Ч Е Н Т О
Методија Андонов
- Член од
- 3 јули 2008
- Мислења
- 1.698
- Поени од реакции
- 1.612
Темата ја отварам за да покажам дека во најголема мера наводната "омраза" помеѓу Бугарите и Србите уште од крајот на 19 и низ целиот 20 век, па и до ден денеска е само една голема измислица и лага, и всушност служела и повремено сеуште служи како параван за превласта и директно мешање на едните или другите во Македонија и животите на Македонците.
Најеклатантен пример за ова се секако срдечните и помпезни взаемни посети на нивните монарси во престолнините на едните и другите, во релативно краток временски период на почетокот на 30-тите години на 20 век.
Информации од прва рака пропратени со многу фотографии и изјави од двете срдечни бугарско-српски посети наоѓаме во броевите на српскиот весник "Политика" од тоа време.
Да не должам, прв на посета кај својот мил сосед оди бугарското царче Борис Трети, се разбира со жена му и цела свита бугарски функционери и важни личности од општествениот живот на Бугарија.
Бугарската посета на Белград се случува од 10 до 13 декември 1933 г.
Еве скенови од сите страници на весникот "Политика" којшто тие денови новински го покрива овој настан. Страниците заедно со насловните се хронолошки подредени по датуми од почетокот на припремите, низ целата посета и што се случувало за време на неа, па до испраќањето.
Клик на линкот и разлистајте, разгледајте ги фотките и убаво прочитајте какви ли се тоа изливи на љубов и братство-единство:
Бугарите кај Србите, декември 1933 г.
Еве како пикантерија да видиме каков проглас до своите Белграѓани издал тогашниот градоначалник на Белград еден ден пред на гости да им пристигне бугарскиот цар Борис Трети:
Како беше она: "Oво нема ни у Београду бре!"
…ма, чекај, чекај… има, и тоа како ИМА!
------
Следната 1934 година, на крајот на месец септември, поточно од 27-30 септември, Србите на чело со нивниот крал Александар Први Караѓорѓевиќ, жена му и цела свита српски ("југословенски" од кралството Југославија) функционери одат на повратна посета во Софија, Бугарија.
Следуваат скенови од српскиот весник "Политика" кој го покривал настанот, во хронолошки редослед од почетокот на припремите, за време на посетата, до крајот т.е. испраќањето.
Повторно,

Србите кај Бугарите, септември 1934 г.
Еве каков повик до Бугарите во Софија издал тогашниот нејзин градоначалник пред посетата на љубениот српскиот крал, нели за да не остане покусо од неговиот колега од Белград:
Сега дежурните тролови се прашуваат: "Дали това наистина е в'зможно?"
Еми да, апсолутно е возможно!
Покрај взаемните здравици и секакви други изливи на љубов, братство и пријателство за време на посетиве, господата монарси си ги отвориле и чекмеџињата па почнале и ордени и медаљи да делат.
Српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ на бугарскиот министер за трговија и индустрија:
За да не остане покусо во изливите на љубов, еве го и бугарскиот цар Борис Трети со повеќе ордени и одликувања за високи српски функционери:
Му тргнало, па изгледа се забораил со одликувањава за Србиве Борис...
Значи сума-сумарум овие уште што не се залапале. А којзнае може и тоа да го направиле кога немало камери наоколу.
Темава нека служи за поттик и како инспирација на секој еден Бугарин што ќе дојде овде да смогне сили и да ни достави барем неколку скена од нивните-бугарски весници што во тоа време известувале за истиве срдечни бугарско-српски посети на највисоко ниво.
Се разбира, ако им стиска…