Лошо глумиш,а уште помалку разбираш што сакам да кажам.
Прво :Тие христијански авторитети се СИТЕ теолози христијани кои без никаков проблем велат дека Исус никаде за себе во Библијата не рекол дека е Бог, туку тоа се подразбирало . Провери си.
Второ: За сите верници ( од било која религија) повеќе од јасно е дека душата е Божји производ и како таква е бесмртна и го продолжува своето битисување на другиот свет (после смртта), па јас само го поврзав тоа што Чорбаџија го изнесе како аргумент демек телото Христово (овосветско) умрело, а душата останала, како нормална работа кај сите луѓе . Тука апсолутно не мислев да се мерам со Исус по моралните и другите квалитети. Ако мислев на тоа, според Исламот сум направил голем и тежок престап.
И на крајот само да те опоменам да внимаваш со какви зборови се обраќаш или алудираш кон нашиот Пратеник Мухаммед а.с. !