Охрид ги губи туристите од кои преживува

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
Не се секирајте, имат љуѓе :) Вчера и завчера немаше место по кафичи да фатиш :mad:
Ohrid4.jpg
Ohrid49.jpg


И една колумна
Алфа ТВ објави прилог за текот на туристичката сезона во Охрид, потенцирајќи го разочарувањето на туристичките работници со туристичката сезона, мерејќи ја преку приходите.


Алфа ТВ: Охрид уште пред почетокот на сезоната се полнеше со странски туристи,како никогаш досега. На крајот, разочарување кај туристичките работници, кои на почетокот на летото триеја раце , со нетрпение очекувајќи ги најавените 10.000 туристи од Холандија, Белгија и Финска.​
Всушност, реалноста која јас ја гледам како граѓанин на Охрид кој не е вклучен во туризмот во било каков облик, е сосема поинаква. Мене ми изгледа дека во Охрид на лето има сè повеќе и повеќе гости, било домашни, било странски. Тоа се забележува и од подолгите колони возила кои се создаваат на влезот од градот, и од турканиците по старата чаршија, гужвите по маркетите, пазарите, плажите, како и од хроничниот недостиг на паркинг простор во поширокото централно подрачје.

Мене ми изгледа дека разочарувањето кај туристичките работници е можеби реално ако се гледа колку секој од нив заработил за време на сезоната, на пример преку издавање соби и апартмани. Но, во исто време никој не ги зема предвид илјадниците нови станови кои се продадени во изминатите години, повеќето на сопственици кои живеат во други градови. Повеќето од овие станови на лето се полни со туристи, бидејќи во нив се или сопствениците, или нивните деца со друштво, или нивни роднини и пријатели и слично.
Понатаму, никој не го зема во обзир фактот дека во последните години во Охрид никнаа десетици нови хотели, но и дека соби се издаваат веќе низ речиси целиот град, наспроти тоа што порано се издаваше само во центарот на градот.

Па така, ако бројот на туристи е зголемен, но истовремено се зголемени и туристичките капацитети, односно конкуренцијата, логично е зошто сезоната од година во година се „прогласува“ за неуспешна, иако јас сум убеден дека сега „се вртат“ барем десет пати повеќе пари отколку пред 20 години. Сега колачот се дели на повеќемина, и тоа изгледа дека е клучот на нашата загатка.


Поголем проблем, според мене, е на какви ниски гранки паѓа понудата која им се дава на туристите по чаршијата. Еве неколку работи кои ми пречат:
  • Се издаваат дозволи за истовремено одржување на два или повеќе настани на градскиот плоштад (едно пред споменикот на Климент, друго пред пристаништето, на пример), па доаѓаме до непријатна ситуација да се мешаат две силни озвучувања. Виновник: тој што издава дозволи.
  • Низ центарот постојано никнуваат нови паркинзи кои се наплаќаат, со што на жителите на Охрид (но и на гостите) им се прави животот уште понеподнослив, бидејќи ем треба да трошат пари за нешто што е заедничко добро, ем треба да трошат време кружејќи низ центарот додека да се снајдат низ лавиринтот од паркинзи и погрешно паркирани автомобили. Виновник: тој што издава дозволи.
  • Плоштадот стана тесно грло, мало сокаче низ кое едвај се поминува, заради десетиците нови маси кои кафулињата ги поставија пред своите објекти. Виновник: тој што издава дозволи.
  • Чаршијата е полна со полу-диви продавачи на музика и филмови, разни ламарини и жици кои се продаваат како накит, ножеви за зелки, креми за отстранување флеки, маици со вулгарни натписи кои се проминентно изложени (ги гледаат и возрасни, но и деца), еготрипни машини за боксирање, кинески сваштарии, електрични колички за деца, „замоци“ за скокање и уште триста други тракатанци. Сите тие се на самоделски тезги (наспроти униформни и убави, издадени од општината, какви што може да се видат во „нормални“ туристички центри), со кабли за струја кои лежат насекаде и кои ги сопкаат минувачите, а со обзир дека се нестручно поставени, постои опасност и од струјни удари. Виновник: тој што издава дозволи и тој што не спроведува инспекции.
  • Но, можеби најлоши од сите се продавачите на прехранбени производи: пржени крофни (овие приватно си ги нарекувам „канцерогенки“), пуканки, пченки, спорт за заби (лешници, семки...), ѓомлезиња, карамелизирани јаболка и слично. Сликата е пеколна: смрди и чади на сите страни како некоја комбинација од панаѓур и ѓубриште, хигиенските стандарди се испод секое ниво, се пече, вари и пржи храна на отворено, на само неколку метри од улица по која поминуваат автомобили, мотори, велосипеди и пешаци... Охрид се наоѓа во држава која воведува професионални стандарди во производството и преработувачката на храна, па оттука можам слободно да кажам: поминале сите овие покрај ХАСАП и не ни погледнале во тој правец. Виновник: тој што издава дозволи и тој што не спроведува инспекции.
  • Сите овие полу-диви шиткачи (туристички работници) не издаваат фискални или било какви сметки за производите кои ги продаваат. Виновник: тој што не спроведува инспекции.

    Кога ќе ги земеме во обзир сите овие проблеми, кои од година во година се зголемуваат, мора да се запрашаме: што прави една туристичка сезона успешна? Може ли критериумот за успешност да бидат само парите? Дали Македонија и Охрид навистина сакаат да привлечат и услужат категорија на туристи која е сосем незаинтересирана за стандарди, барем додека цената е доволно ниска за нивните џебови? Дали граѓаните на Охрид (но и гостите) мора да ги трпат ненормалните гужви, галами, смрдеа и останати деривати на туризмот а-ла-среден-век, за потоа да слушаат како никој не е задоволен, ни тие што дошле, ни тие што ги пречекале? Дали еднаш во оваа држава некој ќе им направи контрола на тие кои треба да вршат контрола?
 
Добра анализа направиле од Алфа, додуша сите го знаеме тоа, се надевам Охриѓани на следните локални ќе добијат понуда да одберат нешто салам, а не некој што ќе продолжи Охрид да го прави панаѓурска паланка.

А тоа дека има туристи, има, со оглед на тоа каква е понудата и доволни се и тие.
 
Citajki go pogorniot tekst vo delot za nedostatok na parking prostor i guzva vo soobrakajot. Konecno uspeav da ja resam zagatkata "zosto Ohrid sekogas vo ekot na sezonata pocnuva da gradi patista i da resava infrastrukturni problemi"?
 
Лагадин по колку се движи смештајот?
И ако издава некој нека ми пише јас контра од извештаите :)
 
а бре луѓе - еве ви ефтинажа ако сакате 5 дена за 5 особи само 560zł
http://happyday.pl/happyday/0,113001,,83464.html
Во иднина кога ќе сакаш да ни пренесеш некоја информација, потруди се барем да ја преведеш.
Во спротивно секое мислење/линк на друг јазик освен МАКЕДОНСКИ ќе биде избришано.
Тенк ју :pipi:
 
Лагадин по колку се движи смештајот?
И ако издава некој нека ми пише јас контра од извештаите :)
Лагадин се се‘ некои вили поголеми и полуксузни, пример вакви , оди Пештани за поефтини пари и плус исто е :)
 
Лагадин по колку се движи смештајот?
И ако издава некој нека ми пише јас контра од извештаите :)


Ја не издавам , али ако идеш во Лагадин , пиши пораче :D Ионака досадно е преку ден таму ^^
 
Почна...
ПОСЛЕДНО ОСВЕЖЕНО НА ЧЕТВРТОК, 05 ЈУЛИ 2012 18:27​

Прилепчанец завршил во болница откако кумановец го пробол со нож во ногата во кафе-барот „Kадмо“ во Охрид, соопшти МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил вчераутро околу 3 часот. Во кафулето избила кавга меѓу Н.С.(19) од Kуманово, кој бил пијан и А.Т.(26) од Прилеп.

Во еден момент кумановецот му зарил нож во ногата. Извршен е увид на местото, а ножот е земен за вештачење. Младиот кумановец завршил во полициска станица. Против него ќе биде поднесена кривична пријава.
mvr_logo.jpg
Прилепчанецот А.Т. завршил во болница откако кумановчанецот Н.С. го прободел со нож во ногата во кафе-барот „Kадмо“ во Охрид, соопшти МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил вчераутро околу 3 часот. Во кафулето избила кавга меѓу Н.С.(19) од Kуманово, кој бил пијан и А.Т.(26) од Прилеп.

Во еден момент Н.С. му зарил нож во ногата. Извршен е увид на местото, а ножот е земен за вештачење. Младиот кумановчанец завршил во полициска станица. Против него ќе биде поднесена кривична пријава.
 
Ако уште ви е скапо до Градиште...

Za inaet na site Galeb AD Ohrid broj 1 vo patnickiot soobrakjaj...Pocnuvajki od utre 06 07 2012 golem popust na biletite kon plazite i toa...
Sv Stefan 20 denari
Metropol 20 denari
Lagadin 20 denari
Elesec 20 denari
Pestani 20 denari
Gradiste 30 denari

Извор
 
Добра анализа направиле од Алфа, додуша сите го знаеме тоа, се надевам Охриѓани на следните локални ќе добијат понуда да одберат нешто салам, а не некој што ќе продолжи Охрид да го прави панаѓурска паланка.

А тоа дека има туристи, има, со оглед на тоа каква е понудата и доволни се и тие.
дека охрид не чини само последниве 4-8 години? :facepalm:
 
Како што ги губат, станале и преочајни охриѓаниве.

Вчера бев во Охрид (само на еден ден), со еден другар, и со еден пријател од Британија (ради него и отидовме, сакаше да го разгледа). Абе од автобусот не се симнав како што треба, одма почнаа да гракаат. Како што гледаат двајца македонци и британец, абе како ајкули не нападнаа, од една страна, од друга ... Не можеш ни да им објасниш дека нема да престојуваш, тука си за еден ден, да разгледаш две три цркви и манастири, и дека го фаќаш патот за назад ... не бре, од галамата никој ништо не слуша ...

Тек па таксистиве кога навалија .....

Луѓе, беа близу до тоа да те киднапира, и да ти изнуди пари за тоа тој присилен престој :). Знам дела од секогаш биле досадни и агресивни, ама ова што го искусив вчера беше нешто на сосема друго ниво. Очајни беа колку што беше жежок денот.

Среќа на Британецов ова не му остави дамка на неговиот впечаток од Македонија, а по природа е ултра-искрен човек. Така што кога кажа дека одлично поминал, му верувам на збор. Needless to say, уште сега планира кога да дојде пак :)
 
Прескап станува Охрид.
Пред десетина дена бевме со еден другар со кола во Улцињ и Будва на по една ноќ. Вкупно потрошивме 130 евра од дома - до дома. Гориво, храна, престој...
Пред малку се вратив од Охрид, исто 2 ноќи, со друг другар, пак со кола. Потрошивме по 50 евра, односно 100 вкупно. Далеку пократок пат (~350 во споредба со скоро 1000 километри) а слично потрошени пари. Лежалка Охрид 150 денари - Будва 180 (3 евра), кафе евро Будва, евроипол Охрид...
Луѓето нема да ги коментирам бидејќи не ми се многу важни, ама се поскапо станува.
 
Преска гледам слика на паркингот кај Немо од денес направена.
10 јули, а на паркингот паркирани само 10-15 коли. Сликава беше
од 10-11 сабајле. Ептен ми се видоа малку.

Ако го земам паркингот за репер, пошто често одам натака службено,
во последниве 3-4 години, тој паркинг вор ова време од годината беше
полн до даска.

Не им се ситам на Охриѓани, дај боже да грешам.
 
Денес не е 10ти Јули :/
Немо имаше доста коли вчера.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom