Превод Славјански, додека ние си играме со Скопје 2014 и се тепаме кој споменик и која врба чини, економијата ни влегува во рецесија. Значи дефокусирање од моменталната ситуација во која сме ни се разно разни приказни кои ни се пласираат. Не дека ради Скопје 2014 не влагаме во ЕУ, сите знаеме зошто не велгуваме. Името за ништо не го менуваме, ни за ЕУ низ а свети ЕУ. Они и под банкрот не не признаваат, така да вергламе на мртви патеки и долго ќе вергламе на иста тема.
Во моментов со ваква економска слика ЕУ ни најмалку не е сојуз во кој сакам да се најдеме. Но нема ние што да сакаме или не, Кадаиф кажа кога ќе не фатат за уво тогаш ќе влеземе во пакет со Србија и Косово доколу до тогаш сојузот не се распадне. Наше е да направиме се да одиме напред, развој, позитивни стапки. Да се надеваат луѓето, да чувствуваат, да гледаме движење. Вака на статус кво стоиме.
Леандра, Скопје 2014 пред се е авторско дело на некој архитект, на некој скулптор, вајар итн итн.... На некој му се допаѓа, на некој не, природно е тоа.
Јас рекрирам многу често поред вардар, плоштадот ми е последната дестинација, ја гледам промената постојано. Скопје го помина Охрид по број на посети на туристи. Гледам често фотографирање, задржување пред обејктите, групи итн итн...
Но имаше една медиумска хајка дека со Скопје 2014 сме ја кршеле привремената спогодба и дека токму тој проект е причината за нашиот застој. Тоа е дебилитет.
Но јас ќе го критикувам Скопје 2014 од друг аспект. Начинот на кој компаниите, односно фирми со 2 луѓе ги добиваат работите. Квалитетот на изработката, тендерите, перењето пари....
Тој начин на работа во оваа држава не се промени.
Причината за падот на економијата.
Никогаш не сум сакал работите од средина да ги гледам.
Кај нас капиталот отиде во просељачени раце, кај партиски војници кои му клечеа на вождот.
Тие денешни каптилисти, не сакам да ги набројувам, тие денеска се бегови ама во своето село, надвор се клошарчиња, носот не знаат да го избришат, Hello не знат да кажат.
Додека не се смени начинот на кој одреден човек напредува во Р.Македонија, ние ќе тапкаме во место.
И тоа не е е само пример со нас, тоа е пример со целиот Балкан, источна Европа.
За крај, обврска на сите нас е државата Македонија.
Ќе се бориме во партијата, фирмата, медиумите, ќе се бориме сите Македонија да се промени.
100 луѓе по 1W енергија, имаш светлина од сијалица.
100 000 луѓе по 100W енергија, лансирање.
Се е енергија.