Ок, нејќеш ти еве јас ќе извадам конверзациите. Кога прв пат ми изјави љубов еве што ти одговорив
Не ме сакаш, ти сакаш или да ме нема или да се претопам во множеството атеобудисти кои ќе го уништат општеството. Јас од друга страна ги сметам таквите како тебе за опасност од висок тип ако се намножат. И со многу други луѓе сум бил драстично различен и како карактер и како личност па не било тоа непремостливо. Ова нашево не ќе да е. Виктор Иго во својата книга Вандеја се буни 1793 г. ќе пише дека кога не војувале меѓу себе, односно во оние саати на примирје кога ројалистите и републиканците се договорале дека нема да се напаѓаат и дека ќе си ги прибираат секоја на своја страна мртвите за да им приредат барем колку толку пристоен погреб, токму тогаш ројалистите и републиканците најмногу си правеле муабет и си се смееле. Ова нашево е токму тоа само нели не на тој брутален начин. Разбери дека секогаш ќе бидам не против тебе, туку против твоите идеологии, секогаш. Сакаш ти биди лезбејка, проститутка, веган, навивачка на Манчестер Јунајтед и останати преференци кои не можам да ги смислам, со тоа немам проблем се дур не пробуваш да ме конвертираш во истото. Меѓутоа со феминизам ај додуша може со тоа и не до толку ама со анархизам, либерализам, пацифизам, космополитизам и атеобудизам дефинитивно имам проблем, бидејќи тоа веќе претставува голема опасност, и што е уште пострашно ти не си способна да ја согледаш. Како што кажав Азриел проба со фино а јас нема да бидам толку фин, ни тогаш ни сега ни во иднина. Ние можеме да си кажуваме вицови и да си се смееме до утре ама да знаеш дека секоја можност на било каков легитимен и законски начин да можам делувам против куртоните од Стоковна куќа мост ќе го искористам до максимум. Едно е толеранција кога другиот е различен од тебе, друго е кога тој различен од тебе е закана по твојот живот и животот на твоите блиски. Се дур ова го знаеш да сме на чисто може да продолжиме надаље. Твоите пропаганди и постови нема да бидат толерирани од моја страна. Пишувај си ти во веганизам за коприви, јогурти од соја и некои треви за зајци. Ако налетам на таков пост може да кажам само бљак и или да го прерипам или нешто да те цитирам и да се посмеам на твоја сметка. Ама ако чепкаш по опасните работи нема да те штедам. Се надевам дека сме начисто, ако не сме well друга прилика.
На второто твое дека ме сакаш ова ти одговорив
Докажи ма дека ме сакаш. Ако ме сакаш треба да ми веруваш. Верувај ми и отарси се од Распеани скопјани, менада клубот и компанија. Знам дека не гледаш причина да го направиш тоа дури и откога ти беше убаво објаснето, ти не разбираш. Не мора да разбираш направи го тоа, за свое добро, без да бараш објаснување. Само верувај ми како што јас на пример сум им верувал на моите родители како мал, кога ме терале да правам некои работи кои како дее не само што нема никаква поента туку и ми биле крајно одбивни. После сфатив зошто така настапиле. Ќе ги манеш дизниленд филмовите пред да станат опасни? Диднт тинк соу. Толку од сакањето твое.
Добро ок признавам бев малце оштар во реакцијата. Yeah i know, дури и на приватни пораки го тупам ептен
.