Се е тоа океј ова што се направи и се стигна до тука е рамно на сензација ама покрај толку голема шанса и реално далеку послаба конкуренција од Евробаскетот штета е што не искористивме.... Точно е дека конечно фативме континуитет на Европски, со тоа се надеваме и на Светско пред следна Олимпијада али не може да се збори дека ова е туку така успех. Јасно ни е дека една Србија, Германија, Хрватска не само што немаа шанса да играат тука туку и дека ќе играат квалификации за Евробаскет 2013 ама ако гледаме реално бе овој потенцијал предводен од Бо едноставно мораше да се искористи... Вчерашниот меч беше хаос каша попара во второ полувреме, игравме зона не растурија на шутеви,влеговме да се надиграваме во брза игра којасамо Бо можеше да ја прати... Не беше глуп Калипари ама од Лазовски мораше да се очекува повеќе.
Мене ми е најкриво што Кире Николовски и делумно останатите остаа да капат на клупа, Гечевски утре ако крене рака дека се пензионира, што ќе го направи во скоро време, толку од ритамот, не дека и тој нешто одигра на турниров, со оглед на годините, килажата и мизерната форма во која се наоѓа ама крајна штета е што еден Кире кој со својата прецизност и висина требаше и мораше да се уигра со тимов, тој ќе чека пак пријателски мечеви... За Евро 2013 веројатно ќе бидеме солидно ослабени ама што е тука е, нека му ја мисли федерација како планираат натаму. Докузовски се исплаши од вакво сценарио и го снема човекот иако и федерациата имала удел во тоа откако не бил контактиран подолг период.