Како прво многу ме нервираат коментарите од типот: „и провинцијата доби фабрика“, “зошто во Кавадарци“, „сиромашен град“... Соберете 5 града колку Кавадарци нема ни до пола да му бидите, единствена конкуренција е Струмица, и толку. ФЕНИ (1200 работници со плата од мин. 24 000 денари, и плус уште 800 кои се индиректно вклучени со нив, со фершпед, ватростална, камиони, шлепери), ИГМ (550 вработени, со различни плати во зависност од позициите), Алијанс, (со различни плати во зависност од позициите, но мислам дека минималната е 14 000 денари). Тиквеш винарија и уште 100тина мали винарии. Тука е земјоделството и лозарството. Хотели, дисконти, продавници, редовни автобуски линии до сите градови во и надвор од државата што не е случај со другите градови, редовни градски и приградски автобуски линии. Кожувчанка и Синалко имаат над 300 вработени (во кавадарци и горе во мрежичко). Ќе се отвора и пивара германска, веќе во изградба е. Се очекува мин. 80 вработени. Секоја можна банка и поголема осигурителна компанија што постои во Македонија. И плус уште некои помали фабрики до 100 вработени, за метал, конфекции, пластика, тука е Урбан Инвест, Градба Промет, Планум, Пер-Инжинеринг, Металекс и сл. Има 5-6 училишта, 3 средни, дисперзирани студии и сл. Настрана политиката што ја имаат да не вработуваат повеќе од 1 член од фамилија(важи за сите фабрики) со цел сите да бидат вработени во Кавадарци. И така е, тие што се жалат дека немаат, до нив е, нив не им се работи... а работа барем во Кавадарци има за секого. Овде го ставам на друга страна земјделството и лозарството, а секој втор има лозје, градина или овоштарник. А сега со отварањето на оваа новата фабрика, без разлика дали ќе бидат 1000-2000-3000 ќе има баш за секого, плус што ќе има уште многу што индиректно ќе работат со фабриката, а и плус мотив младите да одат на факултет, да го завршат брзо и да се вработат. Предност би имале машински и електро, но секако дека моментално секаде е важно интервјуто, дипломата е само карта за на интервју. Значи баш денес видов како турбо се гради, баш турбо! Кога поминав пред 2 недели беше само одредено местото и заградено каде ќе се гради, сега е цело срамнето, вода и струја спроведено, израмнето, затепано. Сериозно е. И Ако ги собереме работниците од да речеме 10те највлијателни фабрики... има околу 3000, само од фабриките. Каде е малопродажбата и помалите фирми. А КАДЕ Е ГЕРМАНСКАТА ФАБРИКА, КОЈА ДОПРВА ЌЕ ВРАБОТУВА. И не сакам да чујам повеќе коментари за Кавадарци. Сериозно еден од најбогатите градови на Балканот. Да, на Балканот.