Не ти е потребна дрога за да ја развиеш интелигенцијата. Оние кои владеат забрануваат духовен развој, бидејќи во спротивно целиот систем каков што е, би колабирал. Ако секој човек е високо инетелигентен, тогаш веќе нема водачи и водени, нема победници и поразени. Тогаш сме сите едно и сите одиме напред заедно
Точно дека сите поседуваме интелигенција, но нашите можности скоро сите ние, не знаеме како да ги извадиме на виделина,ретки се и биле луѓето со надпросечна интелигенција односно ретки се оние кои ја осознале интелигенцијата која сите ние ја поседуваме. Способни сме да направиме многу повеќе од ова денес што го имаме, само треба да го најдеме патот до осознавање на тие наши способности односно на самите себе.
Едно знам, религијата ваква каква што ни ја претставуваат, сигурно нема да не доведе до осознавање на самите себе, бидејки таа учи на осознавање на бог кој е некаде далеку позади 7 планини и 7 мориња.... ок, толку за религијата. Значи прв чекор за осознавање себеси: -Oтстранување на сите религии во светот, кај кои пирамидалниот врв е претставен како семоќен бог кој гледа, казнува и ни става рестрикции во слободата. Надоле под врвот се архангели, ангели, свештени лица па ние обичните смртници. Ова мене многу ми смрди.
Дрогата најверојатно му помага на човекот да полесно да дојде до таа состојба, бидејки тогаш сите грижи и предрасуди ги снемува и не секој, но многу луѓе под дејство на дрога направиле генијални дела, нивните способности излегле на виделина, но секако, тоа не е решение, бидејки најчесто појаките дроги водат кон завист а со тоа создаваат криминал и насилство.
Треба ние без помош од хемија или сл. да го постигнеме тоа ниво на интелигенција, и тоа е она кое што ако го имаме, нема да имаме потреба од никаков водич затоа што ке знаеме да си се водиме самите себеси, ке бидеме свесни и заедно ке ги менаџираме работите во животот, и ке го направиме светот убаво место за живеење.
Се што е пирамидално уредување, а во такво и живееме денес, е лошо, бидејки врвот го наведува на лакомост, надмоќ и контрола врз народот, а реално сите сме исти, сите сме луѓе и сите имаме исти физички предиспозиции и психички капацитет, освен болните и хендикепираните.