Ако газдата не го бива и на сите по 3000 ден да дава, верувај пак ќе пропадне.
Муабетот дека после 10 години ќе ти ја зголемат платата е само бош муабет. До тогаш таа фирма може да пропадне и пак си на почеток.. млада невеста што ќе работи за 6000 ако има среќа.
Работам 8 години и никогаш, ама никогаш платата не ми била под 16000 ден. Не знам како воопшто се задоволувате со 6-7000 ден плата. Едоставно не можам да сватам. Да волонтираш некаде е 4500 ден, работа за 6000 треба да е за саат-два дневно.
--- надополнето: 7 јули 2012 во 11:50 ---
Kажав и претходно дека значи не сум сериозно материјално загрозен, родителите ми работат и земаат просечни плати, они плаќаат по дома сметки и купуваат храна, јас работам за џепарац, колку за мене да имам, за свои потреби и да не им барам на нив, пошто они ги плаќаат сметките, купуваат храна по дома и уште јас вол од 26 год. да им барам пари за најосновни работи ........ работам до сега скоро 5 год. за ситни пари и свесен сум дека трудот ми е потценет, ако во државата просечна плата е 21 илјада денари, секој што работи за половина или за третина од таа плата да потценет му е трудот, но дали ние како обични луѓе/смртници можеме нешто да промениме ........... и јас сакам да земам 20 илјади плата, еве нека се и 15/16 илјади ама желбите се едно, а реалноста е друга ...................... и што е подобро вол од 26 год. да седи дома по цел ден или да оди да работи за мали пари, колку за личен џепарац ?? Дали би било во ред на овие години(26) да им барам пари на родителите ............. кога веќе они ги покриваат куќните трошкови, зарем и за личен џепарац ли да им барам пари и тоа на овие години !
--- надополнето: 7 јули 2012 во 16:51 ---
Значи, се согласувам дека подобро да имаш некаква работа отколку никаква работа. Но со прифаќањето да работиш за 100 евра е само на твоја штета и на сите други невработени, бидејќи работодавецот нема ни да помисли да даде нормална плата се додека има луѓе што ќе ја работат за минималец, па колку и да е тешка работата. Ама тоа е Македончето никогаш нема да научи да застане и да се избори за себе, иако цел свет се крева на штрајкови и побуни , само ние одиме за 100 евра плата и велиме -толку толку колку нешто да земам - паметните бараат спас странство каде дневницата е 100 евра, будалите нека седат овде да работат за ништо додека лукавите се приклучиле на некоја партија и успеале да фатат фотеља.
Умре времето кога лесно се стигнувало до плата(солидна) ............. мајка ми и татко ми и двајцата се со факултети и на времето уште во Социјализмот веднаш се запослиле после дипломирањето, такво било тогаш времето, немало многу високо-образовани луѓе и на цена биле тие што ќе завршеле факултети ........... ама денеска се е труло и се е срање и јас сум на факултет(вонредно) при крај сум, ама знам дека кога ќе ја земам дипломата ќе си ја урамам на ѕид да ми стои ............ или пак ќе ја искористам како тоалет-папир, денеска можеш да бидеш и научник како Ајнштајн ама џабе кога и знаењето и трудот се девалвирани. А тие што работат за 6/7 илјади тие не се глупи, па да неможат да сфатат дека трудот им е потценет, проблемот е во тоа што мораат да работат за толку, бидејќи месецот мора некако да се истера, така да во секој случај подобро толку отколку ич .............. тоа го прават затоа што мораат, не затоа што сакаат ....... и јас сакам да земам ако не повеќе барем 15/16 илјади ама ку*ац, вадам само колку за личен џепарац, да не им барам на моите кои ги покриваат куќните трошкови(сметки, комуналии, даноци, храна...) ............ а и не личи човек од 26 год. да им бара пари на родителите !
--- надополнето: 7 јули 2012 во 16:57 ---
Минимална плата е околу 150 евра и некако стасуваат за нормален живот.
А јас кога бев средно преку лето работев и демек 300 ден од ден овоа оноа и на крај ми дадоа 2000 ден. Дури ми беше тешко да ги погледнам парите подобро да ги изгорев отколку да ги гледам. Ја работев истата работа како и оние што зимаа 200 евра само што не бев осигуран.
Кај нас нема голема плата за лесна работа ако немаш познати кој ќе те вработат иако имаш факултет ништо не признаваат.
Фаќајте пат за Америка или Германија/Италија/Швајцарија сезонска работа по 3 или 6 месеци и ќе имате за цела година луксузен живот. Сега барем студентите имаат можност да заработат порано го немаше тоа.
Јас на брод за 24 месеци земав пари што тука нема да ги земам за 20 години.
Каков факултет кај нас ништо не се признава џабе губење на време е тоа на крај ни за чистач не те зимаат за една плата од 100 евра со диплома ќе работиш. И ќе ти викаат што ќе биде ако напуштиш за 3 месеци, ти си со факултет не те зимаме тебе.
Кај нас факултетот повеќе ти е како (-)минус, отколку како (+)плус во животот, а интелигенцијата можеш слободно да си ја набуташ у г’з ............... овде и пет факултети имај, Ајнштајн биди, пак шансите да завршиш со метла во рака ти се 80/90% !