население) и Бошњачко-Хрватска Федерација т.е. Федерација Босна и Херцеговина(со преку 90% Бошњачко и Хрватско население) ........... Сарајево е главен град на Федерацијата БиХ, како и главен град на целата земја, а Бања Лука е главен град на ентитетот Република Српска ........ Сарајево до пред војната бил мулти-етнички град во кој имало висок процент на Срби и на Хрвати ........... но после војната овој град(кој патем доживеал скоро 4 годишна опсада од војската на Босанските Срби) денеска е доминантно населен со Бошњаци ............. доколку се земе % на ниво на цела држава БиХ имаме: Бошњаци 45%, Срби 37%, Хрвати 17% и 1% други !