Кушадаси

Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Дали некој ќе може повеќе да каже за цените т.е влезници за дискотеки ( слушнав скапи биле), пијалоци во дискотеките, кафиќи ( слушнав пиво 5-6 евра, коњак 7-8 евра), пијалоци и кафиња на плажа, лежалки на плажа, јадење без разлика ресторан или некое помало место ама со разумна цена, за колку евра ќе може да јадеш убаво а да не те боли глава кога ке претвориш во денари :). Гледав аражман од 180 евра, хотел со две **, така да ме интересира колку уште би било доволно за да си поминеш убаво, да не се стискаш таму, да излезеш 7-8 пати да посетиш аква парк еднаш- два пати, па да видам дали мојот скромен буџет од 500 евра ми го дозволува Кушадаси :)
Абе ептен скромен буџет:vozbud: Со тој буџет можеш со авион да одиш и алл инклузив во хотел со 4 ѕвезди не 2 :ROFLMAO:
А вака со 2 ѕвезди ако одиш можеш да си поминеш одлично за тие пари па дури и многу се ама зависи колку ќе трошиш тоа си е индивидуално некој ќе си помине за помалку од тие пари некој за повеќе, а влезница во аква парк е 15 евра.
 
Член од
4 јули 2012
Мислења
70
Поени од реакции
44

Незнам дали ме разбра убаво, јас имам буџет од 500 евра ама заедно со 180 евра за патот и хотелот така да ми остануваат 300 евра за трошок, кои доколку пиво е 4 евра на плажа, кафе 3 евра на плажа, јадење 10 евра, влезници 10 и повеќе евра, пијачки тамо над 7-8 евра, тешко да ќе ми стигнат. Може нешто повеќе за цените, ако си била брзо таму.
 
Член од
6 јули 2012
Мислења
1
Поени од реакции
0
Дали некој бил и може да препорача некој хотел со 2* во кушадаси? Преку која агенција одите? Јас лично се мислам со Нехар имаат привлечни аранжмани ама прочитав некои лоши работи за нив по форуми што ме става во мисла дали да им го доверам одморот.
Дали некој бил во Sunny Hill Hotel или во Baris Apart Hotel, па да напише збор два за условите?
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.848
Ако идете во Кушадаси, а не го посетите АкваФантази аквапаркот не сте виделе ништо. :D
 
M

macgowan

Гостин
Дали некој бил и може да препорача некој хотел со 2* во кушадаси? Преку која агенција одите? Јас лично се мислам со Нехар имаат привлечни аранжмани ама прочитав некои лоши работи за нив по форуми што ме става во мисла дали да им го доверам одморот.
Дали некој бил во Sunny Hill Hotel или во Baris Apart Hotel, па да напише збор два за условите?
Да ти предложам нешто?
Да си платиш само превоз до Кушадаси а сместување да си најдеш преку нет, дали апартман или хотел, ќе си одлучиш по понудата.
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Да ти предложам нешто?
Да си платиш само превоз до Кушадаси а сместување да си најдеш преку нет, дали апартман или хотел, ќе си одлучиш по понудата.
Јас мислам дека поефтино или исто е преку агенција , мислам за во хотел за приватно сместување незнам како се цените, ама јас лани истата цена за хотелот што ја платив преку агенција си ја пишуваше и на веб страната на хотелот. На агенциите им даваат групни попусти па понекогаш е поисплатливо преку нив.
Инаку што услови може да се очекуваат во хотел со 2 ѕвезди. Ни со 3 ѕвезди хотелите не се сјајни претежно се стари хотели ама за тие пари не е логично да се очекува којзнае што нели само колку за сместување добар ќе е и локацијата е најважна за мене, за во Кушадаси препорачувам во центар да е, за навечер за шетање е полесно така зошто последните автобусчиња од центар тргаат во 12.00.
 
Попусти даваат на агенции кои директно откупуваат и помасовно - типот `апартмани во Неа Потидеа или Неи Пори
Делумно е така, но...
Зависи за што се работи, често даваат попуст екстра кога директно ќе се договориш со нив, не преку `посредник`-конкретно лани во Сиде платив 10% помалку од цената која беше објавена на booking.com кога се договорив директно со нив да им платам во кеш кога ќе стигнам а исто така и за апартманот кој го ангажирав во Фетије(таму беше ангажиран преку hollidaylettings.com) и се разбрав директно со сопствениците Англичани.
Имам одено Кушадаси и преку агенција од кај нас а имам и ангажирано директно преку нет, па добив попуст од 5%-конкретно за Хотел Имбат на Лејдис.
Апартманско сместување има многу квалитетно за ефтини пари. Истото и за тие хотелчиња од 2 или 3 ѕвезди(да бидеме начисто - вреднувањето и добивањето на ѕвездичките во Турција е посебна приказна...)па такви се 80% од хотелите...
Само треба да се бара, да се ровари повеќе.
 
Член од
28 април 2009
Мислења
750
Поени од реакции
507
Дечки бил некој годинава во Кушадаси. Да ми каже како се движат цените за јадење (пици, сендвичи, итн..), па и да предложи некое добро ресторанче :)
 
Член од
22 ноември 2008
Мислења
596
Поени од реакции
99
Попусти даваат на агенции кои директно откупуваат и помасовно - типот `апартмани во Неа Потидеа или Неи Пори
Делумно е така, но...
Зависи за што се работи, често даваат попуст екстра кога директно ќе се договориш со нив, не преку `посредник`-конкретно лани во Сиде платив 10% помалку од цената која беше објавена на booking.com кога се договорив директно со нив да им платам во кеш кога ќе стигнам а исто така и за апартманот кој го ангажирав во Фетије(таму беше ангажиран преку hollidaylettings.com) и се разбрав директно со сопствениците Англичани.
Имам одено Кушадаси и преку агенција од кај нас а имам и ангажирано директно преку нет, па добив попуст од 5%-конкретно за Хотел Имбат на Лејдис.
Апартманско сместување има многу квалитетно за ефтини пари. Истото и за тие хотелчиња од 2 или 3 ѕвезди(да бидеме начисто - вреднувањето и добивањето на ѕвездичките во Турција е посебна приказна...)па такви се 80% од хотелите...
Само треба да се бара, да се ровари повеќе.
Како се движат цените за приватно сместување, пример двокреветни по човек и како се опремени? И некој линк ако може никогаш не сум резервирала преку нет па незнам многу како идат тие работи само преку нет резервираш или треба и да се јавиш
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.297
Поени од реакции
568
Дали примаат Еур или исклучиво Лири? Дали може од овде да се купат Лири?
 
Гледај овде:
http://www.holidaylettings.co.uk/
http://www.alwaysonvacation.co.uk/
http://www.holiday-home-rentals.co.uk/europe/turkey/
http://www.ownersdirect.co.uk
http://www.homeaway.com
и други слични има еден куп, кои се доста веродостојни во она што се нуди. Кај Англичаните нема блефирање и зафрканции. Јас имам супер искуство. Како се опремени види самата, да не коментирам.
Потоа види ова:
http://www.airbnb.com а има интересни работи и на roomorama.com

Заборавив, имаш и vacation rentals на tripadvisor, пробај и таму има доста голема понуда.
Принципот е на испраќање на барање за цена и достапност за одреден период, кој директно се препраќа до сопственикот на апартманот и потоа директно контактираш и се договараш со него по мејл, скајп или поинаку. Плаќањето е исто по договор. Јас лани платив кеш на лице место, mr.Keating ми веруваше и ми рече плати му на домарот 800 лири на рака и ќе ти го даде клучот и така бидна!
Тел.разговор нема никаква потреба.

http://www.kusadasihotels.com/ преку овие имам најдено и плаќано за Кушадаси, со картица 30% а остатокот во кеш неколку дена по пристигнувањето - во хотелот.

Што се однесува на booking.com и сличните сајтови има тема на форумов таму имавме пишувано доста мислам. Ако треба некое инфо слободно прашај.
--- надополнето: 14 јули 2012 во 12:09 ---
Дали примаат Еур или исклучиво Лири? Дали може од овде да се купат Лири?
Нема потреба од купување лири оттука.
Може и плаќање во евра ама види го курсот кој е за да не те маткаат безвезе. Посебно се однесува на тие кои ќе патуваат со кола, за бензинските пумпи - обавезно прашување дали може плаќање со евра - па ќе ти речат ок, па ќе влезеш внатре да се `разберите` и да платиш. Таму ќе заигра дигитронот(на англиски не се надевај многу разбирање по пумпите, кои пак се на секој 500м)и слободно може да се `наткачи` курсот на пр.ако го смета еврото 2,2 а курсот е 2,5лири ти пиши му слободно по твое и прави фаци типот `не ме прај будала, бате!` и нема проблем. Ова важи уствари за случаи на плаќање во евра за секаде во Турција. Од пумпи до бутици и ресторани се до плаќање за јавен тоалет. Секаде има некој што ќе се прави паметен да да скини понекој цент.
Ова го кажувам од прва рака, по доста расправање по бензински и по дуќани.
 
Dzings

Premium
Член од
31 март 2007
Мислења
1.804
Поени од реакции
53
Да кажи немој искуство од патување низ турција? Како е најдобро, најефтино: автобус, комбе, воз, преку вода или шо знам.....на релација Бодрум- Измир- Кушадаси
 
Член од
4 мај 2011
Мислења
1.297
Поени од реакции
568
Во Кушадаси има многу други нешта освен плажа и море за да се видат и вредат ... Ефес, Памуккале, Артемис ...
 
STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.680
Поени од реакции
14.562
macgowan

Друже, знам дека ти ќе ме оправиш :D

За двојца луѓе т.е пар колку би фатило во евра?
Не планираме да мизеруваме, ама не ни планираме да се луксузираме, значи средно-жалосно :)
Смештај... двокреветна соба или некое хотелче

Лично имам одено фамилијарно пред 6-7 години, ама не ги знам цените во поново време...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom