Никогаш не ја сфатив фасцинацијата на луѓето со Чарли Шин и неговиот ментален крах со милионите скандали и со фразата “winning“. Демек, уау браво ѕверу, имаш ментален крах, се дрогираш, пиеш, си го упропастуваш животот и талентот, ама битно ѕвер си и имаш секс со порно глумици. Од кога тоа е причина да му се восхитува човек на некого?
Многу го испочитував моментот со изјавата:
Ќе се трескаат од земја за тоа што Чарли Шин секој ден се правел бетон, ќе се замараат со колку жени спиел, колку се дрогирал и воедно се тоа е “кул“ (ух, колку го мразам зборчево). Ќе се замараат и восхитуваат за ПРИВАТНИОТ живот на еден човек, а meanwhile, светов оди по пат од кој не верувам дека има можност за враќање, луѓето се убиваат меѓу себе, милиони умираат од глад, ама ќе се замараме со тоа дали Ким Кардашијан прднала денес, дали Чарли Шин шмркал кокаин или дали Парис Хилтон снимила порнич, работи кои се приватни и за кои не знам зашто треба другите да се грижат. Се замараат луѓе и ѕиркаат во туѓиот двор, кој треба да остане приватен, ама не ич не им чуе за страдањата и болката на милиони луѓе низ светов, па и во државава.
Човештвото е една тажна сорта.
Секогаш кога размислувам за вакви работи, го пуштам видеово и ми доаѓа да експлодирам од лутина, наместо тоа се убивам од плачење, затоа што со ваква сегашност, човештвото нема алтернатива, а уште помалку иднина..
Ама шо е тоа битно, дај да видиме кој од ѕвездиве се начукал или која стаила силикони, пошто нАли тоа е смислата на животот....