Ја отворам оваа тема со цел изворно да ги претставиме проблемите во нашите општини, пред да почнат политичките мршојадци да ветуваат: "кули и градови";"мед и млеко";"симнување ѕвезди и комети" и слично. Јас како обичен граѓанин ќе ви ги изнесам проблемите што мојот град ги има, проблеми што се гледаат од авион, а за нивното решавање се нема абер. Па можеби на следнава локална гарнитура ќе и текне барем некој од следниве проблеми да реши:
1. Според мене, прв и најголем и најосновен проблем е НЕМАЊЕТО ЈАВНО ВЕЦЕ. Град со 80 000 жители во градската зона и со уште 20 000 жители во приградските населби, во 21-от век нема веце.
2. НЕМАЊЕТО ПАРКИНГ ПРОСТОР. Се градат нови згради на самите тротоари, се градат нови згради дури и во сокачиња. На ниту една зграда не е предвиден простор за паркирање, ни во приземје, ни во сутерен, ни околу самите згради. Единствен расположив простор се тесните улици и тротоари пред самата згради. И тоа се работи за петкатници и повисоки згради. Кај сите згради во приземјето се предвидени дуќани. И кај ќе паркираат продавачите, купувачите и доставувачите на стока за дуќаните, а пред се, кај ќе паркираат нововселените станари.
3. НЕСЕРИОЗНОСТА СО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО. Пред месец дена, поради нечии каприци пола град остана две недели без вода во најголемите горештини, а два дена вода немаше цел град.
4. ОЧАЈНА СООБРАЌАЈНА ИНФРАСТРУКТУРА И НЕЈЗИНО НЕОДРЖУВАЊЕ. Има улици во централното градско подрачје кои сеуште се земјени. Хоризонталната сигнализација на улиците се чека да се избрише па дури тогаш повторно да се вцртува. На булевар нема семафори коишто треба да стојат на средината, на некои семафори столбот им е целиот искривен, некои не гледат со светлото спрема пешакот од другата страна, туку се свртени настрана. Тротоарите што не се заштитени со метални столпчиња се узурпирани од коли. Истото важи и за велосипедските патеки. Кај што се сече лента од тротоарот да поминува гасовод, местото наместо да се асфалтира, се остава со земја. На некои доста фреквентни улици нема тротоари. Паркирање има дури и на лаците на раскрсниците (оној лак што е меѓу двата пешачки премина), дури и на самите пешачки премини.
5. МЕДИУМСКИ МРАК. Немање на ниту еден дневен, неделен или барем месечен весник. Постоење на две телевизии на македонски јазик, од кои едната едвај покрива простор во радиус од 2 километри, а другата од 1 километар. За разлика од нив, двете албанските телевизии имаат значително појаки предаватели. Сега дури не функционира ни сајтот kumanovo.gov.mk.
6. ЛОША ПОВРЗАНОСТ СО СОСЕДНИТЕ ГРАДОВИ, ОСВЕН СКОПЈЕ И КР. ПАЛАНКА и превоз кој се одвива со крнтии. Темата е нашироко разработена во Меѓуградски превоз.
7. НЕСАНИРАЊЕТО и НЕРУШЕЊЕТО НА МНОГУ ОШТЕТЕНИ ОБЈЕКТИ. Во самото централно градско подрачје има стари куќи што се толку оштетени и распаднати што чатиите им висат на подот. Пред едната дури е заграден тротоарот на улицата пред неа, бидејќи може да падне и да убие некој (ул. Моша Пијаде). Напоменувам дека во овие куќи не живее никој, зашто одамна се напуштени од сопствениците. Покрај опасноста од загрозување на животот на минувачите, опасни се и по нивното здравје зашто голем дел од нив се претворени во мини-депонии.
8. ВАДЕЊЕТО НА ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ. Вадењето на лични документи во Куманово е хорор-искуство, зашто само за сликање треба да дојдеш неколку пати и да чекаш по цели денови, во тесен простор крајно несоодветен за таа намена. Според мене, тоа треба да се направи со семафор и бројчиња како во Т-Home и во некои банки, а не да се туркаш како добиток, и тоа со денови.
9. ЗАПУСТУВАЊЕТО НА РЕКРЕАТИВНИОТ ЦЕНТАР ПРОЕВЦЕ. Под итно треба да се поправи грдата слика во некогаш популарното излетничко место.
темава ја најдов на билд.мк и ја копирав..а ова мислење го отсликува и моето мислење за локалната самоуправа од Куманово..сакам и за другите општини да се отворат вакви теми,за да се изнесат проблемите на виделина.