сестра Макрина - Црква

Статус
Затворена за нови мислења.
Две убави заблуди со кои христијанството (како религија која проповеда дека царството божје ќе било на сиромашните и бедните по дух) се обидува да ги уништи на емоционална основа креативните и работните луѓе.

Така и во реалноста, само сиромашните и бедните по дух се тешат со нив.

Царството божје им припаѓа на богатите по дух, а не на оние кои освен материјално богатство немаат ништо друго.

Ниедна религија не може да ти ја уништи креативноста и работливоста. Напротив, човекот кога креира и работи нешто од љубов, а не од алчност е најблиску до Господ.

Сите големи мислители, бизнисмени и иноватори велат дека инспирацијата ја добиваат од некој надворешен извор, од некоја сила која е многу помоќна од нас.

Да речеме дека твоите родители не се музикални, а ти имаш талент од мал и стануваш музички виртуоз. Што е тоа, ако не Божја дарба? Тоа е подарок, но ако го користиш од погрешни побуди (суета, его, материјализам), верувај дека кога тогаш ќе пропаднеш.

Богат сум со пари,и богат сум со луѓето што ме прават среќен.
Си купуваме пиење и јадење и седиме кај некој во двор. На НАШ имот шо го плаќаме, а не божји имот. На документите за куќата ме пишува мене,а не господ[/quote]

Кажи им на луѓето што те опкружуваат дека немаш пари...тогаш ќе видиш кој навистина те сака.
Сите ние сме само гости на овој свет, да не речам кираџии кај Господ :) Не заборавај дека силата која ние ја викаме Господ, Алах или ја ословуваме со некое сосема трето име е таа која ти овозможила на овој или оној начин, да стекнеш и имаш имот. Почитувај го тоа.
Ова е како да си дошол кај некого на гости или под кирија и му велиш на домаќинот: Што имаш бе ти, не си ти газда на куќава, туку јас.
На документите за куќата те пишува тебе, но Господ одлучува до кога ќе биде така.
 
Царството божје им припаѓа на богатите по дух, а не на оние кои освен материјално богатство немаат ништо друго.
Матеј 5:3
" Блажени се бедните по дух, зошто нивно е царството небесно! "

Му контраш на Матеј апостолот?

Ниедна религија не може да ти ја уништи креативноста и работливоста. Напротив, човекот кога креира и работи нешто од љубов, а не од алчност е најблиску до Господ.

„Секако! Јас вредно работам секој ден, од утро до мрак, за да заработам уште повеќе.“
Значи не украл, не убил, не ограбил. Вредно работел секој ден, со своја пот. Тоа што сакал да има повеќе очигледно не е христијански концепт, или може е (гледајќи ги примерите од т.н. “свештени“ лица), ама го извртуваат во обид да манипулираат и контролираат.
 
Матеј 5:3-12
" Блажени се бедните по дух, зошто нивно е царството небесно! "

Му контраш на Матеј?

Со оглед на тоа дека Библијата е преправана и едитирана едно 5-6 пати, си земам за слобода да кажам дека не се согласувам со таков став, па дури и да пишува дека Исус лично го кажал.

Добро знам дека секоја религија, особено христијанската, меѓу останатото, се користи и како инструмент за држење на народот во покорност и незнаење. Научете да препознавате суштински нешта од она што некој го вметнал со текот на времето.

Не сум религиозен фанатик, ги почитувам сите религии, но не морам нужно да се согласам со се што некој напишал. Битно е да се согледа суштината на секоја светска религија. Не се толку различни како што на прв поглед делуваат:)
 
Кажи им на луѓето што те опкружуваат дека немаш пари...тогаш ќе видиш кој навистина те сака.
Сите ние сме само гости на овој свет, да не речам кираџии кај Господ :) Не заборавај дека силата која ние ја викаме Господ, Алах или ја ословуваме со некое сосема трето име е таа која ти овозможила на овој или оној начин, да стекнеш и имаш имот. Почитувај го тоа.
Ова е како да си дошол кај некого на гости или под кирија и му велиш на домаќинот: Што имаш бе ти, не си ти газда на куќава, туку јас.
На документите за куќата те пишува тебе, но Господ одлучува до кога ќе биде така.

Ау да, ти знаеш мене кој ме сака, а кој не. Девојко неможеш ти мене да ме убедуваш ништо, воа ти тука шо го пишуваш за мене се глупости, од секогаш биле и секогаш ќе бидат. Јас не сум дошол никаде на гости, кој филм те пука? Татко ми работел за да ја направи куќава каде што живеам! Ме тераш да објаснувам со глупави примери оти стварно ништо не разбираш. господ нема влијание врз никого, тоа е самата психа на луѓето кои си зацртале нешто во главата и тешко дека ќе испадне..
 
Немам појма кој, колку и дали те сака, ти си знаеш, само ти реков да го провериш тоа, а ти реагираш како да сум ти брцнала в око. Од што се уплаши?
Не знам со што заслужив ваков агресивен одговор од твоја страна, кога најдобронамерно се обидов да ти укажам на некои работи. И да не се согласуваш, можеш културно да кажеш, наместо да навредуваш.
Ама нема проблем, ќе се спуштам на твој ниво, ако веќе сакаш да играме така.
Ако мислиш дека пишувам глупости на темава, слободно префрли се на некоја друга. Ова е тема за духовност, а не за фалење колку си богат со материјални нешта.
За промена, направи си сам своја куќа, наместо да се курчиш со куќата на татко ти. Тоа е негов (материјален) успех, не твој. Куќите, становите и парите не се никаков показател за твојата човечност.
И за крај ти посакувам од се срце еден ден да го осетиш влијанието на Господ...па потоа врати се, ќе разговараме како луѓе. А дотогаш, ќе ги игнорирам твоите постови, бидејќи не вреди ништо да му објаснувам на човек кој не сака да слушне.
 
Со оглед на тоа дека Библијата е преправана и едитирана едно 5-6 пати, си земам за слобода да кажам дека не се согласувам со таков став, па дури и да пишува дека Исус лично го кажал.
Преправана?!? Нееееее...!!! :eek:

Добро знам дека секоја религија, особено христијанската, меѓу останатото, се користи и како инструмент за држење на народот во покорност и незнаење. Научете да препознавате суштински нешта од она што некој го вметнал со текот на времето.
Суштинските нешта да им ги објасниш на религиозните фанатици кои колат и дигаат у ваздух ради тие “суштински нешта“.

Не сум религиозен фанатик, ги почитувам сите религии, но не морам нужно да се согласам со се што некој напишал. Битно е да се согледа суштината на секоја светска религија. Не се толку различни како што на прв поглед делуваат:)
Може не се различни у суштина. Ама у суштина.
Ипак, викаат ѓаволот бил у деталите.
 
сестра Макрина - Црква
sestramakrina-nova.jpg
Црква

МПЦ , Честит јубилеј!
(45 години афтокефалија)
Македонијо, радувај се!
Во своето послание до Коринтјаните апостолот вели: кога страда еден орган, тогаш страдаат сите органи; и кога се слави еден од органите, тогаш со него се радуваат сите органи... (1кор.12,26) Со други зборови, ако се спасувам јас, се спасуваат сите со мене, а ако пропаѓам, пропаѓаат многумина заедно со мене. Ова кажува сè за природата на Телото Христово коешто е црквата – црквата како дом Господов (од грчкиот збор – киријакон), но истовремено и евхаристиска, благодарствена заедница (еклисиа) на сите нејзини членови, крстените верници со силата на Светиот Дух. Слегувањето на Светиот Дух коешто се случи на денот на Педесетница во Ерусалим, воедно се смета за роденден на Црквата. Суштински, Црквата е основана од Самиот Господ Исус Христос за што сведочат неговите зборови: „А Јас тебе ти велам: Ти си Петар и на тој камен ќе ја изградам Црквата Своја, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат. “ Мт 16,18.
Христијанството не може да настапува од позиција на сила.
Ако има сила, нема христијанство. Семоќта е втемелена на Вистината само во пројавата на нејзината кротка питомост, и тоа не е опозит на слабоста, туку е чистотата на Духот...
Готово е со мапите и териториите. Планетата Земја стана глобално село, а цивилизацијата којашто беше моќна и напредна само во пределите богати со житни полиња, се префрли на полето чијшто главен ресурс се вика ИНФОРМАЦИЈА...
Сега сме во царството на google, каде што нам христијаните единствено што ни преостанува е да потсетуваме дека знаењето без љубов не е знаење.
Љубов-та е онаа ронка на смиреност којашто на гордоста не ѝ ги дава крилјата на себичната самодоволност на бидувањето Бог без бога не затоа што не сака да дава, туку за да го превенира падот, или да го овозможи станувањето, да го олесни, кога веќе се случило...
Ние веќе на големо одиме по патот на расчистување на дилемите од типот – дали авторските права на Господ им припаѓаат само на „избрани-те“, или на сите? Дали правото на обожение (од нашата ера, во Христа) го имаат сите што ќе се родат од жена, или повторно за оваа лиценца се водат старите добро познати војни во областите како што се религија, политика, или евентуално, политичка теологија?
Знаењето не е светлина, туку светлината е знаење*, и оние што ќе ја злоупотребат познатата extra ecclesiam nulla salus, на начин што ќе ја впрегнат во некаков компетитивен дискурс каде што приматот го имале повластените на сметка на „недокажаните“, имаат проблем како што вели Христос, со гредата во своето око.
И се чини дека тоа е единствената пречка што не ѝ дозволува на светлината да го осветли и најтемното катче на овој свет, а не дека Сонцето на Славата не свети подеднакво за сите...
Со сета сила на љубовта спрема својот народ како место во срцето каде што се вмрежени сите луѓе на светов, сите кои во Христа се крстија и се облекоа, нека ни е за многу години јубилејот и нека ни се множат летата на растење во Христа, по молитвите на Пресвета Богородица, и Сите Светии, амин!
+++
Еден од најдобрите драмски писатели на дваесеттиот век, Семјуел Бекет(1906 – 1989), ја напиша можеби најдобрата драма некогаш изведувана во театарот на апсурдот – „Чекајќи го Годо“(1952). Дејствието од оваа драма и тоа како му погодува на нашиов контекст: балканскиот Годо е растргнат меѓу многуте нови чекалници што се отворија на нашиве простори: та трчка наоколу гонет од синдромот на непризнаеност. А Добриот драматург кој внимателно ја следи драмата од една невидлива ложа, еден кат погоре, знае дека драмите се прават за да се привлече нечие внимание; почитувајќи го законот на немешање ниту во заплетот ниту во расплетот заради ненарушување на интегритетот на слободната волја да се биде, без право на „или не“.
Во нашава балканска драма на меѓусебно полицентрично непризнавање во сите правци надолж и попреку, можеби главниот мит којшто допрва чека на темелно деконструирање е токму митот за Годо: оти, додека течела официјалната претстава, Годо дошол, ама зад кулисите. Мудреците му се поклониле, откако го препознале (по ѕвездата што паднала од „исток“) и од тогаш наваму овие две претстави течат симултано: објавената задкулисно каде што „сè се сврши“, и оваа на официјалната сцена каде што заеднички, во името на сè или ништо, ѝ се робува џанам, на историјата односно чекањето...
Е, Балкане мој: кога и еден Штулиќ немаше доволно трпение да ги испочитува сите пропорции на твоите раскошни идеали vis a vis чекањето, што останува за другите...
Извор: ПРЕМИН
 
ВНИМАНИЕ!
Погоре се презентирани тешки глупости и доколку се одлучите да верувате во нив, постои голема веројатност на пад на вашата интелегенција, знаење и критичко размислување.

Читањето на текстот погоре е на ваш сопствен ризик!
 
За секоја колумна на типкава ќе отвараш посебна тема?
И не ти е срам да имаш ник Исус Христос?

Сега сме во царството на google, каде што нам христијаните единствено што ни преостанува е да потсетуваме дека знаењето без љубов не е знаење.
Љубов-та е онаа ронка на смиреност којашто на гордоста не ѝ ги дава крилјата на себичната самодоволност...
Некој 'рчкал по порно сајтови... и сега се кае што раката била непослушна.
 
Готово е со мапите и териториите. Планетата Земја стана глобално село, а цивилизацијата којашто беше моќна и напредна само во пределите богати со житни полиња, се префрли на полето чијшто главен ресурс се вика ИНФОРМАЦИЈА..

„Госпоѓицава“ на нејзина жалост и несакајки погоди во центар.... :D
..точно... ИНФОРМАЦИЈАТА ... е таа што вероучењето го сотера во ќош, конечно човештвото излезе од наметнатиот информативен мрак и држењето во неписменост...
Писмениот човек е желен за информации, но има една заебана работа, најголемиот дел од информациите и сознанијата некако не одат во прилог на религиите.
 
За да им гo пoкажe на иднитe вeкoви прeизoбилнoтo бoгатствo на Свoјата благoдат (Eф. 2:7).
Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд нeгo, мoжeмe да гo прoвeримe вeќe вo минатитe вeкoви. Какo штo сe кoшницитe испoлнeти сo врeдни и мeдoнoсни пчeли, така ситe вeкoви, oд Христа дo дeнeс, сe испoлнeти сo благoдатни луѓe, дeвoјки и жeни.
O кoлкавo бoгатствo на благoдат Бoжја сe пoкажалo на бeзбрoјнитe души, кoи најнапрeд билe грeшни и пoтoа пoстаналe свeти!
O кoлкавo бoгатствo на благoдат Бoжја сe пoкажалo на луѓeтo и жeнитe, најнапрeд слаби и плашливи, кoи пoтoа јуначки гo испoвeдалe Христа Гoспoда и радoснo за Нeгo пoстрадалe!
O кoлкавo бoгатствo на благoдат Бoжја сe пoкажалo низ вeкoви и вeкoви на прoститe и нeукитe, кoи пoтoа пoстаналe мудрeци, вистински и духoвни гeнeрали на вeрнитe Христoви вoјски!
А пoмислeтe, браќа, уштe кoлку скриeна свeтoст, нeјавeнo пoжртвувањe, нeзапишанo јунаштвo, нeпoфалeни дoбрoдeтeли лeжат вo длабoчинитe на дваeсeттe христијански вeкoви!
Кoга сeтo тoа ќe сe oбјави, сè oна штo билo вo минатитe вeкoви, и вo oниe штo ќe дoјдат дo крајoт на врeмeтo, тoгаш и ангeлитe и луѓeтo ќe сe зачудат прeд нeискажанoтo бoгатствo на благoдатта Бoжја. Тoгаш и самиoт апoстoл Павлe ќe мoра да извикнe: “Иакo сум бил апoстoл,
сeпак збoрoт ми бил слаб за да гo искажам нeизмeрнoтo бoгатствo на благoдатта Бoжја, штo сe јавила чoвeкoљубнo вo свeтoт”.
O прeсвeта Трoицe, чoвeкoљубив Бoжe, вoздигни ги нашитe срца, нeпрeстајнo да гo славимe и да гo фалимe прeгoлeмoтo бoгатствo на Твoјата благoдат. На Тeбe слава и вeчна пoфалба. Амин. (Пролог)

http://preminportal.com.mk/content/view/10206/54/
--- надополнето: 10 јули 2012 во 20:39 ---
edno izvestuvanje do papkarot(glauc), sto mi ja brisal predhodnata tema za verska pouka.Papkar nema da me sprecis so brisenje na temi, tuku motiv povejke ce mi dades taka da kjuti sedi i citaj verski pouki !!!
 
Зборови, зборови, зборови... колку само празни зборови.
Има ли на овој свет поисплашени суштества од монасите и монахињите, кои го отфрлиле светот и како глувци се напикале по манастирите.

Вистинскиот човек со двете раце го прегрнува светот, со сите свои убавини и лоши страни. И рацете ги користи за да создава, за подобро утре на поколенијата. А не за пишуење безвезални мантри.

Се извинувам, ама морав...
 
otvori posebna tema posvetena na toa rado ce diskutiram po toa prasanje
pa ce vidis kolku ne si vo pravo.
--- надополнето: 10 јули 2012 во 21:08 ---
Ако сакав да учам за религии че учев поп.....

mora da si pop pa za da ja znaes vistinata ???
 
Мора да си поп за да ја знаеш вистината, а да зимаш пари од измишљотини...

Девојко дозволи Исус да влезе во твоето срце, прими го со сета своја душа и срце.
--- надополнето: 10 јули 2012 во 21:25 ---
нема потреба, зашто попови, џандари и нешто друго има на секој ќош.
it's all 'bout the MONEY.

молитвите на кого му ги упатуваш ако не на бога, Бог е секогаш со тебе затоа молете се секој ден за неговата благодат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom