Македонија изгрева меѓу Исток и Запад

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување
Се согласувам со коментарите на Декстер и на бугариниот, за жал;)

Старата скоевка мирка си пишува некои свои фантазии кои баш немаат веза со реалноста.

Прво, точно е, БРИКС уште не е никаков официјален сојуз, ниту воен ниту политички, ни близу на тоа што е ЕУ, а не па ли НАТО. Тоа се големи растечки економии, но какви ќе бидат нивините односи во иднина тек ќе гледаме и осознаваме.

Второ, економски тие земји зајакнуваат што не значи дека ги стигнале САД или Западна европа ни по БДП ниту по квалитет на живот. По БДП Бразил е тука некаде со Франција, ама Бразил има речиси три пати повеќе жители, прашање е чиј живот е поквалитетен. За Русија да не зборувам каде што имаме најголема концентрација на богаство кај најмал круг на луѓе. Ако вадиме сценарија од ракав како тоа ЕУ и САД пропаѓаат, исто може да се извадат и сценарија за тоа како ќе пукне кинескиот балон, ама ако тој пукне Кина има да биде во крв до колена, ама тие сценарија моментално не се актуелни, се чуваат во фиока за едно 10-тина години кога ЕУ и кризата во западниот свет нема да бидат интересни.

Трето, старата скоевка чии идоли очигледно сеуште се Киро, БЦ и Маршалот не може да се отргне од старите Титови соништа за Неврзаните, третиот свет и Кировата „еквидистанца“. За некој кој се декларира како отворен „антикомуњар“ и остар критичар на сегашната опозиција тоа се доста чудни и контрадикорни ставови.

Значи не дека треба по секоја цена и без име и идентите да се влезе во НАТО и ЕУ, но авантури какви што таа ги предлага Македонија веќе има преживеано, со „неврзаната“ Југославија и „еквидистанцата“ кои ги спомнав погоре. Не може ние на пет столчиња да седиме во светската политика, а ако сакаме целосно да се свртиме кон исток и новите економски сили, тогаш мора тие нешто реално да понудат, не дека ЕУ и НАТО ни понудија нешто, ама барем се работи за економско-политички-воени сојузи кои постојат и дејуре и дефакто.

Но анализите на Мирка одамна не треба со сериозност да се земаат. Нејзините фантазии и мрачни сценарија ги читам со години и со години ништо не испаднало како што таа кажала. Кога само ќе се сетам на нејзините написи за тоа како НАТО е поразен во Либија, како Гадфи е голем борец против светската неправда, како успешно ја одбранил својата земја. Па смешните сценарија уште кога беше БЦ претседател на РМ, како ќе ја употребел војската за да остане на власт и да го урне Грујо и уште многу такви од категорија лесна научнофантастична литература.
 
Не ни морав да кликнувам на линкот, од самиот текст објавен на форумов ми стана јасно кој е авторот на истиот.

Нормално и она е малку Еуфорична но не толку колку Лапаш така да добра е сега засега,барем е на земја:)

Да, точно е тоа дека Македонија изгрева меѓу Исток и Запад, точно е тоа дека Македонија е крстопат помеѓу истокот и западот, и да, точно е тоа дека можеме, ако сакаме, на Балканот да бидеме истото што е и Швајцарија, неутрална држава која се држи себеси исклучена и од истокот и од западот, но сепак истовремено соработува и со едните и со другите и тера бизнис и со едните и со другите.

НЕ!

Сметам дека должам соодветно објаснување па претпоставувам да поочнам(ако кафето не преврие дотогаш..) значи:

Како прво географска положба,имено Швајцарија знаеме е Алпска земја и е неутрална како и фактот дека многу држави чуваат маркирано злато,благородни метали и хартии од вредност,но за ова има друга причина-наједноставно објаси ми како може да банка во швајцарија бииде ограбена а притоа да помине на неколкуте гранични премини каде имаш од кучиња и мултискен технологија што би значело тој(на пример тон ипол злато маркирано) не можеш да го извлечеш надвор без притоа другите да знаат.

Небото е секогаш добра идеја студената војна заврши па ниедна држава нема да прими криминалец и да го чува дури и групата да успее да дојде до летало и да избега од ПВО и ловци,така да опцијата со авион е невозможна слично како и таа преку граница.

Останува да се оди преку алпите ете тоа е токму онаа природна бариера која го штити златото и хартиите од вредност бидејќи претпоставувам не би влечел тон ипол(1500кг) злато на височина од 4000 метри додека веќе те бараат насекаде,оваа природна бариера нема да биде соборена освен ако DARPA не пушти неколку егзоскелетони модифицирани за таа мисија;)

Второ покрај географската сама по себе се наметнува геополитичката мапа,имено Швајцарија нема отворени непријатели(иако на Алпските земји цела европа им Љубомори) сепак конкретно Швајцарија нема непријател кој води децениска специјална вода освен фундаменталните Исламисти.

За разлика од таму каде децата јадат швајцарско сирење ние овде со нашево(е подобро е уз ракија мнајискрено..Priceless) пак растеме живи и здрави фала богу НО,со една огромна разлика,нашите соседи покрај тоа што не негираат истите водат декади т.н специјална војна која ги чинеше можебим и над пола милијарда евра но за жал им успеа,бидејќиВојската не штити од таков тип на лоботомија и перење мозокВрв на нивниот успех е инсталирање на Бугарин како премиер на нашата држава,а меѓу другото и многумината кои за жал избљуваа и ги посраа гробовите на нивните татковци,дедовци..прадедовци и на сите они е кои почнувајќи од 1564 со прилепската буна па1876 разловечко,Илинден и се до втората светска војна каде јасно и гласно застанавме ПРОТИВ ОКУПАЦИЈАТА и се боревме како народ,се боревме за слобода,се боревме и..ПОБЕДИВМЕ,се роди Македонската држава,МАНУ,друштво на писатели,поети занаетчии и НАЈВАЖНО бевме признати за прв пат како Народ кој ниту е Бугарски,ниту Јужносрбијански Ниту грчки туку сосема различен со свој јазик,традиција и култура познат како Македонски народ(и нека пукнат од мака тоа душманите-постоиме!!),цената беше колку што сум информиран 20 000 мртви а бројката на ранетите претпоставувате,така да цената е платена во КРВ тоа е цената за Слободата.

Штета е и што нашата младина ја наоѓа својата


Indeed.



Истото горе важи и за бранителите,и оваа прилика би ја употребил да им изразам благодарност на оние кои по должност,мрзнеа,јадеа што ќе им се даде,и беа напати во гадна тренч варфер ситуација каде местото каде што се**ш е неколку метра близу до она каде што јадеш и ги ставија нивните животи на ризик за да еден ден и ние не бидеме жртви на Орки и ставени како исчезнати по жолти или разнолики бои на куќа во зависност од спектрумот-виножито,да не се заборави.

Но проблемот кај нас е во тоа што нашите политичари не сакаат да бидат неутралци, нашите политичари уште од крајот на Студената Војна и распаѓањето на Советскиот Сојуз и на Југославија, одлучија дека доколку Истокот повеќе не е доволно богат и моќен за да им биде од корист на нив, тогаш ќе преминат на страната на Западот, бидејќи македонските политичари не сакаат да размислуваат со своја глава,

Токму така,размислуваат за својот џеб.

туку сакаат да бидат марионетки или на истокот или на западот, на крајот на краиштата,

Секако бидејќи им одговара,секогаш така ќе има на кој да покажат со прст и да речатн ете оние се виновни,без да погледнат во реалноста и да сфатат дека со 30% неввработеност,сиромаштија и ГДП,застарена Инфра структура сме поблиску до Африка иако континентално сме во Европа.

Охридскиот Рамковен Договор е само една од одлуките која македонските политичари со најголемо задоволство ја потпишаа, се со цел да му се умилкуваат на западот.

Не би се сложил,умилкувањето беше 1999 кога Бевме главна логистика на НАТО без чиј придонес целокупониот нив концепт ќе пропаднеше во вода,тогаш кога им дозволивме да користат воздушен простор,па копно исто така и да донесат куп војска со тотална логистика и разбирање од наша страна,да не спомнувам и лансирања на неколку германски беспилотни летала чист колку за надгледување(немаа боев пејлоад тогаш UAV),да не го заборавиме можеби најхуманитарниот гест од Страна на Република МАКЕДОНИЈА која на своја кожа и коски прими над 300 000 бегалци а тоа е над 20% од населението,тоа е нешто тешко да се менаџира,факт е дека јадеа и живееа од државни резерви,неколку тони храна преку авион се само за перење мозок-Nothing more.

Најдобриот поклон од НАТО беше бомба која уби 60-сеттина албанци вклучувајќи,жени и деца,бегалци каде пилотот кочија со коњ ја виде како оклопно возило а тие близина Ју армија и ја пушти направата,друг подарок се тоните употребена касетна муниција која се дисперзира на мали бомблети,муниција не бидејќи е толку убиствена туку бидејќи 70% од жртвите се ЦИВИЛИ(жени,деда ловци..) и тие бомблети најчесто не убиваат туку хепи енд е дете во количка или на штеки за жал-што и е целта т.е да се осиромаши и удри економијата на државата преку самиот фонд посебно за лица кои имале повреди од ваков тип најчесто деца без стаж ниту ден остатокот над 30 години...се на товар на државата,да не спомнувам лекови за болку,терапија стрес..

Така да договорот беше потпишан со цел да се спречи Крвава граѓанска војна бидејќи нашите наместо да ја научат и практикуваат старата "боље спречити него лечити" имаа поважни дилови како Тееком и ОКТА.(Се надевам најискрено дека сегашниве и идните ја научија лекцијата).


Ве молам спомнете еден политичар кој не рекол дека мораме во НАТО и/или во ЕУ, или во спротивно ќе ни се распадне државата, спомнете еден политичар кој рекол дека мораме да останеме неутрални и да мислиме на себеси и на своите интереси како нација и како држава, а не на интересите на истокот и на западот.

Леви титови сили:vozbud:

Патем согласно нашиот устав ние ијасно укажуваме дека АРМ нема да употребена освен во ситуација каде е загрозена државната безбедност,безбедноста на граѓаните,суверенитетот и Територијалниот интегритет и ова им е јасно на соседите-ние немаме офанзивни филнви како што имаа други,дури и сега нашата армија е Градена на дефанзивна основа,сепак треба да се има предвид заканата од воздух па неколку батерии С-300 не се на одмет ниту се скапи,истото важи и за Против тенковските ракети-тие се огромна закана за оклопно возило и очигледно треба да се фокусираме на модерни и докажани системи токму поради тоа што сме мала армија велеа(испадна продажба муда за бубрег) и ќе се укине служење воен рок ќе има Стејт оф д арт техника(иако С-300 е стар 3 декади и повеќе:)...ахх кафето претече ебаго..ццц) ..каде застанав


Грција и Албанија, како стратешки важни држави за западот, можат да си играат топло/ладно со западот преку терање бизниси со истокот, купувајќи оружје од Русија и Кина, а да не го заборавиме гасоводот Јужен Поток, во кој Македонија официјално сеуште не учествува, а Грција и Албанија официјално веќе се дел од истиот тој гасовод.

Албанија почнува со НАТО оружје,заврши ерата на кина,толку од репликите на Миговите кои се распаѓаа во небо,последно Кинеско(квалитено произведено мЗА ЖАЛ) е оружје за масовно уништување пронајдено во скриен бункер станува збор можеби за не повеќе од 10 тони,ама сепак тоа ја прави Р.Албанија првата држава во светот која се откажала од оружје за масовно уништување.(се мисли откако го поседува-аналогн на имам узи и го фрлам,доволно ми е колт45).

Кина исто така си тера свои бизниси во Бугарија каде што неодамна отвори нова фабрика за автомобили,.

Нормално,ја имаат истата работна сила но поевтини енергеси со што паѓаат нашиве економски зони со плевел.

активно учествува во откупувањето на грчкиот долг, дури и преговара за земање под концесија или дури и купување на грчките пристаништа

Првен Европа зема кредит(смешна сума беше во споредба со потенцијалот на ЕУ мислам некои 10 милијарди пред се наменети за Источна Европа ако не се лажам,во случај да грешам очекувам поправка.


БРИКС кои Мирка Велиновска ги изговара со неверојатна еуфорија изминативе година дена, сеуште не покажале заби за да му ја демонстрираат својата моќ на светот, а истовремено, случајно или намерно, Велиновска заборавила да додаде во својата статија дека поморските вежби во кои учествуваа Русија и Кина беа организирани од страна на САД и во истите тие вежби учествуваа пловила од воените морнарици на САД, Русија, Кина, Австралија, Нов Зеланд и ако добро помнам, учествуваа пловила и од воената морнарица на Јапонија

Неќе да "хиперболизира",не ја обвинувај.


Аха,кога сме кај специјалната војна имам прилика да ви претставам една жртва на истата,лоботомирана без да знае,без нејзина Слобода само следи инструкции,неодамна ја забележав но тоа ти е типична жртва примерокот е

А кога ќе се постигне компромис со Грција, тогаш ќе пишувам Република Горна Македонија...;)
 

Твојот став си е твој став, јас сум должен да го почитувам, но не и да го прифатам како точен и веродостоен.

Мојот став останува истиот став кој ти го цитираше и не го менувам истиот.

И ќе те замолам, немој да го вовлекуваш Џоле во ова, тој не е само пејач, тој е уметник, тој е хуманитарец и тој е оригинален на свој начин, еден од ретките чиишто обожаватели се помлади и од неговите песни, и воопшто не заслужува да го вовлекуваме во политички дискусии.
 
Благи соништа , кои немат никаква повраза со реалноста
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom