Дали парите носат слобода?

  • Креатор на темата Креатор на темата Mar-Teen
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.852
Локација
Скопје
Дали парите носат слобода?

Мене ако ме прашате: НЕ.

Слободата е во главата. Дефинитивно, парите влијаат на помала ограниченост, можност за повеќе избор, но слободата не се стекнува со пари и не може да се купи со пари.

Ете ќе ви дадам пример:

Дали Мадона има слобода? Дали она и нејзините деца можат да искочат на улица, во шопинг центар или без да бидат опседнати од страна на обожователите?
Дали можат богатите луѓе кои не се медиумски експонирани да имаат слобода? Исто се ограничени, но не со пари, туку со време, бидејќи за да заработат некој денар +, пак многу се работи, така да ништо од слободата.
Тие пак кој имаат достапни помалце пари, мислат дека парите се решение за нивните проблеми и патот кон слободата.
 
Колку што знам за кауција бараат полн џеб пари, а не полно срце љубов, така да...
 
Тоа е психологијата на матриксот, да ти створи уверување дека парите носат слобода, сигурност и безбедност.
Чисто за пример ја спомена Мадона. Жената е само уште еден нус продукт на машинеријата наречена шоу-бизнис. Да, однадвор изгледа дека ништо не и фали во животот, но дали навистина е така? Таа нема слобода, прави како што ќе и каже машинеријата. се со цел да се извлече поголем и поголем профит. Нејзините газди управуваат со неа, не таа. Таа не е слободен човек. Кога ќе престане да заработува, ќе ја отфрлат како стара крпа.

Парите му носат слобода на спонзорот да прави што сака, но не и на спонзорушата. Истата доброволно се согласува да прави се што треба, само за да и се фрли како на куче коска некоја крпичка, накит или летување. Оваа релација, со видоизменети актери, ја има насекаде во секојдневниот живот, помалку или повеќе.

Парите можат да ви донесат материјална слобода, само ако вие управувате со нив, не тие со вас. Духовната слобода е нешто сосема друго, што не се стекнува, купува нити продава со пари. За неа мора секој човек самиот да си се избори.

Money is just the poor man's credit card.
MARSHALL MCLUHAN, Understanding Media

Money is worth what it will help you to produce or buy and no more.
HENRY FORD, My Life and Work

Money ... those who don't have enough of it are only aware of what it can buy them. When you finally have enough of it you become aware--acutely aware--of all the things it can't buy ... the really important things ... like youth, health, love, peace of mind.
F. PAUL WILSON
 
Ако треба да одиш во затвор,можеш да испаднеш само со кауција. Ако немаш пари нема да имаш ни слобода. Ете ти најпрост пример

Добро де, само во таа ситуација.
 
Ако мислите дека парите не придонесуваат за слобода пробајте живеете без пари.Кога имаш пари не се мислиш дали ќе имаш пари да се прехраниш додека да стигне платата за претходниот месец,нема да треба цела година да ја поминиш дома и да немаш доволно средства да си дозволиш 5 дневен одмор во Охрид (а не пак накде настрана),нема да чмаиш дома наместо да испадниш некаде на кафе со пријателите,нема да возиш крнтија стара 20+ години.Парите не носат слобода но ти овозможуваат, доколку имаш желба, да правиш што и да посакаш.Додека мама и тате ранат лесно е да се рече „Да ти ебам во парите не требаат ќе си го живеам животот слободно како што сакам“ но проблемот е кога ќе се осамостоиш финансиски.Тогаш доаѓаат проблемите.
 
Дали парите носат слобода?

Мене ако ме прашате: НЕ.

Слободата е во главата. Дефинитивно, парите влијаат на помала ограниченост, можност за повеќе избор, но слободата не се стекнува со пари и не може да се купи со пари.

Ете ќе ви дадам пример:

Дали Мадона има слобода? Дали она и нејзините деца можат да искочат на улица, во шопинг центар или без да бидат опседнати од страна на обожователите?
Дали можат богатите луѓе кои не се медиумски експонирани да имаат слобода? Исто се ограничени, но не со пари, туку со време, бидејќи за да заработат некој денар +, пак многу се работи, така да ништо од слободата.
Тие пак кој имаат достапни помалце пари, мислат дека парите се решение за нивните проблеми и патот кон слободата.
Ако не те пуштаат твоите од дома да излезеш, си под казна. Богами, џабе ти паре мали. :)
 
Хммм...Дали парите носат слобода? Во одредени случаеви да во други не.

Како што кажа, Мадона и другите медиумски познати личности немаат многу голема слобода бидејќи на секој чекор се следени од илјадници луѓе.

Што се однесува до богатите а не медиумски експонирани луѓе верувам дека тие имаат поголема слобода. Незначи дека немаат време да бидат слободни. Ако имаат луѓе кои се задолжени да ги водат работите во отсуство на таа Х персона тогаш тој/таа имаат слободно време колку сакаат.

Значи зависи за кого се работи и какви му се околностите.
[/quote]
 
Така така,скокајте по пари..Тоа сака луци.. :)
 
Дојде време во кое парите го вртат светот за жал. Но сепак некои работи не се купуваат со пари :)
 
Back
На врв Bottom