- Член од
- 17 јануари 2009
- Мислења
- 2.814
- Поени од реакции
- 4.666
Не е работата во трудољубивоста, во исплатливоста е. Не работи само тој што не мора да работи - се има пари дома, па се турка некако. Ако дојде ножот до коска, сите знаат да станат работливи. Или да се зачленат во некоја партија.
Ако некој нема избор и ниската плата ќе му реши по некој проблем, под услов патните трошоци да не се високи, па ќе чека подобра можност во блиска иднина. Потполно се сложувам дека во секоја смисла на зборот, дека плата од 6000 денари е мизерна плата (само како пример е бројкава- некои земаат и помалку). За секоја работа. Тие пари не овозможуваат живот, со нив не можеш ни сметки да платиш, ни храна да купиш. Но некој едноставно нема избор во моментот. Веројатно е добра и во оној случај кога некој сака да им се симне од грбот на домашните, да не ги молзи за вечер.
Од друга страна, во повеќечлени семејства, во кои работат и земаат пензија неколкумина (ете нека бидат тоа и плати/пензии од 6000 ден.), кои притоа имаат и нешто земја, па си произведуваат и дел од храната (а овие не се баш малку, ама сигурно ги нема во центарот на Скопје) можат да живеат така. Тоа не е некој живот, ама се живее. Но, мислам дека се работи за понижувачки износи, да се грбави човек за неколку илјади, по цел ден да биде изложен на сонце како денешново - тука нема ништо достоинствено, се работи за злоупотреба, за безмилосно искористување. Ама како што реков, ако некој нема избор ќе работи се`, за секоја пара.