Норвуд потпишал за Хадерсфилд место за Барнсли, вчера беше во преговори со Барнсли но и Хадерсфилд биле заинтересирани и се одлучил да потпише со нив. Покрај понудата на Барнсли тој одби и нов договор со Манчестер Јунајтед, се работи за компензација од 400.000 фунти, нека му е со среќа.
Би требало во следниве неколку недели да се разрешат работите во врска со Флечер и Андерсон, Ферги се врати на работа и ќе видиме што како ќе се случува. Се надевам дека не е најлошото во врска со Флечер и се надевам дека Андерсон ќе покаже интерес за да стане играчот кој сакаме да биде. Сега на 1 јули официјално се отвара трансфер пазарот и ќе има зголемена активност на тој фронт. Во врска со новиот договор на Нани тоа исто ќе се среди после одморот кој го заслужи во напорната сезона играјќи за нас и Португалија.