Дали го почитувате животот и делото на Јосип Броз-Тито

Дали го почитувате животот и делото на Јосип Броз-Тито

  • Вкупно гласачи
    153
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
ако Тито дозволеше да опстое како здружение Вмро поселе војната федерацијата че ја снемаше за најмногу 5 години. Силна федерација нема на својата територија влијателни луѓе кои бараат независнот на една од државите. НЕ ГО ОПРАВДУВАМ НИВНОТО УБИВАЊЕ ИЛИ МАЧЕЊЕ, туку едндоставно Тито направи најдобро што можеше за да ја зачува федерацијата цела и „среќна“

Што било на наша штета
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.533
Поени од реакции
2.411
У Америка можеш комотно да си го славиш Генералот Ли никој не го боли курот ... Русија сакаш слави го сталин сакаш слави ги романови исто така никој не го боли курот .. амааа во нашето социјалистичко самоуправување ќе те пикенеме на остров да копаш камења ако го славиш тодор александров !

плус што е тотално различен случај ... тексас нема посебен етнос .. дагестан е исто така друг случај (ко косово - србија на пример)
Значи едно е некој селанец во своето село да се ѕвери на цел глас „Независна македонија“ „Умрете комунисти“ во 1970, а друго е човек како Ченто кој бил прв прецедател на АСНОМ и имал големо влијание во македонија.
ФБИ не ги интересира некој фармер во Тексас што мисли за независност,... ама друго е кога на пример некој Сенатор или Конгресмен ќе почне сериозно да се занимава со независност и отцепување на Тексас.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Значи едно е некој селанец во своето село да се ѕвери на цел глас „Независна македонија“ „Умрете комунисти“ во 1970, а друго е човек како Ченто кој бил прв прецедател на АСНОМ и имал големо влијание во македонија.
ФБИ не ги интересира некој фармер во Тексас што мисли за независност,... ама друго е кога на пример некој Сенатор или Конгресмен ќе почне сериозно да се занимава со независност и отцепување на Тексас.
Секој таков бил затворан, мачен, праќан на голи оток или убиван. Бројката според историчарите стигнува и до 50 000 Македонци жртви на тој режим на Тито
 
methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723

Дружееее :D у Тексас никој не сака да се отцепат не се друг ЕТНОС човече ЕТНОСТ етникум АМЕРИКАНО ... тука ние сме Македонци сме биле и сме останале наша земја од секогаш ! Патем ти кажав и друг пример не ме избегавај остај ти што не си смеел да збориш за независтност не си смеел да помислиш да славиш некој лик како Тодор Александров тоа е трагичното и тоа е делот ДИКТАТУРА што се вика :) и ТОТАЛИТАРИЗАМ
 
Дали мислиш американците (кога веќе почнавме со нив) имаат слушнато за Ченто или Вмро - правда ?? - НЕ поради тоа што биле „отстранети“ пред светот да слушне за нив.. Така и ти неможеш да кажеш немало идеи за отцепување поради тоа што биле „отсранети“ пред да станат доволно познати и влијателни да донесуваат некаква одлука. Во времето на Тито се славел Илинден, македонското востание се славеле Гоце Делчев, Џинот, не било толку диктатура.

Секој таков бил затворан, мачен, праќан на голи оток или убиван. Бројката според историчарите стигнува и до 50 000 Македонци жртви на тој режим на Тито
според официјалните бројки за Голи оток кажуваат за 801 македонец (а според некои хрватски историчари околу 1000), а и последниот политички затвореник од Голи оток е отпуштен во 1956 година. Види тие години од 1945 до 1955 се многу мрачни, многу мина се убивани без причина (накодошил некој дека друг некој рекол да живее слободна македонија ) .. ова трае неколку години кога УДБА е рефорирана на местото на селските кодоши-партизани, селани влегува образован кадар кој умешно си ја врши работата..Неми се верува за толкава бројка 50000 премногу е напумпана сепак тоа е премногу тоа е веќе геноцид и народот ќе си бара одмазда.
Јас имам наслушнато за бројка не поголема од 6000.
 
methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Дали мислиш американците (кога веќе почнавме со нив) имаат слушнато за Ченто или Вмро - правда ?? - НЕ поради тоа што биле „отстранети“ пред светот да слушне за нив.. Така и ти неможеш да кажеш немало идеи за отцепување поради тоа што биле „отсранети“ пред да станат доволно познати и влијателни да донесуваат некаква одлука. Во времето на Тито се славел Илинден, македонското востание се славеле Гоце Делчев, Џинот, не било толку диктатура.

според официјалните бројки за Голи оток кажуваат за 801 македонец (а според некои хрватски историчари околу 1000), а и последниот политички затвореник од Голи оток е отпуштен во 1956 година. Види тие години од 1945 до 1955 се многу мрачни, многу мина се убивани без причина (накодошил некој дека друг некој рекол да живее слободна македонија ) .. ова трае неколку години кога УДБА е рефорирана на местото на селските кодоши-партизани, селани влегува образован кадар кој умешно си ја врши работата..Неми се верува за толкава бројка 50000 премногу е напумпана сепак тоа е премногу тоа е веќе геноцид и народот ќе си бара одмазда.
Јас имам наслушнато за бројка не поголема од 6000.
Било било диктатура сеа може имало живот финански строен и со работа и со одмори се умерено ама за тоа што не си можел како што сакаш да размислвуаш не си можел .. мислам имав еден учебник од 80та или 79та воена психологија па у еден учебник толку пати имаше преувеличување како НОБ биле богови како они биле НАДЛУЃЕ како југословенската армија била најмоќна абе глупости на велико ... и сеа јасно ми е зошто старите викаат 3та сила у свет дека биле ... па на толку перење мозок ќе мисли прва дека си не трета . тоа е тоа таков бил системот тоталитарен неможеш сега ти да ми го споредуваш тоа со Америка
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
според официјалните бројки за Голи оток кажуваат за 801 македонец (а според некои хрватски историчари околу 1000), а и последниот политички затвореник од Голи оток е отпуштен во 1956 година. Види тие години од 1945 до 1955 се многу мрачни, многу мина се убивани без причина (накодошил некој дека друг некој рекол да живее слободна македонија ) .. ова трае неколку години кога УДБА е рефорирана на местото на селските кодоши-партизани, селани влегува образован кадар кој умешно си ја врши работата..Неми се верува за толкава бројка 50000 премногу е напумпана сепак тоа е премногу тоа е веќе геноцид и народот ќе си бара одмазда.
Јас имам наслушнато за бројка не поголема од 6000.
Не завршувале сите на голи оток.

За бројот на прогонуваните, затвораните и осудуваните лица со поинакви политички убедувања од постојниот комунистички режим доволно говорат 14.000 политички досиеја што ги водела Службата за државна безбедност при МВР и 22.000 затворски досиеја на затворените политички лица во затворот "Идризово", или вкупно 36.000 досиеја. Тоа се политички досиеја на лица (од разни возрасти и професии - револуционери, интелектуалци, лекари, студенти, обични и полуписмени селани, лица во поодмината возраст и ученици-гимназисти, деца на 16 години), затворани, осудувани, прогонувани и стрелани во периодот 1945-1985 година од новата македонска комунистичка власт само затоа што се бореле за самостојна, независна, демократска и граѓанска Република Македонија и за идеалите на ВМРО. Ова е можеби единствен пример во историјата на човештвото некој да биде осуден од сопствената власт за патриотизам, за љубов спрема сопствената татковина.
Според неофицијалните податоци, во периодот 1949-1951 биле затворени 7.330 средношколци, а само во затворот "Идризово" биле затворени 2.500 политички затвореници.
И на крајот, ако направиме рекапитулација од официјалните и од неофицијалните податоци, доаѓаме до бројка од околу 50.000 македонски граѓани: уапсени, депортирани, судени, затворани, осудени на смрт, стрелани, убиени, исчезнати и кои имале политички и затворски досиеја.

Од директорот на Државниот архив на Р. Македонија
 
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.533
Поени од реакции
2.411
Не завршувале сите на голи оток.

И на крајот, ако направиме рекапитулација од официјалните и од неофицијалните податоци, доаѓаме до бројка од околу 50.000 македонски граѓани: уапсени, депортирани, судени, затворани, осудени на смрт, стрелани, убиени, исчезнати и кои имале политички и затворски досиеја.

Од директорот на Државниот архив на Р. Македонија
не сме се разбрале добро јас мислев за 50000 убиени. Ако во тие 50000 влегуваат
уапсени, депортирани, судени, затворани, осудени на смрт, стрелани, убиени, исчезнати и кои имале политички и затворски досиеја за време траење од 1945-1990, оваа бројка веќе не изледа толку страшна (според мене :), а да прашаме некој чиј роднина бил осуден на смрт тогаш е срашно па макар и да е единствена жртва на режимот)

. мислам имав еден учебник од 80та или 79та воена психологија па у еден учебник толку пати имаше преувеличување како НОБ биле богови како они биле НАДЛУЃЕ како југословенската армија била најмоќна абе глупости на велико ... и сеа јасно ми е зошто старите викаат 3та сила у свет дека биле ... па на толку перење мозок ќе мисли прва дека си не трета . тоа е тоа таков бил системот тоталитарен неможеш сега ти да ми го споредуваш тоа со Америка
денес секој ден ни мачкаат очи за намалување на невработеност подигнување на стандардот, а не пак тогаш.. Не ги споредив режимите туку само дека двете се федерации дека федерациите имаа посебен начин на справување со луѓето кои бараат независнот...

ајде се читаме утре поздрав
 
ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
ај малку повеќе за темава
првин прашањево дали го почитувате ликот и делото......, типичен рецедитив на прашање од претходни ситеми, како може лик да почитуваш, дали бил згоден се мисли, фраер дали бил , мода ова она ))))), во историјата се оценува според дело и тоа од временска дистанца кого сите погледи без предрасуди ќе можат да се достапни .

али ај нешто конкретно

-дали бил диктор? Најверојатно да, бидејки не си можел да имаш политичка слобода
-дали бил манипулатор ? најверојатно да, ама тоа во политиката е достиугнување а не недостаток
-дали негативно влијаел врз македонската националана свест?
ја прифатил како таква ради став на коминтерна, ја контролирал спрема туѓи потреби и често ја задушувал

како се поставил спрема македонското прашање?
спрема дневни потреби и за поткусурување
1. заради инфомбирото 48, настрадал процесот на македонска ренесанса во Бугарија( тие 3 гоdини 45-48 , во бг) http://www.youtube.com/watch?v=JO5AaJM3arc
2. заради инфобирото ФНРЈ ги раскинува односите со захаријадис, и одеднас во ДАГ македонците кои 100% влегле во тоа движење се криви, сиротите и кога бегале не можеле легално кон југославија зошто тито ја затворил границата, на пр последните упоришта на ДАГ во Преспа логично било да се повлечат преку маркова нога кон голема преспа, ама границата затворена ( илегално деца бегалција само ја минале) и морале да се повлекуваат преку преспа кон албанија.дури и како бегалци страдале заради ставот на тито од дотогаш заедничките собарци грци во ДАГ.
3. за калето и солун да не расправам, знаете ..иако сталин черчил имаа договорено сфери на поделби во грција 90-10 за англија и нешто слично и за италија сепак тито решава притисок да прави на трст, целов ец и корушка а не на егејска македонија т.е. дури оди до тамо дека македонциве некако слабо гинеле во 2 светска војна и сега мора малку ``да си ја заслужат слободата`` па мора да капне македонска крв на сремски фронт ( немам најдено анализа колку загинале македонски партизани на македонска територија за 4 години , аколку на сремски фронт во неколку месеци). не ги остави на раат ни нашиве градови да ги ослободат туку се сложи и дотогашниот окупатор Бугарија со сменет дрес да учествува во ослободување на македонски градови, па апостолски сирот моираше да ита кон автокоманда за да не дојде дека бугарите го ослободуваат скопје од германци, а до пред некој месец беа окупатори на истиот град.
4. во духот на братството и единството ја поремети националната демографска слика во делови од македонија, кога на пример можеше да илјадниците егејци место да скапуваат во ташкент, во полска, во маџарска да ги смести во р македонија( бугарите после секоја војна ,балканска, светска, илинденско ..прибираа македонци на големо и од македонци ги направија во голем дел најголеми борци за бугарската кауза)
5. маме и заплака на интелегенцијата , направи преврат на 2 заседание на АСНОМ, хајлендери како орлов од тиквешијата со 2 и пол минути школо ги направи управници на идризова со задача системски да ги толчат македонските родољуби на кои притоа најчесто во диригирани судски фарси им се лепаа етикети соработници на импрејализмот, бугараши и слично.....( е Македонијо првиот претседател ченто го осуди дека ке бегал во Грција за од тамо со англичани и американци да кова завера)
6.преку образованието младите македонци учеа за караџорџе, вук, 5-6 обавезно српско хрватски језик,за бој на косову, за цар душан а сиротите не знаеја до 91 на пр. кој бил ченто( некои и денес не сакаат да знаат), абер немаа за српската колонизација на повардарите мешу двете светски војни, за ВМРО контролирано учеа и само за она лево крило- социјалистичко , десното им го сервираа на бугариве за да после тие ни брчат.Тој систем инсталираше верувања , дека државата тито ни ја направил и дека треба да сме благодарни и послушни за тоа. Тиквешко востание..не бе чоек кај смееше за тоа да се зуцне, ВМРО Обединета дека и Александров потпишал- нема шанси да научиш. Ги судеа после војната илјадници македонци за ванчовисти за тоа што сиротите се дрзнале да посакаат македонско обединување.
7. не знам, стварно не знам дали за време на WW2 во некоја од другите републики е испратен делегат да ја контролира работата на КПМ И НОВ од една во др република како што тоа беше случајот со темпо во КПМ И НОБ во македонија ( 1943)
8. а бе Прохор Пчински во чија територија бил, не можам д асе сетам ...нешто чудно катастариве ја измешале работата тоа време

ова шо ми текна вака за период од неколку годинидо кај 1950, а ако навлеземе со национализацијата, со проколонијалниот статус на македонија која е третирана како место за црпење суровини, со ликвидација на македонска емиграција, со пречутните договори со грција за не потегнување на македонското прашање и слична....ама ај за тоа друг пат.

п.с. овие години гледав еден нас македонец кој зивее мислам овцарани и тие новинарите го прашуваат демек шо ти фали имаш кола, имаш работа, ова она а овој им вика а бе ќерка ми скаам да ја крстам донка ти не ми даваш, сакам македонец да се кажам ти не ми даваш е ај кажи дали сега добро живеам....ова за споредба за некои кога тврдат дека кога беше тито на времето имавме ова она, имавме да, можеби материјално беше посигурно ама ТИ беше македонец тогаш онолку колку што Белград ќе ти Дозволеше.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
не сме се разбрале добро јас мислев за 50000 убиени. Ако во тие 50000 влегуваат
уапсени, депортирани, судени, затворани, осудени на смрт, стрелани, убиени, исчезнати и кои имале политички и затворски досиеја за време траење од 1945-1990, оваа бројка веќе не изледа толку страшна (според мене :), а да прашаме некој чиј роднина бил осуден на смрт тогаш е срашно па макар и да е единствена жртва на режимот)

Страшна и престрашна, со самата помисла дека толку луѓе се осудени само за една работа тоа е проблем и доказ за тоталитаризам
 
Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
ogledalo
п.с. овие години гледав еден нас македонец кој зивее мислам овцарани и тие новинарите го прашуваат демек шо ти фали имаш кола, имаш работа, ова она а овој им вика а бе ќерка ми скаам да ја крстам донка ти не ми даваш, сакам македонец да се кажам ти не ми даваш е ај кажи дали сега добро живеам....ова за споредба за некои кога беше тито на времетоимавме ова она имавме да можеби материјално беше посигурно ама ТИ беше македонец тогаш онолку колку што Белград ќе ти Дозволеше.
ццццццццццццццццццццццц :facepalm::facepalm::facepalm:

По Втората светска војна, во Република Македонија се спроведени 8 пописи: 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991 и 1994 и 2002 година.

Дете..... и тогаш како и сега имаше графи во пописните листи и тоа :
државјанство и националност и секој се изјаснуваше според националноста.

Тоа што го кажуваш било во фашистичката окупација 1941 до 9.септември 1944.

Кој те лаже ушите да ти јаде.

****************************************

не сме се разбрале добро јас мислев за 50000 убиени. Ако во тие 50000 влегуваат
уапсени, депортирани, судени, затворани, осудени на смрт, стрелани, убиени, исчезнати и кои имале политички и затворски досиеја за време траење од 1945-1990, оваа бројка веќе не изледа толку страшна (според мене :), а да прашаме некој чиј роднина бил осуден на смрт тогаш е срашно па макар и да е единствена жртва на режимот)

Кајмакчалан, побркале, мислеле на овие:

Вкупниот број на загинатите од Македонија во текот на Втората светска војна изнесува 33.000 жртви, вклучувајќи ги тука и преку 7.000 македонски Евреи кои бугарскиот окупатор во 1943 година ги депортирал во концентрациониот логор во Треблинка, Полска. Имајќи предвид дека македонскиот народ од сите делови на Македонија се вклучил во борбата против фашизмот, неговиот придонес во конечната победа против фашистичките сили е изразен преку следните жртви:
во вардарскиот дел загинале околу 33.000,
во егејскиот дел од Македонија загинале околу 2.730 и во пиринскиот дел од Македонија имало околу 327 загинати.

На ова треба да се додадат и 5.000 загинати во Италијанско-грчката војна, 1940 година. Вкупно од сите делови на етничка Македонија, во борбата против фашизмот од 1940 до 1945 година загинале околу 41.057 лица.

Покрај тоа, од егејскиот дел на Македонија емигрирале околу 20.000 лица.
 
ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
ццццццццццццццццццццццц :facepalm::facepalm::facepalm:

По Втората светска војна, во Република Македонија се спроведени 8 пописи: 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991 и 1994 и 2002 година.

Дете..... и тогаш како и сега имаше графи во пописните листи и тоа :
државјанство и националност и секој се изјаснуваше според националноста.

Тоа што го кажуваш било во фашистичката окупација 1941 до 9.септември 1944.

Кој те лаже ушите да ти јаде.

****************************************

Кајмакчалан, побркале, мислеле на овие:

Вкупниот број на загинатите од Македонија во текот на Втората светска војна изнесува 33.000 жртви, вклучувајќи ги тука и преку 7.000 македонски Евреи кои бугарскиот окупатор во 1943 година ги депортирал во концентрациониот логор во Треблинка, Полска. Имајќи предвид дека македонскиот народ од сите делови на Македонија се вклучил во борбата против фашизмот, неговиот придонес во конечната победа против фашистичките сили е изразен преку следните жртви:
во вардарскиот дел загинале околу 33.000,
во егејскиот дел од Македонија загинале околу 2.730 и
во пиринскиот дел од Македонија имало околу 327 загинати.

На ова треба да се додадат и 5.000 загинати во Италијанско-грчката војна, 1940 година. Вкупно од сите делови на етничка Македонија, во борбата против фашизмот од 1940 до 1945 година загинале околу 41.057 лица.

Покрај тоа, од егејскиот дел на Македонија емигрирале околу 20.000 лица.
јас не знам шо реплицираш кога не знаеш ни самшто збориш,? шо ми пастираш графи бе од пописи, кој вика дека немало графа за националност македонец??? кај прочита бе во мој пост дека немало моижност да се кажиш за македонец.
Како го сфаќаш македонец можеше да бидеш колку што ќе дозволеше Белград??????

пс. некогаш ова беше форум кога copy -paste wiki дилетанти од подфорум историја админите ги пракјаа во играчница....детееееее
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
И како тоа го оправдува Тито што ги гонел сите што барале независна македонска држава?
А зошто па да бара некој самостоја Македонија, ако на мнозината им било убаво во Југославија?
Што е битно бе како се викаш, ако никој не ти прави проблем со името и нацијата односно ако секој те признава. А тогаш сите биле признати и Македонци, Срби, Хрвати, Босанци, Словенци и сите луѓе знаеле дека постои македонски јазик и македонска држава, само што сите тие држави функционирале како една.
И што ако постои само едно име на држава и тоа е името Европа. Па утре ако отидеме во Америка и ако не прашаат ти од кај си, и ти да му кажеш од европа сум и сум европјанин. Што има врска ако го кажеш тоа, а што има врска ако кажеш дека си Македонец. Ништо не можеш да изгубиш, се е релативно. Името Македонија го измислил некој човек пред 2500 години и сега ние упорно го одржуваме тоа име во живот, па дури и во песни пееме дека за него живот ке дадеме.
Да, ке дадеме, во случај на одбрана на народот, ако некој сака да го злоупотреби да не нападне по тој основ и да ти наштети на некаков начин, како што грција и околните земји моментално сакаат, ама реално ако нема никаква опасност по нас, зошто да се плашиме да го заборавиме името. Тоа е само име, исто како што многу македонски имиња на луѓе се заборавени така и тоа име може да се заборави. Што е стравот од губење на име? Ке си најдеме ново и ке си живееме исто како и со старото, можеби и подобро.
Не знам како било во Ју ама знам дека сите постари ми велат дека тогаш се живеело поубаво, немале толку проблеми, сите имале работа, имале за одмори, за ресторани, и за нормална живеачка, и биле среќни а тоа е најважно, среќата на живиот човек е најважна. Име нација вера се е тоа во втор план, ако луѓето се среќни ништо друго не е важно.
 
Европа односно Евросска Унија не е држава туку сојуз, унија и истата не функционира преку лажно братство и единство туку преку интереси.
Во моја држава сакам да сум свој на своето, да си имам своја држава е не да бидам признат во склоп на друга држава. И не го оправдувам секој кој е против тоа. Секој кој сака да живее во склоп на друга држава како во примерот Југославија за мене е мивка, морон, кукавица.
А тоа име Македонија со себе носи јазик, идентитет, традиција, обичаи, култура. Вредностите кои се врежани во секој нормален Македонец. Среќата не се парите. Парите се минлива работа, релативна, можеш да ги имаш и во еден момент да ги изгубиш заради икс причини и тогаш си сиромав и бездомник, или во некоја ситуација да не ти вредат. Тогаш немаш духовно, немаш вредности, немаш пари, а претходно и образ си изгубил, тогаш си и подолу од роб.

И ти сигурно не би прифатил да се викаш Мочко а да се презиваш Серко ако некој можеби ти дава некој денар.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom