eBay (официјална тема)

Член од
18 јуни 2008
Мислења
50
Поени од реакции
16
Ако му треба на некој ќе му завршам услуга, да му купам нешто до 100 долари. За повеќе контактирајте ме по приватна порака.
 

-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Јас мислам дека едно време имаше paypal и во Македонија, но пошто се правевме многу паметни и го укинаа.
Немало, а нема ни да има (барем не во наредниве 5-10 години)
 
Член од
2 февруари 2006
Мислења
1.500
Поени од реакции
160
Сакам да купам нешто од E-bay.електроника 3 производи со вредност некаде околу 350-400 долари.
1.Дали можмо да се нарача нешто од E-bay од Македонија
2.Доколку е тоа можно каква картичка треба да се користи и од која банка
3.Каква е процедурата дали плаќањето оди преку PAY-PAL Односно да се регистрираш преку Словенија и такви некои работи
4.Доколку е можно сето горе наведено за колку време отприлика стигнува пратката
5.На Некои од овие производи што сакам да ги нарачам пишува Free Shiping дали значи дека за нив не морам ништо да плаќам односно дополнителни трошоци
6.Дали овие производи ти стигнуваат директно на домашна адреса или морам доколку треба да се плати царина треба да ги земам од друго место (знам дека обично кога ти доаѓа пратка ја земаш од пошта плаќаш поштарина итн.)
7.Од кој Е-bay е подобро да се порачува од американскиот или англискиот
Ќе му бидам благодарен на секој кој што може да одвои малку време да ми објасни процедури,постапки итн.
Поздрав и фала однапред:)
1. Можно е зависи од продавачот дали има worldwide shipping. Ако нема во секој случај можеш да му пратиш порака и да го прашаш
2. Пак зависи од продавачот, некои сакаат стриктно Paypal, кај некои може и со картица или банкарски трансфер. Ако не пишува прашај го него
3. Незнам каква е преку словенија, али треба да имаш сметка/картица во страство и тогаш се отвара одма.
4. Пак зависи од каде и на кој начин е пратена. Обично пишува на производот а ако не прашај го продавачот
5. Ако пишува Free Shipping (биди сигурен дека горе ти е наместено за Македонија) тогаш немаш трошоци за транспорт. Царина и сл. е друга приказна
6. Ако треба да платиш царина тогаш ја зимаш (за скопје) од под нова железничка тоа поштата/царината што и да е таму :)
7. Глеј кај е најефтино и кој ќе ти прифати да ти продаде со банкарски трансфер. И прати репутација на купувачот зашто ризик со банкаркиот трансфер е да пратиш пари он ништо да не ти прати тебе.
 

|И.И|

говно интерашко
Член од
24 јуни 2008
Мислења
5.566
Поени од реакции
6.696
Јас нарачав од пред 2 недели и денес ми стигна пратката, станува збор за пратка под 50 долари така да немам додатни трошоци дека беше фри шипинг. Има еден дечко од kupiodinternet на фесбук и со него контактирав. Ми зема некој 200 денари провизија ама ми стигна пратката.Задоволен сум од услугата и сега ке нарачувам уште ,, (y)
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
На дечко ми му стигна телефон, кинеско срање за 40 долари си го купи, купуваше и слушалки и други глупости и до сега се има стигнато, по околу 20 дена се чека. |И.И| ако сакаш некогаш нешто да купиш, пиши ми :)
 
Член од
30 ноември 2009
Мислења
2
Поени од реакции
0
Официјално никогаш немало како што знам, имаше финта да се регистрираш преку друга земја, али мислам дека го открија тоа и сега не може некој што сака нова сметка да си отвори и да се регистрира, само оние што веќе имале направено до пред да го откријат тоа.
има и сега..
***Прибидејќи добив многу пораки во кои се прашуваше која држава да се стави, регистрирајте се со Словенија, Бугарија или Хрватска***

Значи драги мои, успеав да ја регистрирам мојата нова(продолжена во Октомври 2011) виза електрон од тутунска на пејпал :)
Во Октомври кога ми заврши старата што ми беше регистриана на пејпал, пробував да ја регистрирам новата и како и на сите други ми ја препознаваше дека не е од Македонија и не ми ја регистрираше.
Е сеа, како ја регистрирав. Логирајте се на пејпал, одете наMy Account -> Withdraw
и тука кликнете Withdraw funds to your card
Па одете на Add Card и внесете ги податоците што се бараат од вас (внесете го бројчето на картичката со како што е покажано на примерот, со празно место после 4 бројки). Стиснете Add Card.
Сега одете на My Account и десно кај Notifications треба да има нешто во стилот на Confirm credit/debit card и кликнете на тоа
*За следниов чекор треба да имате барем 1.5 евра на картичката
Тука ќе има нешо Confirm или Continue стиснете на тоа. Следно ќе имате нешо вакво


И ваљда ќе ви стигне порака на мобилен дека сте направиле успешно плаќање блабла и ќе го пишува кодот (PP*XXXX).
Ако не ви стигне порака, ваљда ќе треба да почекате некој ден да се изврши целосно транскацијата и ќе си го видите кодот на интернет кај што проверувате сметка или прашајте во банка.
Сега повторно во My Account од десна страна кајNotifications треба да има нешо Confirm/Enter Code или шо и да беше, стиснете на тоа, внесете го кодот и готово.
работи и со нови виса картички.. проверено
 
Член од
21 март 2010
Мислења
16
Поени од реакции
12
Вака.... Ова ми е прво искуство со порачување од ebay, така да ке бидам благодарен ако некој ми објасни поопширно околу примањето на порачката.
Порачав item од ebay што требаше да пристигне за некои 20-30 дена. Поминаа тие 30 дена, причекав уште некој ден плус, од порачката ни трага ни глас. Го исконтактирав продавачот, и го известив дека порачката не е воопшто пристигната. Тој ми даде 2 опции: да ја препрати повторно порачката или пак да ми ги врати парите. Јас одбрав да ми ја препрати порачката повторно.

Е сега... Моја должност е да се јавам во пошта и да проверувам дали пристигнала нарачката, или треба да очекувам известување од нив кога ке пристигне порачката?
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Вака.... Ова ми е прво искуство со порачување од ebay, така да ке бидам благодарен ако некој ми објасни поопширно околу примањето на порачката.
Порачав item од ebay што требаше да пристигне за некои 20-30 дена. Поминаа тие 30 дена, причекав уште некој ден плус, од порачката ни трага ни глас. Го исконтактирав продавачот, и го известив дека порачката не е воопшто пристигната. Тој ми даде 2 опции: да ја препрати повторно порачката или пак да ми ги врати парите. Јас одбрав да ми ја препрати порачката повторно.

Е сега... Моја должност е да се јавам во пошта и да проверувам дали пристигнала нарачката, или треба да очекувам известување од нив кога ке пристигне порачката?
Има ли нарачката тракинг број? Ако има можеш да ги контактираш во пошта. Ако немаш нема да можат да ти помогнат.. На ебеј доколку е вредна нарачката обавезно барај од продавачот да ја прати со Tracked Air Mail за да не се изгуби. Оваа опција е поскапа од обично пратена нарачка.
 
Член од
21 март 2010
Мислења
16
Поени од реакции
12
Има ли нарачката тракинг број? Ако има можеш да ги контактираш во пошта. Ако немаш нема да можат да ти помогнат.. На ебеј доколку е вредна нарачката обавезно барај од продавачот да ја прати со Tracked Air Mail за да не се изгуби. Оваа опција е поскапа од обично пратена нарачка.
Нарачката не е вредна, се работи за некои 14 долари.
Во фактурата ми пишува дека се работи за USPS First Class Mail International.

Tracking number не гледам никаде... Го пишува како tracking number или само бројки?

Фала
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Нарачката не е вредна, се работи за некои 14 долари.
Во фактурата ми пишува дека се работи за USPS First Class Mail International.

Tracking number не гледам никаде... Го пишува како tracking number или само бројки?

Фала
Ако почнува бројот со R тој е тракинг број. Пример RA е со авион и т.н.
 
Член од
21 март 2010
Мислења
16
Поени од реакции
12
Бројот на нарачката е составен од 12 бројки, нема R или RA.
Чаре?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom