Не сум јас таа што им ги сече главите на оние што живеат во исламски земји и кои решиле да искочат од исламот и да практикуваат друга вера. Не сум јас таа што повикува на рушење на цркви во исламски земји. Ако тоа е таа заштита на христијаните што Мухамед ја назначил ќе кажам само едно браво за него, супер работа направил.
Постои документ, Картата на Медина, уставот даден од Пророкот Мухаммед.
Според овој устав:
1. Сигурноста од Бога е еднаква за сите групи
2, Не муслиманите (христијаните и евреите) имаат еднакви политички и културни права како и Муслмианите, имаат аутономиа и право а нивната религија.
3. Не муслиманите (христијаните и евреите) ќе се борат заедно со муслиманите за заштита од непријателите
4. Не муслиманите (христијаните и евреите) не се должни да учествуваат во религиозните војни на муслиманите.
Бог му се обраќа на Мухаммед (нека е Божјиот мир над него) со следниве зборови, во Коран:
Сигурно е дека евреите ќе ги најдеш меѓу луѓето со најсилно непријателство кон оние кои веруваат (муслиманите), и оние кои на Аллах здруженик му припишуваа, а сигурно е дека ќе најдеш од оние кои веруваат
најблиски пријатели, оние кои зборуваа:
Ние сме христијани! Тоа, ете што меѓу нив
има свештеници и монаси кои, навистина, не се суетни! (Ел Маида, 85)
Значи сепак Христијаните ни се најблиски.
И не заборавајте дека првите Муслимани, кои беа масакрирани и многу од нив насилно протерани од Мека, тие се обратија и бараа помош кај ХРИСТИЈАНИТЕ, кај Етиописките Христијани. Тие христијани им дозволија на муслиманите да живееат во нивната држава во мир и спокојство се додека не се реши ситуацијата со насилството на политеистите на Мека.
Има еден хадис кој кажува дека кога муслиманите триумфално влегуваат во Мекка, се упатуваат кон Каба и влегуваат внатре и ги кршат сите статуетки и меѓу нив наоѓаат и една икона од Исус и Дева Марија (нека е Божјиот мир над него). Во тој момент пророкот Мухаммед (нека е Божјиот мир над него) ја зима иконата, и со почит ја прикрива со платно и ја става настрана.
Не заборавајте дека кога муслиманите отидоа од Мека и најдоа засолниште во Медина, иако поголемата популација од овој град премина на Ислам, останаа и неколку еврејски племиња. Никој, ама баш никој ништо не им направил. Првиот комшија на пророкот Мухаммед (нека е Божјиот мир над него) бил Евреин. Кога он починал, пророкот седел пред дворот со сопругата и во тој момент поминувале луѓето кои го носеле безживотното тело на Евреинот. Во тој момент пророкот Мухаммед (нека е Божјиот мир над него) станува на нозе. Неговата сопруга го прашала зошто он стана, а пророкот возвратил: Па нели и тој е човек, нели заслужува почит.
После смртта на Калифот Ебу Бекр, доаѓа Калифот Омер, и двајцата најблиски другари на Пророкот (нека е Божјиот мир над него). Калифот Омер се знае за многу строг човек по природа. Во Исламската Држава имало и многу христијани, особено во Египет (и ден денес има многу). Еден ден доаѓа еден египетски христијанин кај Омер и се жалил дека синот на Гувернерот на Египет го удрил шамар без причина. Омер нервозен од овој кукавички потег на синот на гувернерот наредува да ги донесат и двајцата пред него. Во моментот кога пристигнува Гувернерот со синот, Омер му вели на христијанинот да му возврати на синот со шамар. И христијанинот го удира. А потоа Калифот Омер уште нервиран со неправдата, таткото го симнал од функцијата гувернер на Египет и назначил друг наместо него.
Потоа да не ги заборавиме и Отоманите.
Христијаните и Евреите секогаш имале право на нивната религија. Имале сопствени судови, граделе храмови колку сакале.
Еве дај да ги видиме нашите цркви, тука во Македонија. Ќе видите дека повеќето од нив се градени 16, 17, 18 и 19 век.
Признавам, па и сите знаат дека и Отоманите подоцна, кон крајот на нивниот Калифат направиле грешки кон христијаните, а и кон сопствениот народ, муслиманите. Па потоа продолжува со изразување на турскиот национализам наспроти национализамот на балканските народи, а од друга страна и на муслиманските народи: арапите, египќаните, јорданците итн па и така се распадна.
Има и многу многу што да се каже, но мислам дека е доволно.
Селам за сите (МИР)