- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.161
- Поени од реакции
- 1.324
Илјадагодишниот либерално-демократски рајх што го предвидуваше „филозофот“ Фукујама кога најави крај на историјата, го заврши својот поход. Азија е во подем. Економската моќ се сели на исток. Се формира БРИКС. Кина и Русија одржаа заеднички поморски вежби на Пацификот. Турција и Полска прераснаа во потенцијални глобални играчи. Сево ова се случи во изминативе три-четири години. Беше логично да се случи, ама малкумина го видоа пред да почне да се случува. „Нова Македонија“ е меѓу тие малкуте и затоа и сега се впуштаме во скицирање на иднината кога веќе овде уште нема институции што професионално ќе се занимаваат со геополитика
На еден единствен начин може да се опише медиумско-експертската незаинтересираност за исходот од економскиот поход на македонската влада во Азија: затеченост и збунетост.
Фокусирањето на бројот на километрите автопат што не ги изградила владата што претпочитала јавните пари да ги троши на уметност наспроти светското стратегиско позиционирање на Македонија само го нагласува мигот на шашардисаност и неверица. А како и да не биде човек фатен во неверица кога ќе се најде во вителот на драматични промени.
Свеста формирана и извежбана на еден начин да ги доживува работите, едноставно не може веднаш да ги поими. Но тоа ништо нема да смени. Светот што го знаевме веќе го нема! Тој е во хаос и ова се новите реалности:
САД се милитантна империја што, и покрај 716-те воени бази распослани по планетава, повеќе не може да владее со светот. Европа се дави во должничка криза. Двете на политички план го загубија кредибилитетот пред остатокот на светот.
Крајот на либерално-демократскиот рајх
Од овој аспект, Европа дури не е ни некаков сериозен фактор во меѓународната политика. Во услови на економска и на финансиска криза, западните држави посегнаа по вулгарни репресивни мерки за заштита на интересите на својата елита, со што покажаа дека перцепцијата за недемократскиот исток наспроти демократскиот запад е најобична пропагандна лага, која се изеде самата себеси. Потпишувањето на законот за оправдано ад хок убиство на кого било од страна на овластен службеник што врз основа на личен впечаток ќе процени дека жртвата ја загрозува Америка, го маркира Барак Обама како уникатна нулта историска точка од која ќе се мери новата доба. Меката диктатура на либералната демократија, илјадагодишниот либерално-демократски рајх што го предвидуваше „филозофот“ Фукујама кога најави крај на историјата, го заврши својот поход. Азија е во подем. Економската моќ се сели на исток. Ги гледаме почетоците на суштинска институционална трансформација на светот. Се формира БРИКС. Кина и Русија одржаа заеднички поморски вежби на Пацификот. Турција и Полска прераснаа во потенцијални глобални играчи. Сево ова се случи во изминативе три-четири години. Беше логично да се случи, ама малкумина го видоа пред да почне да се случува. „Нова Македонија“ е меѓу тие малкуте и затоа и сега се впуштаме во скицирање на иднината, кога веќе овде уште нема институции што професионално ќе се занимаваат со геополитика.
Држава на „стендбај“
Значи, во такви услови и светски амбиент интересно е економското „роуд шоу“ на Владата на Македонија во Азија и Северна Европа. Која беше позицијата на нашата држава пред и по овие „походи“?
Просто речено, Западот не ја запишуваше, а Истокот или ја отпиша или ние одбивавме да нѐ запише.
Резултат на ова беше статусот на слепо црево со неизвесен рок на траење што хирургот лесно ќе го отстрани при најмал симптом на воспаление што ни го гарантираше Јалта во претходното преуредување на светот. Формално признаена - фактички оспорена е политичкиот опис на Република Македонија. Таа е европска држава што е опкружена со соседи што сите до еден, на ваков или онаков начин, сѐ уште не ја признаваат и ја оспоруваат. Таа е држава врз која ЕУ и САД во континуитет и систематски применуваат економска и политичка блокада од денот кога се конституира како независна држава. Таа и денес, како и пред две децении, во некои западни кругови се смета за држава со задршка. Сѐ сврзано со Македонија е на „стендбај“, што сугерира неизвесност.
Наспроти сѐ, Македонија стратегиски е строго западно определена, со што свесно се откажа од својата геостратегиска позиционираност како крстопат. На тоа прв ни укажа турскиот министер за надворешни работи Давутоглу, кога му се обрати на Собранието, ама неговиот говор остана јавно неанализиран и политички игнориран. Но оваа карактеристика што произлегува од географијата, во одреден критичен момент и наспроти политичкиот инженеринг, станува изразито видлива дури и за најаполитично око. Ние ова лето имавме три такви моменти. Економските посети на Индија, Кина и на Русија. Првиот, посетата на Индија, по инерција, не нѐ фасцинира. Вториот се случи кога во Полска како домаќин на еден форум за претставување на НР Кина и нејзините бизнис-потенцијали пред централнојугоисточно позиционираните европски држави, Никола Груевски ненадејно се најде на официјалната фотографска сесија до полскиот претседател и кинескиот премиер. Сите знаат дека во такви пригоди нема импровизација и токму на такви ситуации се однесува реченицата „една слика - илјада збора“.
Маркирани политички позиции
Дека е така се уверивме по седумдневното економско претставување на Македонија во Кина, само три недели по првичниот настан во Варшава. Од моментот кога кинескиот премиер го поздрави својот колега со зборовите дека Македонија е земја со долга историја и богата култура, фактички беше јасно дека Кина го соопштува својот политички став во Советот за безбедност, а во врска со спорот поврзан со нашето име. За разлика од ставот на Западот дека се работи за новокомпонирана државна творба без минато, Истокот смета дека Македонија има историски континуитет. Зошто тоа се случи баш сега и баш при едно економско-пропагандно претставување, нека му ја мислат експертите. Но треба сите да сме на јасно дека не се работи за непромислен инцидент, за случајност или за „несреќно“ совпаѓање. Такво нешто кај вакви држави нема. Сѐ е порака, симболика, маркирана политичка позиција.
Веднаш потоа дојде посетата на Русија, а по претставувањето во Индија - фактички, сите столбови на групацијата БРИКС, која опфаќа три континенти. Затоа реално е да се очекува Груевски наскоро да го видиме во Бразил. Како и да е, во Русија сликата што заменува илјада збора значеше средба и разговори на новоизбраниот Владимир Путин со Никола Груевски, и тоа во друштво на еден Хенри Кисинџер и Евгениј Примаков. Се разбира дека овие ставки драматично го сменија текот на настаните поврзани со нашето парче земја, што се виде од интересот за Македонија и третманот на македонските гости во нордиските држави. Како прво, ова укажува на драматично изменетата позиција на Руската Федерација кон Македонија, а која пред три години ни ја соопшти лично рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. До пред ова лето, Москва не ја фокусираше Македонија како свој интерес.
Напротив, беше како и Вашингтон, нагласено склона кон Грција. Истиот Путин во својот втор премиерски мандат, а по барање на Грција, со еден потег ја избриша нашата држава од енергетската мапа, препуштајќи му ја на имагинарниот американски АМБО. Исто толку лесно како што сега со еден потег ја постави. Може сега слободно да се каже дека од тој миг наваму се пишува идната страница на македонската државна историја. Неа ќе ја пишуваат идеолошки неиндоктринирани политичари.
Претсмртен грч на елитистите
Дури и кога не сме свесни за тоа, во наредните месеци и години ќе гледаме како се одвиваат сложените односи на светската широка геополитичка игра. Македонија ова лето стана дел од фигурите во новата планетарна шаховска партија.
Прашањето сега е дали Македонија ќе умее да ја одигра својата мини-игра без да биде жртва на големите играчи, дали е способна да ги распознава правците на дувањето секакви ветришта, да ја процени нивната силина и дали е подготвена (екипирана) да ја искористи шансата или ќе избере да загине од невнимание под шепите на тешкашите уште во првиот судир. Досегашните настани не се охрабрувачки. На пример, го преспавме формирањето на Вишеградскиот одбранбен сојуз во срцето на Европа и при постоење на НАТО. Не се обѕрнуваме сега ни на воинствено-агресивниот однос на Турција кон Сирија, кој од аспект на лаичка пристојност е нападно непристоен и крајно дрзок. Незабележано ни поминува поведението на НАТО во менаџирањето на турско-сирискиот инцидент на соборен воен авион, нефункционалната и компромитирачка надворешна политика на Брисел демонстрирана пред почетокот на Европското фудбалско првенство, француско-италијанско-шпанскиот судир со Берлин и нафтената блокада на Иран по налог на Вашингтон.
Сите овие прашања сугерираат итна ревизија на македонската надворешна политика. Штапската карта на светот треба да е 24/7/365 дена распослана во државните институции. Дневно, среднорочно, но и долгорочно мора да се подготвуваат политички прогнози како што метеоролозите ги прават своите врз основа на воздушните струења. Опстанокот на земјата ќе зависи од прецизното предвидување на правците на ветриштата, судирот на политички спротивставените струења. Од ова ќе произлезе и профилот на идните политичари што ќе раководат со Македонија. Сега немаме никаков интерес од идеолошки оптоварени политички синоптичари. Ние сме сведоци на природното изумирање на сортата што досега доминираше. Во тој контекст и треба да се гледа т.н. окрупнување на македонската опозиција со нејзината медиумско-експертска логистика. Фактички се работи за претсмртно грчење на носителите на политичка матрица на будоарски конципираниот левоцентристички (либерален) елитизам. Истото тоа може да ја снајде и десницата ако не се „апдејтира“. Моментот на затеченост и збунетост кратко ќе трае и во политиката ќе блеснат нови ѕвезди, кои умеат да го прочитаат времето и да ја видат шансата.
Итар полицаец на раскрсница
За почеток, на ум треба да им е распореденоста на клучните фигури во партијата, која ќе се игра практично цел 21 век - век на хаос, кој ќе заврши со раѓање нов свет. Тие веќе се присутни во Македонија. И по предвидувањата на ЦИА, Полска, Турција, Јапонија, покрај Кина, Индија и Русија, се идните глобални играчи. Западна Европа (освен Нордијците) до крајот на векот ќе остане на маргините на настаните, заглибена во секакви кризи. Засега Вашингтон ги поддржува и ги потпомага полетите на Полска и на Турција, но некаде на половината на овој век, во 2050 година се исцртува нов светски воен судир - трета светска војна, во која Вашингтон ќе се најде на спротивната страна од двете политички „Супернови“. Исходот од тој глобален судир ќе биде новиот свет. Тоа е накратко американската проекција. Дали ќе биде баш така е друго прашање, зашто уште ги немаме слушнато анализите на Москва и на Пекинг. А глупаво би било да ги игнорираме и Лондон и Берлин. Оти сите се подготвуваат за новата доба.
Идната македонска државна политика мора да ги има на ум и тековните и историските антагонизми меѓу играчите. Како итар полицаец на раскрсница, во иднина ќе мора да води сметка за искричењата што кога-тогаш ќе се појават меѓу Турција и Полска, меѓу Русија и Полска, меѓу Кина и Америка, а директно ќе се рефлектираат на Македонија. Затоа ќе ни требаат политичари со медијаторски талент, со нос што ќе умее да ја намириса првата искра од потенцијален пожар и веднаш да интервенираат.
„Хуманитарниот“ плен на генералот Весли Кларк
Една од причините за пропаст на овој светски концепт на западна доминација е неконтролираниот предаторски нагон на оние што го изградиле. Трката по профит, нерамномерната распределба на богатството, заборавањето на општествената одговорност, државниот и институционализиран гангстерај, милитаризмот, исфрлаат на површина тешки морални девијации.
Една таква е генералот Весли Кларк, началник на американскиот генералштаб во времето кога НАТО ја бомбардираше СРЈ, со намера да го „ослободи“ Косово.
Генералот Кларк ја доби војната. Како заслуга по пензионирањето, стана угледен деловен човек. Формира компанија за експлоатација на природни суровини и нивно претворање во синтетичка нафта. Суровината од која се добива синтетичка нафта е јагленот. Косово го има во изобилство. Се работи за (површински) 16 милијарди тони, кои се доволни цел еден век една фирма да си обезбеди енергетска суровина. Ако на тоа се додаде и ресурс од неограничена евтина работна сила во една недоправена држава во Европа, примамливоста станува очебијна. На крајот, се работи за ефикасен енергетски производ што може скапо да се продаде во светот што плаче за енергенси, а за чија изработка се користи опасна, крајно штетна валкана технологија што ги загадува и воздухот и водата. Сосема случајно, компанијата на Весли Кларк го добива тендерот. Излегува дека НАТО е воен клуб што организира приватни војни за американските генерали-бизнисмени. Во споредба со ова, поранешните пљачкања и распределби на пленот меѓу војсководците и војниците се романтична бајка.
Економски иселеници во Македонија
Ако ги оставиме настрана геополитичките аспекти на неодамнешните економски претставувања на Македонија, ќе ги почувствуваме оние што се поблиску до интересите на мнозинството граѓани: инвестиции проследени со вработувања и државно осигурен извоз. Сѐ на сѐ, повеќе пари во семејствата, зголемен стандард и поголема потрошувачка. Или замаец за стопанството, полет кај населението, развојни планови за државата. Вака добивате позитивен психолошки профил на општеството. Кога овој ќе го споредите со грчот и неизвесноста што владее во нациите заробени во еврозоната, добивате контури на ефикасна и корисна државна политика. Две-три кинески и руски државни компании во инфраструктурата и енергетиката, две-три индиски во градежништвото и во земјоделството, „откривањето“ на Латинска Америка, за нас ќе значат обезбедена иднина. Не само затоа што на ова присуство ќе реагира соодветно со свое нагласено економско присуство и Западот, туку зашто од држава со највисока невработеност може брзо да се најдеме на списокот на држави во кои ќе се точат економски иселеници. Кој сѐ од Европа ќе биде Романец во Македонија, рано е сега да гледаме, но државата веќе отсега треба институционално и законски да се подготвува и за таква евентуалност.
Збунетиот Фог Расмусен
Потврда за запаѓањето на светот во кој живееме во состојба на хаос е поведението на НАТО за инцидентот што го предизвика турски воен авион што го наруши сирискиот воздушен простор. Сирија е држава со која војува цел Запад, на чело со САД. Поради својата географска позиција, таа е жртва на подготовките за новата глобална игра на прераспределба на моќта. Играчите се знаат. Турција настапува како лауфер, а НАТО како изрокиран топ. Резултатот е збунетиот Фог Расмусен, кој изјавува дека Сирија, жртвата на фингирана војна, не го почитувала и флагрантно го прекршувала меѓународното право кога го соборила турскиот воен авион што се вежбал на сирискиот воздушен простор. Тоа е истиот ген-сек на НАТО што благоповелаше да нѐ извести дека НАТО е над меѓународното право во случајот што Македонија едногласно го доби пред Меѓународниот суд на правдата, кој, пак, е надлежен да суди според меѓународното право. Па, се разбира дека ваквите моменти не е можно на долг рок да обезбедуваат стабилна светска архитектура. Тие се знаци на напредната болест за која нема ефикасен козметички лек. Кога ќе се намножат во краток временски период, доаѓа до експлозија - момент на радикални промени.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7212836475&id=9&prilog=0&setIzdanie=22619