Се случило, се случило, како не. За сосем банални работи, навистина, но признавам дека ми пречи и не знам што да мислам. Различни настани, околности и слично, кои ми се случиле (или пак знам дека се случиле на заеднички познаник), за релативно брзо време стануват туѓи спомени, кои учесникот знае да ги раскажува пред други, неретко и во мое присуство.
Како дете реагирав, сега не ми е гајле. Ама е показател за некои работи, како на пример за непотребна искомплексираност и поради тоа и за желба, помалку или повеќе свесно, барем на овој начин да се збогати сопствената автобиографија. Секако, има и такви кои сосем свесно и бесрамно, си го плагираат животот.