ЈСП - случки, прашања, дискусии

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Па секој ден идам у теретана, зар секој ден ке им плакам карти
Хм.... да?
Добро бе, автобусите за вас работат?
Како може бе некои луѓе секогаш, секој ден да плаќаат?

И после сакате во ЕУ со ваков менталитет.
 
С

сашенко

Гостин
На колега му рекоа исто, отиде до вечерта и си плати 200 денара :)
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
А едно нешто никогаш не ми било јасно.
Те фаќа контрола, немаш карта, немаш пари да платиш на лице место и им викаш немам лична карта....од кај ќе ми земат податоци кој сум, шо сум и чив сум?
 

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.545
Поени од реакции
22.215
А едно нешто никогаш не ми било јасно.
Те фаќа контрола, немаш карта, немаш пари да платиш на лице место и им викаш немам лична карта....од кај ќе ми земат податоци кој сум, шо сум и чив сум?
Можеби ќе ти викнат полиција па тие ќе видат кој си што си ;)
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
Можеби ќе ти викнат полиција па тие ќе видат кој си што си ;)
Зошто си,како си,со кој си,пошто си...

ќе се замара полиција со некој што не платил 30 денари карта (y)(y)
 

HEATHY

BARCA!
Член од
21 јуни 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
154
А едно нешто никогаш не ми било јасно.
Те фаќа контрола, немаш карта, немаш пари да платиш на лице место и им викаш немам лична карта....од кај ќе ми земат податоци кој сум, шо сум и чив сум?
Е тука веќе ако сакат да те дупат ќе те дупат.
Прво затоа што немаш извадено лична карта а си над 15 години. Па после затоа што не носиш лична карта. Уште полоша ситуација ако кажиш грешка податоци, ќе те однесат во станица и ако си малолетен ќе ти ги викнат родителите (или па и тогаш ако не се кажиш ќе чекаат да те пријави некој за исчезнат). Потоа и родителите ќе имаат проблем и ти. Ќе се влечиш со казни, а за што? за 35 денари. Башка тоа што има гратиси и месечни карти за евтини пари :)
И не зборувам за тоа дали полицаецот ќе се замара. Реално и според закон вака се постапува, а колку се почитува кај нас не знам. Пробај па сподели искуство :)
 
Член од
30 јануари 2011
Мислења
1.264
Поени од реакции
1.079
А едно нешто никогаш не ми било јасно.
Те фаќа контрола, немаш карта, немаш пари да платиш на лице место и им викаш немам лична карта....од кај ќе ми земат податоци кој сум, шо сум и чив сум?
Можеби ќе ти викнат полиција па тие ќе видат кој си што си ;)
Те носат во станица (до пред некое време најчесто во Пролече, но сега таму е Крим Техника така да мислам веќе не ги носат таму) и ти поставуваат прашања. Доколку си малолетен мора да дојде родител „да те земе“. Најверојатно има казна или усмена опомена за родителот таму, но не те пуштаат додека не дојде родител, за тоа сум сигурен. Доколку си полнолетен, ќе те најдат секако.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.998
Поени од реакции
11.636
Е тука веќе ако сакат да те дупат ќе те дупат.
Прво затоа што немаш извадено лична карта а си над 15 години. Па после затоа што не носиш лична карта. Уште полоша ситуација ако кажиш грешка податоци, ќе те однесат во станица и ако си малолетен ќе ти ги викнат родителите (или па и тогаш ако не се кажиш ќе чекаат да те пријави некој за исчезнат). Потоа и родителите ќе имаат проблем и ти. Ќе се влечиш со казни, а за што? за 35 денари. Башка тоа што има гратиси и месечни карти за евтини пари :)
И не зборувам за тоа дали полицаецот ќе се замара. Реално и според закон вака се постапува, а колку се почитува кај нас не знам. Пробај па сподели искуство :)
What?! Откај па сега ова...колку што знам лична карта мора да имаш со навршени 18 години. А кој сака, може да си извади после 15-та година. Колку што знам вака е.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.827
Поени од реакции
10.196
Колку за информација, во Германија во трамвај ако те фатат макар 10 минути после рокот на истекување на картата како се возиш плаќаш 40 евра. Нема ни ама ни мама, ни муабет не ти прават.
 

HEATHY

BARCA!
Член од
21 јуни 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
154
What?! Откај па сега ова...колку што знам лична карта мора да имаш со навршени 18 години. А кој сака, може да си извади после 15-та година. Колку што знам вака е.
Лична карта се вади од 15 натаму, а од 16 треба да ја носиш.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Лична карта се вади од 15 натаму, а од 16 треба да ја носиш.
Од 16 ако ти е потребна, од 18 законски се носи....барем јас колку шо се разбирам во закониве на државичкава ни.
Инаку да не ве цитирам сите посебно, работава со контролава ќе биде, ако сакаат да те замараат ќе те замараат тогаш и податоци и 5 колена уназад ќе ти најдат.
Ако имаат некоја попаметна работа за правење ќе те пуштат. Така испаѓа работава....полиција да се замара за 35 денари искрено не ми се верува.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom