Фан Клуб: Италија

  • Креатор на темата Креатор на темата Clubber
  • Време на започнување Време на започнување
Ај дури сме кај Марио. Не ја пратам темата, ако некој ја постирал сликава претходно се извинувам.


292301_4202124130814_1075055464_n.jpg
 
Тактички ги ебавме.Првиот пост не темава ми беше дека моментално Италија не располага со подобар напаѓач од Балотели,знаев дека кад тад ќе експлодира.Се извинувам што пишувам али гласот ми е зарипнат од дерење:D
 
Браво еј...Италија најпријатно ме изненади на ова ЕП. Прандели покажа дека е фудбалски гениј и според мене заслужено ќе биде ако азуриве го освојат тронот на ова ЕП. Ако некој ми кажуваше пред ЕП дека Италија ќе игра атрактивен фудбал, со доста шанси, погодоци ќе му се изнасмеев во лице, но ова што го покажаа на ова ЕП е стварно за респект и затоа во финалето ќе навивам за нив. Мислам дека оваа генерација е подобра и од таа што освои СП во 2006-тата, па затоа во иднина ќе треба доста да се очекува од новите момци повторно да го срушат светот.
 
Немам друг коментар освен БРАВО...само имам една замерка за Прандели иако го уби тактички денес Лев во секоја фудбалска смисла.. а тоа е дека мора едноставно мора да го игра Ночерино во онаква страшна форма каде што се наоѓа..моментално Ночерино можи да игра на местото од Маркизио кој е преистрошен и се гледа дека на секоја уткамица чоекот нема повеќе душа..Ночерино играше нинџа во Милан изминатата сезона и според мене мора да го игра на местото од Монтоливо/Маркизио бидејќи господарите Пирло и Де Роси се незаменливи...и со Шпанија ништо не се знае иако имам гадно пречуство дека Шпанија ќе победи...и која беше поентата со тоа што Балзарети го играше десен бек???..тоа не го заприметив ама сигурно смислил нешто Прандели.....

и ѓупакот е најак нема тука дискусија...едноставно чоекот има ѕвезда..и да е најслаб на утакмицата и да е катастрофа повторно ќе биди во центар не внимание и пак ќе се испонаша:D
--- надополнето: 29 јуни 2012 во 04:24 ---
и да:Размислував ако на пример Италија освои ЕП зошто Пирло да не биди номиниран за Balon d'or?:D..да не му беше Меси конкуренција сигурно ќе беше во негови раце
 
и која беше поентата со тоа што Балзарети го играше десен бек???..тоа не го заприметив ама сигурно смислил нешто Прандели.....

Абате повреден, Маџо суспендиран поради картони... За во финале ќе ги има и двајцата...
 
IN25_PRANDELI_1124303f.jpg


Мафија Ради :pos:

Инаку Маркизио му се извини на Ди Натале што не му ја дал топлата, рече дека бил истоштен и не го видел дека е слободен
 
Иначе да ви набацам еден факт

Veznjak Italije, Claudio Marchisio je igrač s najviše pretrčanih kilometara na Europskom prvenstvu...
On je u 5 utakmica ovog Eura pretrčao ukupno 62,5 km.


Вчера претрчал 12.5 км

 
ма не е нормален младичот :pos:

да ги пикниш Швабите в ќоше треба како прво да си ненормален како второ да си физички спремен,Швабите се едни од најспремните на првенството ако не и на светот,ако небеа спремни Маркизио и останатите да рушат рекорди во километри немаа што да бараат во финале

кратко и јасно - силен Јуве,силна репрезентација,симбиоза во рамките на фудбалот (y)
 
Инаку Маркизио му се извини на Ди Натале што не му ја дал топлата, рече дека бил истоштен и не го видел дека е слободен
Aко му ја дадеше ќе беше офсајд... Него видовте ли Буфон како попизде откога заврши натпреварот :) , не смеело и покрај перфектната игра да стравуваат во последни минути дали ќе победат или не, и во право е.
Италија во финале, Буфон бесен

А за формацијата пак ќе кажам, многу ме интересира дали ќе излезат со “проверената“ за Шпанија 3-5-2, или со моменталнава 4-3-1-2.
 
Marchisiooooooooooooooooooooooooooooooooooo :vozbud:, дечкото е машина

4-3-1-2.

4-3-1-2 му е мајката :drk:
 
Зимаат титула, дефинитивно.
 
Честито Аѕури.:cool:Секоја чест за играта и презаслужено одиме во големото ФИНАЛЕ.
Иако на почетокот Италијаните никој не ги сметаше за фаворити на ова ЕП,а управо во таква ситуација они се најјаки,тоа го покажаа вчера против Германија и неслучајно сега се наоѓаат во финалето. Голем РЕСПЕКТ до сите до еден што истрчаа вчера, го оставија срцето на теренот и покажаа пример како се игра за репрезентација.
ФОРЦА ИТАЛИЈА:)
:love:
 
Па многу јасно дека ќе биде бесен,се опуштија на крај како мали деца. Имаа шанси да ги докрајчат,да дадат уште 1-2 гола кога излегоа на центар германците,а они се лигават офсајд прават,не си подаваат и како да не биде бесен. Добро е што се се заврши како треба и сега на ред е ФИНАЛЕТО!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom