Неи Пори

  • Креатор на темата Креатор на темата angelangel9410
  • Време на започнување Време на започнување
Некој да не бил оваа сезона у Неи Пори па да сподели инфо? :pipi:
 
a nekoj da ne znae dali ima meduzi, rakovi, krabi vo vodata?
 
Си бил убрзо? Пошо луѓе шо се таму во моментов не се жалат на комарци.
Абе што знам... јас бев пред 2 години, околу 20-ти Август. Во апартманот каде што бев немаше клима а сме забравиле отворен прозор и влегле комарци. Не се спиеше внатре, па спиев во кола.
 
али песокот е ситен абе ептен ситен,да го види паланчанец ќе му се изнарадува.плитко и чисто оооогромна плажа,навечер луна парк за деца но тивко место без забави ,претежно со деца,медузите по 18 Август но не доаѓаат поблиску од 20 метри до брег.Обавезно да се посети Платамона која е 10 минути пред Неи Пори(кожна јакна 50 евра,нике патики 20 евра маици 2 евра дресови 3-4 евра слаткари лудница,коли со мк таблици ич нема таму а и плажите слаби бидејќи е рибарско градче али за трошење пари и ако имаш жена до тебе:vozbud:
 
Јас бев лани и комарци нема ко што имаше порано,не се некој проблем ептен.Иначе за медузи накај Август ги има а предтоа нема али знае да забега некоја.Има многу добро шеталиште, од сабајле трчање и после у море е добитна комбинација.
Кој е блиску до црквата и ако е таму за време на тој нивнион голем празник ќе го наебе сабајлечки.Исто ко у камбанаријата да спие.
 
Сите се жалат од комарци а за чудо јас кога бев бев после 20 август и не видов 1 медуза... :D
 
Не се секирајте за медузи, ме има каснато една, печеше, се појави плик и после саат - два го снема, ќе истрпите :icon_mrgr:
 
Цените во Неи пори за оваа година се солидни. Доколку одите со сопствен превоз, барајте смештај на лице место, не одете на варијанта смештај преку агенција, затоа што ќе најдете многу поубаво сместување сами и за пониска цена. Морето е топло, плажите се супер средени. Како добро средени плажи ви ги препорачувам:
Анемос, Алказар, Марабу, Волкано.....другите плажи што се повеќе накај Платамона не дека се лошо средени, туку не се скроз песочни а и во водата има повеќе каменчиња.
Цената на кафе е од 3,5 евра па нагоре. Со тоа добивате лежалка, чадор, кафе и флаширано шише - 1/2 литар вода.
Како најисплатлив маркет за пазарење ви го препорачувам Алфа маркет.
14344751.jpg

Се наоѓа позади црквата на патот кон Платамона.

Најубаво гирo имате овде и истото ќе ве чини 2 евра.
4ibehh.jpg

Искористете го пазарниот ден во петок и набавете си овошје, зеленчук и останати работи по доста поволни цени. Тој се наоѓа спроти црквата.
Убаво фрапе т.е нес кафе и гага интернет имате во Исла кафе бар, Венус бич бар, Алказар.
Цената на коктелите се движи од 4 евра па нагоре. Храната по ресторани е поскапа. Љубителите на пица нека ја посетат пицерија Волкано, веднаш до кафе Марабу и нема да погрешат.
Топка сладолед би ве чинело 1 евро, а пченка и локумадес/локумас 2 евра.
Доколку ви е потребен вистински одмор, одберете го местенцево за тоа.
Ако има некој прашања поврзани со Неи пори, слободно нека пише :pipi:
п.с. На плажа мош ќе ве напоризираат црнците со секакви џиџи-миџи тракатанци, ама вие ценкајте се до последно :D
--- надополнето: 2 јули 2012 во 16:05 ---
a nekoj da ne znae dali ima meduzi, rakovi, krabi vo vodata?
10 дена не видов такво некое суштество.
Сите се жалат од комарци а за чудо јас кога бев бев после 20 август и не видов 1 медуза... :D
Спас од комарци е раид апаратче со течност и немате гајле.
Raid45nights.jpg

За покрај шеталиште ќе си се намачкате со аутан, a aко сте пропуштиле некој дел да намачкате со аутан и ве касне комарец нанесете тенок слој синопен крема
Synopen_mast_4a6d5a8a73333.jpg
 
Годинава ќе одам таму, 2 пара, се надевам ќе биди океј, спрема описиве, таман е. :)

За 10 дена отприлика колку пари се доволни за пристојно накај мизерно поминување? :pipi:
 
Годинава ќе одам таму, 2 пара, се надевам ќе биди океј, спрема описиве, таман е. :)

За 10 дена отприлика колку пари се доволни за пристојно накај мизерно поминување? :pipi:

Кога ќе идеш море, јас за 3 дена таму сум! :)

Иначе за пари некој bare minimum ти е 100-150 евра, сеа ако сакаш ептен синдикалски можеш ти и со 30 да пројдеш, леб и паштета секој ден. :D
 
Кога ќе идеш море, јас за 3 дена таму сум! :)

Иначе за пари некој bare minimum ти е 100-150 евра, сеа ако сакаш ептен синдикалски можеш ти и со 30 да пројдеш, леб и паштета секој ден. :D
Кој дел ќе одите? :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom