Нарекувајте го исламот "ислам"

Член од
4 јули 2012
Мислења
153
Поени од реакции
79
Француски писател и политичар Ламартен„Ако важи правилото дека човечкот гениј се мери со крајниот опсег иневеројатни резултати, кој може да се осуди било кој од великаните на модерната историја да го спореди со Пратеникот Мухаммед, с.а.в.с., и неговиот гениј, и покрај малобројните средства со кои располагал? Познатите луѓе од модерната историја изработувале оружје, воспоставувале закони, основале империи, а ја собирале само минливата слава која пред нив се распишувала. Меѓутоа, Мухаммед, с.а.в.с., не само што водел војска, воспоставил закони, основал империја, победувал народи и помирувал владатели, туку предводувалмилиони луѓе, што во даденото време, го чинеле третина од светот. Покрај сетотоа, тој им пресудил на киповите и суеверијата, погрешните верувања, мисли и убедувања.

Мухаммед бил трпелив и одлучен се додека ни ја до
бил Аллаховата помош иоствари победа. Сите негови желби биле вперени кон една цел. Тој не сакал давоспостави империја или нешто слично. Ниту во неговиот намаз, ниту во враќањето кон Господарот, односно во неговата смрт – дури ниту во успехот после смртта – во сето заедно, не постои ниту трага на лажење и измама, туку сè јасно укажува на цврсто верување кое на Пратеникот му давало сила и моќ да ја зајакне верата која се дели на два дела: верување во Единственоста на Бога и верувањето дека кај Возвишениот Бог нема ништо акцидентално. Првата половина објаснува, едно Божје својство (Единственоста), а другата половина укажува на она според кое Возвишениот Бог не би можел да се опише, а тоа е она што е матерјално. Со цел да се оствари првата половина, било неопходно да им се пресуди со меч на другите богови, а што се однесува до втората половина,за тоа било потребно јакнување на убедувањето со зборови, мудрост и убависовети.
Тоа е Мухаммед филозоф, говорник, веровесник, законодавец, воин, човек кој бил над своите потреби, кој ги трасирал мисловните правци на повикувања во вистинско обожување без кипови и празноверија. Тој е основач на дваесет земјини и една духовна империја. Тоа е Мухаммед. Со оглед на параметрите на човечката величина, сакаме да прашаме: Има ли, воопшто, некој поголем отколкушто бил Мухаммед?
„ ...Ако се земат големината на целта, малата количина на средства и грандиозноста на резултатот, како три мерки на човечки гениј, тогаш кој би се осмелил Мухаммед да го споредува со некој голем човек од модерната историја.“
 
В

влијателен

Гостин
...
Тоа е Мухаммед филозоф, говорник, веровесник, законодавец, воин, човек кој бил над своите потреби, кој ги трасирал мисловните правци на повикувања вовистинско обожување без кипови и празноверија...
Како бил над своите потреби, кога правел се што сакал? Јадел колку сака. Ја имал секоја жена која ја сакал, дури и ќерката на брат му. Убивал колку сакал. Имал свои робови.
Која своја потреба не ја остварил?
--- надополнето: 8 јули 2012 во 15:05 ---
...
Muhammed s.a.w.s. Number One mislam ocekuvano http://en.wikipedia.org/wiki/The_100
...
На истата листа, на 39 место е Хитлер, листата е составена од Американски Евреин кој мрази Муслимани.
Јас на ваше место не би бил среќен со првото место на Мухамед.
 
Член од
22 октомври 2011
Мислења
404
Поени од реакции
115
Како бил над своите потреби, кога правел се што сакал? Јадел колку сака. Ја имал секоја жена која ја сакал, дури и ќерката на брат му. Убивал колку сакал. Имал свои робови.
Која своја потреба не ја остварил?
Низ разговорите со луѓето лесно се заприметува дека многумина имаат погрешна слика за исламот, а пред се за Кур,анот и Пратеникот Мухаммед с.а.в.с. Оваа погрешна слика доаѓа како плод на залагањето на едни од најголемите непријатели на исламот : - ориенталистите.

Голем број од муслиманите падналe на таа голема конфузија која ја шират неверниците и ориенталистите, а за жал голем број се оние кои се представуваат како муслимани меѓу ориенталистите, така да постигнуваат уште поголем ефект помеѓу неуките муслимански маси.

Поради тоа за што подобро запознавање со нивните криви толкувања врз Аллаховата помош, ќе се обидеме да укажеме на некои лаги и отрови кои што ги шират ориенталистите и атеистите.

Но пред се да кажеме некој збор за ориенталистиката, што е таа и што и е целта.

Ориенталистиката ја проучува ориенталната (оријент – исток) култура, јазици, обичаи, значи исламот и неговата култура. Ориенталистиката е наука која што ја измислиле Евреите и христијаните, т.е. нивните мисионери, со цел да го уфрлат отровот на сомнежот во Аллаховата Објава / Кур,анот и во програмот на животот кој Аллах го изнесува во Кур,анот, а кој видно ( практично) се рефлектирал низ праксата на Мухаммед а.с.

Паролата на христијанството: “ДАЈ МУ ГО НА ЦАРОТ ЦАРЕВОТО,А НА БОГА БОЖЈЕТО “ под влијание на ориенталистите почнува да се шири помеѓу муслиманскиот свет. Поради големото незнаење на муслиманите за својата вера, ориенталистите лесно ги протнуваат своите лаги и непотврдени факти. Така во своите дела шират лаги од типот: Кур,анот не е Аллахова/Божја Објава , туку Мухаммедово дело кое го напишал по примерот на Тората и Библијата, дека тој е само општествен реформатор а не Божји Пратеник, дека шеријатот не може да ги реши проблемите на денешниот “ напреден “ човек, дека тоа можело во добата на Мухаммед а.с., но, во ова време на општествен напредок шеријатот е застарен и непрактичен,.... и слични лаги кои што ги шират овие интриганти. За жал голем број на (не) муслимани потпаднале под нивното влијание, па дури и еден дел од исламските учени (улема) потпаднал под нивното влијание и го толкуваат исламот и неговите прописи према нивните блујавици.

Ориенталистите вложуваат голем напор за да го изучуваат исламот и неговите прописи, но не за да го помогнат, туку за да го уништат одвнатре. Тие сметаат ( за жал и голем број на муслимани) дека Мухаммед а.с. не е ништо друго освен општествен реформатор кој се дигнал против неправдата, тиранијата и насилството, а како што велат понатака “ на себе си си припишал пратеништво за луѓето да би го следеле и да би му биле покорни.”

Дека ова нема никаква основа и дека ова се само глупости на празните глави укажуваат многуте факти кои докажуваат дека Мухаммед а.с. е навистина Аллахов Пратеник, а не општествен реформатор, како што го нарекуваат овие непријатели на Аллаховата вера Ислам.

- Ако Мухаммед а.с. сакаше општествена реформа немаше непријателски да се однесува кон нештото што било највредно кај луѓето, а тоа се киповите и идолите, кои луѓето ги обожувале и ним им се клањале.

Против него се дигнале и насилниците и оние на кои им е извршувано насилство, и богатите и сиромашните, а поради неговото објаснување и наук за ништавноста на она што тие го обожуваат и му се клањаат.

-Ако Мухаммед а.с. беше само општествен реформатор, ќе се откажеше откако злоставувањата,прогоните,малтретирањата и измачувањата во разно разни форми против него и првите муслимани достигнаа најголем степен. Ќе се откажеше кога му беа нудени: богатство, власт, жени,единство итн, само да се оттргне од она во што ги повикуваше луѓето.

- Поради која причина Мухаммед а.с. и неговите следбеници беа повеќе задоволни со прогоните и измачувањата,а не со богатството и положбите кои им беа нудени ако се вратат во обожувањето на киповите,во верата на своите прадедовци?

-Поради кои причини Мухаммед а.с. ако беше само општествен реформатор ги повикуваше луѓето,вклучувајќи ги и “следбениците на Книгата “ Евреите и христијаните во обожувањето на само Еден и Единствен Бог Аллах џ.ш., кој нема ортак во своето управување,кој не е роден,а нити некого родил?

Кој е неговиот интерес тука,и која е неговата цел воопшто?

- Зошто кога му нудеа и богатство и власт,и водство и обединување, едноставно не ги прифати тие понуди наместо да ги изговори историските зборови:

“ Се колнам во Бога, Едниот,Единствениот Kој никого не родил а ниту самиот е роден, кога во десната рака би ми ја дале Месечината а во леваtа Сонцето, со нив јас да управувам,ниту тогаш нема да се откажам од мојот повик во исламот! -Ако сум во состојба да бирам помеѓу мојата Пратеничка мисија и смртта, јас со задоволство ја одбирам смртта!”

Ако е,како што тврдат ориенталистите, желбата само за општествени реформи,зошто тогаш Мухаммед а.с. не ги заобиколил Евреите и христијаните ( следбениците на Книгата) туку и на нив им укажувал на некои нивни девијации и грешки? Што имал тој со нив? Поради кои причини ја зголемувал својата омраза кон него а со тоа и потешкотиите на своите следбеници?

Зарем не му бил доволен бројот на непријатели помеѓу идолопоклониците, па сакал да го наголеми и од редовите на евреите и христијаните?

Која е целта господо на сето ова?

-Ако Мухаммед а.с. беше само општествен реформатор со сигурност ќе им ги олеснеше верските обреди на своите присталици, но гледаме дека тоа не е така. И навистина не е така! И еве зошто:

Во пустинската Арабија, без доволна количина вода , услов за исправност на Намазот/Молитвата е Абдестот / обредното прописно чистење (миење ) со вода. Потоа обавезното капење (бањање) после интимниот однос , препорачаното бањање во Петок, а сето тоа во пустинското опкружување во кое водата представувала реткост. Зарем ова ви личи на општетствен реформатор?

Поради кои општествени реформи ,ако Исламот е негов производ,им го препорачал обавезниот,строгиот едномесечен пост без никаква употреба на храна и вода од времето пред мугрите па се до заоѓањето на Сонцето, и тоа внимавајте во неподносливата сончева и пустинска Арабија?

Каква врска има Рамазанскиот пост со општествената реформа?

Поради кои причини е неговото поттикнување на доброволен намаз /молитва, пост,хаџџ,зекат .....? Каква врска имаат сите овие работи со општествената реформа ви се молам?

Зарем овие обврски не се стеги,препреки и потешкотии, посебно во такво опкружување со таква место положба и климатски услови?

Треба ли уште да набројуваме докази кои укажуваат на лагите кои што ги пласирале и пласираат непријателите на исламот и муслиманите?

Затоа на крајот на таквите им порачуваме:

Ние муслиманите веруваме дека Мухаммед а.с. навистина е Аллахов Пратеник, а најголем доказ за тоа е Кур,анот , за кој ориенталистите велат дека го напишал Мухаммед а.с., а тоа е една од најголемите лаги кои можат многу лесно да се соборат и да се докаже дека Кур,анот е Божји Збор, Божја /Аллахова Објава, и патоказ на луѓето на овој свет и исто така водич на луѓето за другиот свет.

Затоа и гордо ќе завршиме со зборовите:

ДА, ТОЈ НАВИСТИНА Е АЛЛАХОВ ПРАТЕНИК!
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614

Во пустинската Арабија, без доволна количина вода , услов за исправност на Намазот/Молитвата е Абдестот / обредното прописно чистење (миење ) со вода. Потоа обавезното капење (бањање) после интимниот однос , препорачаното бањање во Петок, а сето тоа во пустинското опкружување во кое водата представувала реткост.Зарем ова ви личи на општетствен реформатор?

Поради кои општествени реформи ,ако Исламот е негов производ,им го препорачал обавезниот,строгиот едномесечен пост без никаква употреба на храна и вода од времето пред мугрите па се до заоѓањето на Сонцето, и тоа внимавајте во неподносливата сончева и пустинска Арабија?

Каква врска има Рамазанскиот пост со општествената реформа?

Поради кои причини е неговото поттикнување на доброволен намаз /молитва, пост,хаџџ,зекат .....? Каква врска имаат сите овие работи со општествената реформа ви се молам?

Зарем овие обврски не се стеги,препреки и потешкотии, посебно во такво опкружување со таква место положба и климатски услови?

Треба ли уште да набројуваме докази кои укажуваат на лагите кои што ги пласирале и пласираат непријателите на исламот и муслиманите?

Затоа на крајот на таквите им порачуваме:

Ние муслиманите веруваме дека Мухаммед а.с. навистина е Аллахов Пратеник, а најголем доказ за тоа е Кур,анот , за кој ориенталистите велат дека го напишал Мухаммед а.с., а тоа е една од најголемите лаги кои можат многу лесно да се соборат и да се докаже дека Кур,анот е Божји Збор, Божја /Аллахова Објава, и патоказ на луѓето на овој свет и исто така водич на луѓето за другиот свет.

Затоа и гордо ќе завршиме со зборовите:

ДА, ТОЈ НАВИСТИНА Е АЛЛАХОВ ПРАТЕНИК!

Многу празен, детски, наивен пост.

Јасно ми е дека ова е доволно ниво на пишување за да се влијае врз широките муслимански маси, ама барем ти и уште некои тука, кои покажувате дека имате повеќе акал, не би требало со вакви памфлетчиња да нудите одговри.

Имено цело време се врти муабетот околу тоа како некој друг сакал одвнатре да го уништи исламот, и дека Мухамед бил само општествен реформатор, а не и пратеник.

И на сето тоа единствен аргумент е лингвистичка вратоломија дека ако овј бил само реформатор, а не алахов пратени, тогашп не би направил ова и ова, што наводно го направил.

Ти ова се забеаваш со нас тука нели?

Тргаш од претпоставка дека бил општествен реформатор, и НЕ ДАВАШ ниту еден аргумент зашто не бил , освен празни зборови и хипотези дека некој реформатор немало да постапи така и така. СМЕШЕН СИ.

За да горново ти биде точно, треба да знаеш и кажеш што е реформатор, и кои с енеговите особини и дела, па потота да изнајдеш еден куп реформатори со своите дела, и да укажеш дека скоро сите дела на Мухамед не припаѓаат на делата на реформаторите, и да дадеш каков таков заклучок дека Мухамед не бил реформатор, и толку ништо повеќе, ни помалку.

Ама ти еме немаш ништо во твојот доказ, од горенаведеново, туку се дрзнуваш да зкалучокот "не бил реформатор" банално, детски , наивно го прошириш со е тогаш мора да бил пратеник од бога.

Јас сум сигурен, дека нема да го разбереш ова, во спротивно не би ни поднел таков лаички доказ, но се надевам дека има некој муслиман на форумов, кој ќе согледа какви се небулозите во исламот, и општо во религиите.

Жесток противник сум на институционализирана форма на религија, која служи за контрола на толпата, а најмногу против Исламот, бидејќи сте на дното, н апоследното скалило на таа религиска скала.

Затоа и велам , прво мора да исчезне ИСламот, другото после како кула од карти ќе се сруши, и светок конечно ќе има напредок каков што треба, и благосостојба.

Се надевам јасно ти е..
 
Член од
20 март 2010
Мислења
1.256
Поени од реакции
243
Тутунот е речиси илјада години после Исламот донесен у Европа од Америка и не знам зошто да е забранет според Исламот кога таа забрана ја нема во Куранот. Може да биде непрепорачлив, но забранет никако. Ако сакам да се трујам со цигари ќе се трујам, не може никој да ми забрани.
a jas sto ti zboruvam deka pusenjeto e mekruk , nesto sto nee preporaclivo , nema zabrana za toa.
 
В

влијателен

Гостин
a jas sto ti zboruvam deka pusenjeto e mekruk , nesto sto nee preporaclivo , nema zabrana za toa.
Нема забрана и не се спомнува зашто Мухамед не знаел за тутунот.
BTW пушењето веќе неколку години исламските организации го сметаат за харам.
 
В

влијателен

Гостин
e dobro de majkata jas na koj jazik zboruvam , me citas sto piosuvam , nema zabrana za pusenjeto tuku spaga vo grupata na mekruk , nesto sto ne se preporacuva,
Тоа е неодамна, пред неколку децении со фатва прогласено, Коранот не вели ништо бидејќи Мухамед не знаел за тутунот.
А пред да се знаеше, односно пред научно да се докаже дека е штетно, на која основа било непрепорачливо пушењето?
 
Член од
20 декември 2008
Мислења
593
Поени од реакции
1.192
Не на Алах, на нафтата да и се клањате треба, само на нафтата. Да не беше таа што ќе видивте вие од новоизградените џамии тука, што ќе се дивевте на конвертираните муслимани и што ќе постиравте видеа со потплатени квази научници и луѓе да зборат за исламот.
Ние за разлика од вас не пиеме нафта.
 
Камо среќа и нам да ни дадеа браќата арапи пари од нафтата,па лесно да ја изградиме џамијата која е во тек.:(

А да не збориме ако плаќаа за конвертити, со оглед на лабилноста на твојата вера, сигурен сум дека прва ќе беше на списокот.;)
 
Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Камо среќа и нам да ни дадеа браќата арапи пари од нафтата,па лесно да ја изградиме џамијата која е во тек.:(

А да не збориме ако плаќаа за конвертити, со оглед на лабилноста на твојата вера, сигурен сум дека прва ќе беше на списокот.;)
Дават браката, али оџите ви се лакоми ;)
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Исламот(овој порадикалниов ........ Вахабизам) забранува дури и пушење ............ погледнете го видеово, па ќе се уверите во тоа !

Kajgana Shop

На врв Bottom