Што мислат Прилепчани за зонското паркирање во центарот на градот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Marko Polo
  • Време на започнување Време на започнување

Дали е скапа услугата? Дали беше неопходно? Дали беше поефикасно страиот начин....и др?

  • Вкупно гласачи
    16
Не можев од некоја причина да видам страницата што ми ја отвори, ама небитно ми објасна за што се работи. Ниту сакам да го споредувам Амастердам со Прилеп ниту пак можам, ти го оставив линкот како демант на твојата изјава дека на запад нема пајак служби.
Мене ми е апсолутно јасно дека единствено нешто за што се заинтересирана локалната самоуправа е да заработи со овој проект, да не си помислиш дека ги бранам или многу го љубам.

Ајде вака да ти ја објаснам уште еднаш ситуацијата и ти дај ја солуцијата за проблемот како човек кој се занимава со оваа проблематика. Јас чисто само со помош на некоја моја логика мислам дека е подобра солуција паркинг зоната за доброто на градот.

Центарот на Прилеп се две улици, односно една која се паралелно поставени и уште две мали уличиња кој ги сечат истите како што можеш да видиш и самиот.

Во центарот на Прилеп пред неколку години кога не функционираше паркингот беше пренатрупано со коли и причината што локалните фраери ги тргаа од таму е што многу ги сереа чавки, инаку истите беа паркирани тука со денови.
Со воведување на паркинг службата малку се растерети паркингот, но сеуште има доста паркирани возила од причина што беше 30 денари за едно паркирање. Единствен плус е што се намалија кражбита по автомобили од причина што паркинг вработените се нон стоп тука.

Со оваа измена и имплементација на зонското паркирање мислам дека уште повеќе ќе се растерети центарот од промет.

Чисто сакам да го слушнам како ти би ги решил гужвите во центар и дали имаш солуција за проблемот. Ако си заложник на тоа да нема никаков ред и да биде башибозук тогаш имаме два дијаметрални ставови и нема што повеќе да дискутираме.
За Берлин побарав нешто на интернет ама не можев да најдам конкретно ништо, се споменуваше некаков беџ, би ценел ако објасниш поподробно.
Да одлучував јас во Прилеп, ќе ставев стубчиња на тротоарите, да нема паркирање на нив, од Табана до Липа... Ете две катни гаражи и сега подземна гаража.
За кого ја праеја катнана, празна да стои... Ама таму ако паркираат локалниве „шерифи“ (читај: мизерни кљошарчиња) никој нема да им ги гледа крнтиите што ги свлечкале од плацевите од Бугарија. А вака на „реклами“ секој ги гледа.
Тротоарите не се наменети за паркирање! Никаде во свет. Затоа се катните гаражи и паркинзите. Ама нашава локална самоуправа да можат и од снегов што падна пари ќе исцедат.
 
Апсолутно се согласувам, кажав и претходно да се направат велосипедски патеки барем од едната страна на колозовот по главната улица по булевар и да пренамени тротоарот за велосипедска патека и пешаци. Еве од едната страна нека бидат паркинзите кои ќе се користат строго наменски за дотур на материјали или кратки застанувања. Сега онде пред локалите во лето нема шанса да се разминат двајца луѓе, посебно пред делот кај пицеријата Леоне и од спротивната страна.
 
Тоа ти е закон на посилниот кој отсекогаш важел во Прилеп... ко на дивиот запад.
Тие газди на локали што се блиски до владејачката гарнитура и Мајран, ќе си прават што сакаат. Ако им текни цел тротоар ќе го зафатат (види го Вирус што прави). Ќе си паркираат кај сакаат и кога сакаат и колку што сакаат без никакви последици.
А ние „обичните“ можи само да гледаме и да се нервираме... и казни да плаќаме.
 
Чисто сакам да го слушнам како ти би ги решил гужвите во центар и дали имаш солуција за проблемот. Ако си заложник на тоа да нема никаков ред и да биде башибозук тогаш имаме два дијаметрални ставови и нема што повеќе да дискутираме.
Најнапред, во принцип во центарот на секој град, има и треба да има голема посетеност. Секој кој купил дуќан во центарот или плаќа кирија за дуќан во центар на некој град, плаќа повеќе за да има повеќе посетители - купувачи.
Сега за тоа како да се избегнат прекумерните гужви?
Прва мерка е стручна и одговорна изработка на генералните урбанистички планови. На пример во Скопје ( инаку Скопје има извонредни планери урбанисти ), во Скопските населби е изградена мрежа на локални трговски центри, како што се Лептокарија во нас. Карпош, Бисер во нас. Аеродром, Беверли Хилс во нас. Капиштец и многу други. Цел на изградба на вакви центри е да дел од купувачите ги задоволат своите потреби во населбите каде што живеат.
Втора мерка е строго придржување и деталните урбанистички планови. Во Република Македонија на сила е Правилник за урбанистичко планирање, во кој, меѓу другото е пропишано колку паркинг места е неопходно да се планираат за секој изграден објект. На пример за секој изграден стан, во зависност од големината, е предвидено дека толку и толку паркинг места мора да се обезбедат. За секој изграден дуќан, локал, административен објект и се друго, во зависност од големината и намената е пропишано колку паркинг места минимално мора да се обезбедат.
Одобрубањето на урбанистичките планови и нивна реализација се во надлежност на локалната самоуправа. Локалната самоуправа издава градежни дозволи, дозволи за пренамена, адаптација и се околу ова и тука, речиси, никаква надлежност нема Централната Власт.
Ако се исполнети овие услови, одговорна изработка на плановите и строго придржување кон истите, односно издавање дозволи само ако се задоволени урбанистичките услови, никакви проблеми не можат да настанат.со паркирањето.
Но општинарите ( кои некој ги нарекуваат - општински лешинари ) не го прават тоа, често свесно ги кршат плановите за свои лични интереси. На пример: На многу места во Скопје според плановите е предвидена и изградена куќа со два стана за која се обезбедени на пример четири паркинг места. Општинарите издаваат дозвола, куќата да се сруши и на нејзино место да се изгради повеќе катница со 30 стана за која се потребни 40 паркинг места, а нема услови за такво нешто. Еве друг пример, постои стан за кој се обезбедени 1,3 паркинг места, а општинарите издаваат дозвола тој да се пренамени во административен простор за кој се потребни на пример 8 паркинг места. Еве уште еден пример од Скопје, до Рамстор беше предвидена една цела катна гаража со 600 паркинг места, а таа во гаража во целост е пренаменета за административен простор. А за катните гаражи кои сега се градат веќе делумно се претворија во дуќани и друго Има и многу дуги примери, но мислам дека ме разбра. Ако постои недостиг на места за паркирање, тоа се должи на неодоворноста на општинарите.
Но и во ваква ситуација не е се изгубено. Тие можат да обезбедат нови паркинг места со изградба на катни гаражи и планирање на сообраќајот. Но тие ништо од тоа неправаат туку воведуваат некаква наплата на паркирање.
Како резултат на оваа наплата, просторите на кој е предвидено зонско се празнат, а на на соседните паркинг простори се создава уште поголема гужва, бидејќи бројот на расположиви паркинг места и нивната искористеност е намалена.
На твоето последно прашање, дали сум за ред, одговарам и тоа како сум за ред, но нередот го прават општинарите и тој неред уште повеќе го зголемуваат и комплицираат со наметнуванје на незаконска наплата на паркирање.
Се надевам дека си задоволен и се надевам дека ќе продолжиме со дискусијата.
 
Да одлучував јас во Прилеп, ќе ставев стубчиња на тротоарите, да нема паркирање на нив, од Табана до Липа... Ете две катни гаражи и сега подземна гаража.

Тротоарите не се наменети за паркирање! Никаде во свет. Затоа се катните гаражи и паркинзите.
Точно така ... Нема подобро решение од тоа... Ја и искрено до сеа си мислеФ дека и тоа е финтата ова досега само привремено а ко че се пушта катните и подземнио паркинг торотоарите че бида пак тротоари... Сегде е така!
Човек од страна да поминува низ Прилеп онака да разглеа.. ништо нема да види... само еден куп коли та од лево та оддесно на булевар... Плус че има место таман да се напрат велосипедски патеки ко че се скини малку од тротораро (голем е...)
Има некој податок колку че збира вкупно 2те катни и подземната? Во секој случај ја мислам дека че е доволно...
п.с:Плус има уште неколку паркинзи окулу!
 
Јас сакам да го кажам моето искуство за Скопје.Поточно за населба Аеродром,замислете одите на гости и плаќате паркинг.....си седите на гости....ама како на игли....и на крај 100 ден.за 2h.
 
Дали некој го има чудово видено што го upload-ирале од општина, а и на веб-сајтот им стои?

Она ко ќе го видам во Прилеп има од „тапанче“ да рипнам... па и трамвај човече :eek:
 
Дали некој го има чудово видено што го upload-ирале од општина, а и на веб-сајтот им стои?

Она ко ќе го видам во Прилеп има од „тапанче“ да рипнам... па и трамвај човече :eek:
ЧИм е реализирано како проект, ќе биид. И не бегајте надвор од темата.
 
Бидејќи имам голема желба наплатата на паркирање во Македонија да ја „ доведам во ред “ често си читам како е тоа организирано во светските метрополи.
Воглавно, секаде општините се трудат да ги натераат граѓаните да не користат сопствени возила туку да ги паркираат во јавните гаражи и да користат јавен транспорт. Затоа нудат разни поволности.
Денес читав за Осло. Норвешка. Норвешка е меѓу најбогатите земји во Европа.
Таму ако паркираш на општинско јавно паркиралиште и платиш билет Oslo Pass, добиваш бесплатно паркирање, бесплатен јавен превоз, бесплатни билети во за влез во музеи, забавни паркови, попуст во ресторани и многу други работи и многу други погодности. Овакво нешто не можеме да замислиме во Скопје и во Прилеп, а да не зборувам за Охрид. Секаде ќе трчаат по нас некакви типови барајќи 30, 40, 50 ... денари.
Такви се нашите општински лешинари...
Ако сакате погледајте ја страницава. Барем општинарите не можат да не спречат да мечтаеме.
http://www.visitoslo.com/en/activities-and-attractions/oslo-pass/
 
Sto ima da mislat prilepcani toa e aj vo skopje vo centar si parkiral aj vo prilep neka mislat shto sakaat i pak da glasaat na izbori i da se tepatza glasovi najbitno e toa
 
Бидејќи имам голема желба наплатата на паркирање во Македонија да ја „ доведам во ред “ често си читам како е тоа организирано во светските метрополи.
Воглавно, секаде општините се трудат да ги натераат граѓаните да не користат сопствени возила туку да ги паркираат во јавните гаражи и да користат јавен транспорт. Затоа нудат разни поволности.
Денес читав за Осло. Норвешка. Норвешка е меѓу најбогатите земји во Европа.
Таму ако паркираш на општинско јавно паркиралиште и платиш билет Oslo Pass, добиваш бесплатно паркирање, бесплатен јавен превоз, бесплатни билети во за влез во музеи, забавни паркови, попуст во ресторани и многу други работи и многу други погодности. Овакво нешто не можеме да замислиме во Скопје и во Прилеп, а да не зборувам за Охрид. Секаде ќе трчаат по нас некакви типови барајќи 30, 40, 50 ... денари.
Такви се нашите општински лешинари...
Ако сакате погледајте ја страницава. Барем општинарите не можат да не спречат да мечтаеме.
http://www.visitoslo.com/en/activities-and-attractions/oslo-pass/
Во Прилеп, познавајќи го добро менталитетот... и трамвај, и subway и elevated railway и сите можни варијанти на јавен превоз да ги има... пак никој нема да ги користи и пак сите со коли ќе гледаат да излезат од дома, ако чаршијата им е на 10-15 минути пешачење... Колку од соборна, до Холидеј Ин да речиме...
Зошто? Оти уште она селското не можи да се искорени од рајата, да бидат видени со BMW-то од ’93-та кај шо ќе се паркираат пред кафич и клучевите на маса ќе ги акнат.
Смртен срам е пешки да ги види некој кај што одат. Исто како што понижиување им е да дадат 30 денари за паркинг и ќе им се силат и закануваат на наплаќачите само за да не платат.
Жалам што потекнувам од таков мизерен град.
 
Жалам што потекнувам од таков мизерен град.
Без потреба ме навредуваш мене и себе.
Вистина е, не сум бил во Прилеп, повеќе од 20 години, но едната од моите Баби беше родена Прилепчанка. И јас за себе, секогаш, со гордост велам, дека сум четвртина Прилепчанец.
Заслужуваме и ти и јас и сите други Македонци, подобро од зони, рампи и пајак возила.
 
Oстанав должен од дискусијата со Windfucker за паркирањето во Берлин.
Берлин е огромен град во кој се регистрирани околу еден милион и триста илјади возила. За споредба во цела Република Македонија се регистрирани околу двеста пеесет илјади патнички возила..
Паркирањето се одвива на уредени паркиралишта и еве карта на сите паркиралишта во Берлин.
http://en.parkopedia.de/parking/berlin/
За секое паркиралиште е дадено колку места има и колкава е цената. Ќе забележите дека на огромен број паркиралишта паркирањето е бесплатно – free.
Оваков систем има и во други европски градови, но она што го прави системот во Берлин и Германија посебен што од 2008 година, воведено е ограничување да возиш и паркираш во одредени делови на градовите.
Поедини делови на градовите се одредени како заштитени подрачја за емисија на штетни гасови. И ако некој сака да влезе во тие делови на градовите треба да побара дозвола. Оваа дозвола може да ја добие секој но, барањето за ваков влез треба да се поднесе две недели пред да влезеш со возило во тој дел на градот. Во зависност од емисијата на штетни гасови, односно типот на возилото, се добива беџ во различна боја со кој можеш да влезеш.
Па кој има трпение да чека две недели, нека повели. Пораката е јасна, паркирај на бесплатниот паркинг и со возилата на јавниот превоз оди каде што сакаш.
Погледнете за ова овде: http://www.waytostay.com/berlin-city-guide/transport-information/driving-and-parking
 
Малку ги измешале зоните, на мапата и во објаснувањето.Само да не е 'случајно'.
Зони за паркирање во Градот Прилеп

Со овој систем на паркирање се предвидува Градот Прилеп да биде поделен во неколку зони:

Прва зона - Црвена зона, каде е дозволено максимално 2 часа времетраење на паркирање

Втора зона - Жолта зона, со можност за паркирање до максимум 4 часа,

Трета зона - Зелена зона, со неограничено времетраење на паркирање.

која
mapa_parking.jpg
 
Имам еден план...
Советот на Општина Прилеп најверојатно има донесено некаква Одлука со која е воспоставено овакво зонско паркирање.
Би сакал да ја добијам таа Одлука
Врз основ на таа Одлука, јас ќе поднесам иницијатива до Уставниот суд на РМ.
Потоа таа иницијатива ќе ја приклучам кон мојата жалба до Судот во Стразбур.
Би замолил, ако некој е во можност, да ми помогне да ги најдам одлуките на Советот со кои е воспоставено оваа наплата на паркирање.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom