Македонија - Нов Зеланд (84:62) | Квалификации за ОИ, Лондон

Статус
Затворена за нови мислења.

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364


Нов ден нова надеж.

По вчерашниот несреќен пораз од Ангола играме со Нов Зеланд во натпревар во кој што се надеваме дека ќе не натера да го заборавиме вчерашниот пораз. Влегуваме како фаворити но не смееме да ги потцениме противниците. Со евентуална победа сме многу блиску во 1/4 финалето од овој турнир и евентуален натпревар со Русите во кој што ќе имаме шанса максимално да им се одмаздиме за 2та порази на ЕП со тоа што ќе им ја скратиме шансата да играат на Олимпијада.

Во овој натпревар треба да влеземе со ладни глави и да ги поправиме грешките од мечот со Ангола. Напред наши Нов Зеланд се плаши !
Срце на терен и да се надеваме на реприза од ЕП кога исто така почнавме со пораз па после тоа наредивме неколку победи.

И секако да не го заборавиме официјалниот спонзор на сите натпревари на кошаркарската репрезентација.

И за крај темава ја завршувам со поздрав од 6тиот играч на македонската репрезентација-Симо
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Е гледај да не победиме ! :icon_mrgr:
 

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Уште овие да не ги победиме и да ни се смее цел свет :eek:.
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
Искрен да бидам,а може и некој ако сака да им пренесе телефонски.....дека оваа генерација има историска шанса пред себе....ако ја прокоцкаат,ќе отиде у к*рац и мотивацијата,и играчите и се по ред....и кошарката ќе ја вратиме на ниво од пред 15години :mad:

Шо знаат нека праат....битно сакам да го слушнам Игорче како урла со зарипнат глас "Маааааакееедоооонијаааа одииии нааа олимпиииијааадаааа....ааааааа" !!!:vozbud:
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Сакам да мислам дека со Ангола не ни беше ден. Ако сакам да бидам реален тогаш ќе кажам дека ни требаше агресивна одбрана и игра во рекет. Се надевам дека со Нов Зеланд ќе ја играат цел натпревар играта од 4-та четвртина, затоа што тоа е вистинското лице на нашата репрезентација. Позитивно ме изненади Самарџиски. Браво бе машко, беше брилијантен ( за мене и најдобар на терен).

Нов Зеланд мора да падне, па после Бабушке да ги испердашиме затоа шо ни се големи должници.

Одиме на победа!

 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.738
Поени од реакции
35.578
Синоќа имавме Лош ден, обиди за тројка завршија на метар од обрачот, уште тренерот фалеше да фрли некоја тројка од клупа.
Денес ќе имаме подобар ден, па ќе го погодиме обрачот :свиркам:
Инаку тактиката беше едноставна, на граница на генијалност.
Гњави ја топката 22 секунди и шутирај од 7 метри во последните 2.
Недостаток во овој навидум непогрешлив систем е што треба да се има играчи кои можат да дофрлат до кошот.:cautious:
Лазовски - Господе зошто ни даваш ваков дрво тренер да води златна генерација:facepalm:
Добро бе мајко му, како може да одиш на квалификации за Олимпијада без резервен план ?
Што правеше на толку многу пријателски ? Штом не оди по замисленото, а гледаш дека противникот ти полни кош, удри го по слабите точки, направи замени, смени ја играта. Гледаш дека имаме 982756 обиди за тројка, гледаш не им оди, па фати ги за уши, седни ги за клупа и НАРЕДИ ИМ да не се шутира од неизградени позиции,,, Нејсе,,,

Вечерва не очекувам ништо друго освен ПОБЕДА, очекувам репрезентацијата да се соедини и да игра како еден, а не како раштиман оркестар, кошарката е тимска игра, ама мора да се има максимална координација меѓу себе, а не како изгубени овци наваму, натаму.
Верувам дека ја проучиле играта на НЗ, дека спремни со ладни глави ќе излезат на терен,, без залетувања
Желбата за победа, па и за пласман, почетниот пораз, ќе ја покаже вечерва нашата репрезентација во поинакво светло. Верувам во нив. Верувам дека извлекле поука од синоќа, Верувам дека ќе го остават срцето и душата на терен.. СРЕЌНО
ЗА КОГО,,,
ЗА МАКЕДОНИЈА!!!
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
За вчерашниот меч со Ангола, можам да речам дека не фатија на тројки уште од почетокот, секоја им чест и тоа беше клучен фактор на крајот..на самиот крај можевме и да победиме, но битни шутеви, особено од тројки не погодивме, но што е тука е..мора сега нашите да се концентрираат на денешниот меч со Нов Зеланд, без брзање, колективно и кога се има чист шут од блиску или далеку треба мислам да се реализира..во одбрана мудро, побрзо и поагресивно да се реагира...верувам дека може Македонија да стигне до победа...:)
 
М

Мартин`

Гостин
Во кладилница ни дале само 1.10 коефициент :pos: додуше си знаат дека секако тепаме па таман е.
Инаку вечер очекувајте да ни играат Хака и нас ..

 

Knoppix

El Patrón
Член од
16 април 2012
Мислења
723
Поени од реакции
1.908
Тешко на Нов Зеланд, душа ќе утепаме во нив.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Само без потценување, смирено и се од себе да дадат.

Не знам, јас повеќе не сум баш некој оптимист (општо за турнирот) ... Русија? Seriously?:unsure: Не е муабет “комплекс на нижа вредност“, ама дечките ни ја знаат играта, знаат како да не блокираат. Затоа сум доста скептична...
 
С

Сибињанин Јанко

Гостин
Не знам, јас повеќе не сум баш некој оптимист (општо за турнирот) ... Русија? Seriously?:unsure: Не е муабет “комплекс на нижа вредност“, ама дечките ни ја знаат играта, знаат како да не блокираат. Затоа сум доста скептична...
Сеуште не се знае дали Русија ке ни биде дефинитивен противник во 1/4 финале. Доминиканска Република се шампиони на Централна Америка, и трето пласирани на последниот ФИБА Американски шампионат (прв Бразил, втори Аргентина). Воопшто не се за потценување и сосема е возможно да ја изненадат Русија. Искрено повеќе ме плашат тие отколку Русиве кои бар ги познаваме.
 
Член од
7 септември 2011
Мислења
3.539
Поени од реакции
4.782
Смирено само , и вчера викавме дека анголците ќе паднат а што ни се деси , од каде шутнаа влезе . Ајде денес со нови сили против Нов Зеланд и до првата победа . Само да не ја зезнеме пак , и се надевам ја научија лекцијата од вчера посебно нашиот трењер .

МАКЕДОНИЈА :love:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom