Дали верувате во теории на заговор?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Верувате ли во теории на заговор?

  • Вкупно гласачи
    130

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Инспирирана од круговите жито, “чудовиштето“ во Преспа, НЛО во Скопје и од муабетите околу тоа, ми дојде на мисла да ја отворам темава.

Дали вие верувате во теории на заговор?
Дали сте од луѓето кои веруваат дека во секоја теорија на заговор има вистина или пак тотално ги отфрлате тие теории како невозможни? Можеби пак сте од луѓето кои веруваат во некои теории, додека пак некои ги отфрлаат?

За се има теорија на заговор. Буквално за се. Од тоа дека Елвис и Тупак (па дури и Тоше) се живи, до теории на заговор за 11 септември и кулите близначки, атентатот на Кенеди, масони, илуминати итн.

Кој е вашиот став?

Верувате дека во се има можност за теорија на заговор, ги отфрлате сосема сите тие теории или делумно ги прифаќате како можни?
 
Па нели е малку чудо што сум толку активен последно време?
 
Масони, илуминати, да, кулите - сумљиво но не сум сигурен.
 
Па нели е малку чудо што сум толку активен последно време?

Елвис? Ти ли си бе? :eek: Многу добро знаеш македонски? Упс, ете уште теорија на заговор, Елвис е Македонец...:pos:

Шала на страна, не ти го сфатив прашањето, биди љубезен па елаборирај...:)
 
Темава ми е дежа ву.

Да не избегам од нејзе, знам дека некој ме цитираше потоа и се препукувавме што е вистина, а што не.

Патем, не верувам, какви масони илуминати билдерберговци... се е тоа една лага измислена од неговото височество - човекот :icon_lol:
 
Зависи , повеќето теории се измислици , луѓето си сакат фантазија и си ја користат , додека дел од тие теории се вистина. Така да верувам во оние кои имат смисла и барем некои логички докази.
 
Да, и тоа во неколку.
Дека владите на големите светски сили ја знаат и кријат вистината за НЛО-ата.
Дека 9/11 беше дело на изманипулирани исламисти контролириани од Пентагон, а по налог на Илуминатите и Вол Стрит.
Дека СИДА-та е дело на лабораториите финансирани од Билдерберг, а заради теоријата на евгеника, култот кон ариевската раса и контрола врз светската популација.
 
Кулите би ги стаил на прво место , мал милион докази (тие шо сакаа научни ) и такви ги има по нет многу убаво објаснето на кој начин можат да се срушат тие близначки(експлозиви и слично).
Ретко да пропуштам некоја помеинстрим теорија на заговор(а да не изгледам некое видео или прочитам нешто ) , барем интересни ми се.
Ајк и таквите ко него претеруваат :ROFLMAO:

Затоа мојот глас иде во
*​
Делумно​
 
Доста скептичен сум ама уживам во добра теорија на заговор. А понекогаш уживам и во лошите (looking at you David Icke lol).
 
Теории на заговор ........... секако дека постоеле и постојат ......... инаку Илуминатите, Масоните... навистина постојат, тие не се никаква енигма ...... секако дека теории на заговор постоеле, постојат и ќе постојат ..... а дали некој ќе верува во тоа или не, тоа си е лично право на размислување !
Јас верувам дека постои светска влада во сенка .......... и дека целата светска политика и животот на 7 милијарди обични смртници е во нивни раце !
--- надополнето: 9 јули 2012 во 23:14 ---
Да, и тоа во неколку.
Дека владите на големите светски сили ја знаат и кријат вистината за НЛО-ата.
Дека 9/11 беше дело на изманипулирани исламисти контролириани од Пентагон, а по налог на Илуминатите и Вол Стрит.
Дека СИДА-та е дело на лабораториите финансирани од Билдерберг, а заради теоријата на евгеника, култот кон ариевската раса и контрола врз светската популација.

Го делиме потполно истото мислење .............. (y)
 
Има неколку кои се експонирани од страна на некои писатели кој ја работат оваа тематика

Сем Џанкана и Синатра, првиот го врбувал вториот да дојде до Кенеди да испита дали законот за оданочување на богатите ќе се донесе со кое неговото казино (на Џанкана) ќе изгуби неверојатен профит. Затоа и го елиминирале Кенеди.

Втората теорија е Ли Харви Освалд кој наводно пукал во Кенеди

Чудната смрт на Џим Морисон која сеуште не е разјаснета и е мистерија. Некој велат умрел од предозираност со наркотици, некои велат дека тоа е астма а некои велат дека е алкохол. Контрадикторните изјави на неговата девојка Памела Курсон која четири пати ја менувала изјавата.

ЛСД за кои има теории дека е раширено од Владата на вујко Сем, не можејќи да го контролира младиот прогресивен дух кој се појавивил преку рокенрол музиката.
 
Па од толку теории на заговор мора да има нешто што е точно. Не сите ама неможе се да биде онака како што нам ни е претставено, мора тука да има некои искривувања, премачкувања за да им се прикаже на луѓето онака како што им одговара на одредена група луѓе.

Значи делумно да.
 
Kajgana Shop

Постови на неделата

Недела од 12 јули 2025

Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
Многу изгубија Вмро, Мицковски и Тошковски со ова. 30 години политички партии, еден не се најде да им каже дека не можат да идат со глава во ѕид, и дека не идат лично против Арсовска, туку против функцијата градоначалник на Град Скопје. Толкави...
Фан Клуб: Вардар
убаво е да се знае, не сите комити го делат ставот на “комити“
не може мене никој да ми наметнуваат како да размислувам.

иститие тие пред неколку години во ерата на најуспешните години на вардар бараа вардар да се повардарел. се повардари, си...
Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија
тошковски постапува по судски налози. Конкретно за ова кај судот треба да ја бараш кривицата. Судот моментално не е под влада него ете е независен. ВМРО не смени ниеден судија кога дојде него тие што беа за време на СДС.

Аха, значи ако некој...

Недела од 5 јули 2025

Back
На врв Bottom