Што мислат Прилепчани за зонското паркирање во центарот на градот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Marko Polo
  • Време на започнување Време на започнување

Дали е скапа услугата? Дали беше неопходно? Дали беше поефикасно страиот начин....и др?

  • Вкупно гласачи
    16
гледам градот Прилеп ја ПРЕТЕРАЛ со планирањето.........јес да центар со наплата лично јас го оправдувам заради воведувањето на ред и намалувањето на непотребните учесници во сообраќајот,ама да се направи ваков план исклучиво за казни и наплати ЈОК
 
Имам еден план...
Советот на Општина Прилеп најверојатно има донесено некаква Одлука со која е воспоставено овакво зонско паркирање.
Би сакал да ја добијам таа Одлука
Врз основ на таа Одлука, јас ќе поднесам иницијатива до Уставниот суд на РМ.
Потоа таа иницијатива ќе ја приклучам кон мојата жалба до Судот во Стразбур.
Би замолил, ако некој е во можност, да ми помогне да ги најдам одлуките на Советот со кои е воспоставено оваа наплата на паркирање.
Види на веб страната од општина Прилеп да не има тоа што ти треба
 
Најдов Сл. гласник број 02 од 2008. Тамо има на страна 31 Одлука, еве погледај:
Тука се предвидени повластици за некакви „ резервирани места “, во член 14 и потоа. Дали знаеш што се подразбира под поимот „ резервирани места “?
 
Attachments

„Резервирано“ е местото ако однапред го закупиш за 6 или 12 месеци. Пример, имаш бизнис во близина, или живееш на тоа место, па ти треба паркингот „за везден“ :)

Мене ме интересира посебно членот 2, каде вели: „Површината за паркирање е дел од јавната сообраќајна површина, со која располага Општина Прилеп, а е наменета за паркирање на возила“. Дали под таа површина за паркирање (т.е. јавна сообраќајна површина) спаѓаат тротоарите?

А и член 10 е особено важен, каде вели: „Јавното претпријатие не одговара за штетите настанати врз возилата на јавните паркиралишта, како ни за нивното оттуѓување“. Како е можно да плаќам за паркинг, а никој да не ми гарантира сигурност од кражба и оштетување?
 
Oпштина Прилеп ( ниту било која друга општина ) не располага ниту со улиците ниту со тротоарите - тоа општинарите само си замислуваат, бидејќи согласно член 3 од Законот за јавни патишта тоа се добра во општа употреба кои се користат во согласност со овој Закон. Општината има само надлежност да ги одржува, гради, пропишува режим на сообраќај и така натаму. Кај нас општинарите, кога ќе бидат избрани или запослени во општината се однесуваат како цел град да е нивна соственост и така и се однесуваат. Општините едноставно имаат право да изградат добро во општа употреба од парите кои ги собрале од сите граѓани и заедно со сите граѓани да го користат тоа добро.
Но, не се замарај со такви работи. Во текстот на Одлуката, забележав и други глупости но не вреди за такви работи да се губи време.
Мојата жалба до Судот во Стразбур се однесува само на две работи. Првата е дискриминација, а втората незаконско казнување. Тоа се дела против човековите права, а само за тоа може да се жалиме во Стразбур.
Мене ме интересира, бидејќи разбрав дека тие што живееат и работат во близина на зоните не плаќаат ништо, а на друго место најдов дека плаќаат 300 денари месечно, дали се тоа всушност тие „ резервирани места “.
И ме интересира какви се казните за тие што не платиле за паркирање. Во Скопје најнапред ти ставаат лисици, па ако за еден саат не платиш 1100 денари ти ја одземаат колата со пајак.
Исто ме интересира за тие што плаќаат, дали на на фискалните сметки стои дека им е наплатена комунална такса или услуга паркирање?
Знаеш ли нешто околу ова?
 
А во меѓувреме смислија педерчињава нова тактика за дупло пари да печалат. Пошто до сега се плаќаше 30 денари и траеше цел ден (барем на потегот од казиното до бензиската Макпетрол, пред поштата), сега бараат да им платиш за двете смени, т.е. ако си му платил на батката што е прва смена, ко ќе дојди клинкурот од втората смена што наплаќа паркинг мораш и нему да му платиш пак. Не ми е јасно по кој закон е дозволиво ова? Свесно го кршат законот и ептен ме нервира што во фаца ти се пулат и ти викаат (со други зборови): „да, незаконски работиме, ама не ни можиш ништо, има да си платиш“...
 
Тоа е нешто најлошо што може да ни се случи. А убаво стои во преамбулата на Универзалната декларација за правата на човекот на ОН :„ Бидејќи е суштествено човековите права да бидат заштитени со закон, а човекот да не биде принуден последен излез да бара во побуната против тиранијата и угнетувањето;“
Ни во сон не сум можел да замислам дека вакво нешто може да се случува во наша Македонија. Веројатно општинарите очекуваат да подигнеме востание.
Мој совет да напишеш една представка до Советот и потоа таа да ја пратиме во Стразбур.
 
Ако треба и тоа ќе го направам, иако не верувам дека ќе даде резултати, барем не во скоро време. Тие свесни се дека не можат вечно да печалат на овој начин и затоа сега гледаат да исцедат максимум што можат.
 
Не сум од Прилеп, ама ова со зонското паркирање е одлична работа. За 30 денари (мислам толку е) имаш сигурно паркинг место и безбедно ти е возилото.

Добро замислено, добро остварено. :)
Браво за градоначалникот на Прилеп ! (y)

Едит: Анкетата не ти чини

обезбедено ти е возилото? сакаш да кажеш ако во случај ми ја обијат колата и украдат радио на пример или слично или пак ја оштетат колата дека некој ке ти надомести за тоа???

и викаш обезбедено паркинг место. демек порано кога немало зонско немало никаде ни паркинг да се паркираш?

незнам како е во другиве градови ама еве ке си кажам ја за скојпје што мислам. додека немаше зонско паркирање имаше место за СИТЕ ако не напрв паркинг на втор сигурно ке најдеше некое место. вака ем зонско ем празни им се паркинзите ем загубари излагаат.. со еден збор КРАДАТ на велико!
 
Ако треба и тоа ќе го направам, иако не верувам дека ќе даде резултати, барем не во скоро време. Тие свесни се дека не можат вечно да печалат на овој начин и затоа сега гледаат да исцедат максимум што можат.
Напиши, ништо не е залудно...
По член 24 од Уставот на РМ и по Законот за постапување по представки и предлози на граѓани ( Службен весник на РМ 82/08 ) тие мораат да ти одговорат инаку им следи казна.
Ако не се спротивставуваме тоа ќе значи дека се согласуваме. Уште во Римското право е кажано:Qui tacet consentire videtur - Кој молчи се смета дека се согласува
 
обезбедено ти е возилото? сакаш да кажеш ако во случај ми ја обијат колата и украдат радио на пример или слично или пак ја оштетат колата дека некој ке ти надомести за тоа???

и викаш обезбедено паркинг место. демек порано кога немало зонско немало никаде ни паркинг да се паркираш?

незнам како е во другиве градови ама еве ке си кажам ја за скојпје што мислам. додека немаше зонско паркирање имаше место за СИТЕ ако не напрв паркинг на втор сигурно ке најдеше некое место. вака ем зонско ем празни им се паркинзите ем загубари излагаат.. со еден збор КРАДАТ на велико!
Болд 1: Нон стоп вртат луѓе околу возилата (тие што наплаќаат) и веројатноста да се случи тоа што ти го напиша е мала. А ако ти украдат радио нормално дека нема да ти го платат од паркингот.

Болд 2: Дојди во Битола и најди слободно паркинг место, а посебно во вторник и петок. Можи во Скопје има место ама во Битола јок.
 
значи сепак колата не ти е официјално безбедна нели?

втора работа - во битола викаш нема да најдеш слободно место... нзнам дали имате вие таму зонско паркирање - ако имате ке најдеш ( со плаќање нели ) ако немате тешко дека ке најдеш али ако свртиш 2 3 круга ваљда едно место ке најдеш
 
Не е официјално безбедна нормално.

Нема зонско паркирање во Битола. Ако е за то 2-3 круга да свртиш кај и да вртиш ќе најдиш место...
 
Иницијативата што ја поднесов до Уставниот суд ( види #81)
Ќе биде разгледана на 11. 07. 2012
Еве што пишува на интернет сраницата:
2. Членови 14, 16, 21, 27 и 31 од Одлуката за условите и начинот на паркирање, организацијата, уредување и начин на наплата на јавните паркиралишта, како и блокирање, деблокирање, преместување и чување на возила на подрачјето на општина Прилеп, бр.07-140/21 од 18 јануари 2008 година, донесена од Советот на општина Прилеп, објавена во „Службен гласник на општина Прилеп“ бр. 2 од 22 јануари 2008 година.
(Реферат У.бр.51/2012 со нацрт-решение)
http://www.ustavensud.mk/domino/WEBSUD.nsf
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom