За да си слободен у живото, требе да си слободен у главата. Да си слободен у главата требе си определена доза на стабилност и самодоверба. Да добиеш стабилност и самодоверба, треба да правеш нешто шо те ќефе, шо те исполнува, и си стварно добар у него. А ако успееш да извадеш и материјална корист од тава нешто, оште поарно. Денеска има доста човеци шо работат многу...
Толку многу што најчесто немат време да уживат у материјалното богатство. Капитализмот е интересен систем, дава ти голем простор за напредок, материјално збогатување, ама у замена ти го зема времето.
Парите како пари, немаат никаква вредност. Вредноста доаѓа од самата перцепција за нивната вредност (демек ако имам толку пари ќе си купам ногу нешта). За некој 100 денара са малку, за друг са леб за една недела.